UEFA Champions League - Season 2021/22

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?

  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па и фан клуб Челзи плукаше по Жоржињо со месеци претходната сезона за глупите грешки ала Фред кои отвараа гол шанси на противниците, а тука го претставувате како да е Чаби Алонсо.

Што ако бил дете Гринвуд, има повеќе голови од етаблирани напаѓачи во ПЛ. Во што е Хаверц подобар од него? Не е и Хаверц дете? Едниот е 20, другиот 22.

Не знам зошто терате ваква глупава и непотребна дискусија најискрено. Кажав некоја страна поназад, пак ќе кажам, потекот на октомври сме, нема теоретска шанса од сега да знаеме кој би можел или не би можел да земе ЛШ.

Челзи беше 8ми во ПЛ (или тука некаде) пред Лампард да јаде клоца некаде во декември. Што ви говори тоа? Дека имале тим кој може многу повеќе, но на менаџерот до тука му биле знаењето, искуството и лимитот.

Знам кога го избркаа Лампард имав една дебата со @RATM, мое мислење беше дека требаше да го остават уште една сезона барем со оглед на тоа што со едвај една сезона во Дерби како менаџерско искуство го превзема Челзи, што очигледно беше преголем залак за него. Муабетот на РАТМ беше, Лампард си го заврши неговото во клубов. Го држеше во живот за време на транасфер банот, зема млади и талентирани играчи и пополни некоја дупка во тимот, сега е на ред да дојде некој што може да извади максимум. И тоа се случи.

Според мене Челзи и Јунајтед имаат слични тимови. Челзи дефанзивно нема некои индивидуалци, освен Азпиликуета, кој е еден од најпотценетите играчи според мене и Тиаго Силва кој е веќе во години и не игра баш редовно. Но разработениот систем очигледно им работи заедно со Канте во средината. Во Манчестер од друга страна со Ван Бисака (кој дефанзивно е најдобриот бек во лигата веќе неколку сезони), Варан, Мегваер и Шо срамота е да кажеш дека имаш само еден ебан клин шит на 10тина меча во ПЛ и ЛШ сезонава и тоа ниту еден со некој посериозен конкурент.

Во дефанзивниот дел од средина Челзи е дефинитивно многу подобар, и индивидуално, и на терен. Нормално, они машина во Канте, Јунајтед го има мочкото Фред кој упорно си игра прв тим веќе сезона ипол. И секако, Жоржињо е подобар и далеку поискусен фудбалер од Мектоминеј.

Ако го споредуваме офанзивниот дел од средината, Погба и Бруно индивидуално се (барем за нијанса) подобри од било кој и да го уфрлиш од тимот на Челзи. Маунт е играчиште, но му фали константност и мислам дека сеуште не е доволно зрел сам да решава утакмици како што тоа го прави Бруно во Јунајтед. Со Погба сите знаеме проблемот, и иако е екстра талентиран фудбалер, дечкото нема психа да игра на највисоко ниво секој викенд и тоа е тоа. Сериозно се плашам дека тука му е максимумот.

Во напад и двата тима имаат огромен потенцијал и млади фудбалери кои тек треба да се развиваат. Факт е дека Рашфорд потфрлува последниве 2 сезони и многу сакам да видам каков ќе се врати после операцијава. Марсијал мислам дека полека но сигурно ги пакува куферите, треба само да му се најде купец. Гринвуд е еден од најдобрите фудбалери од неговата генерација, Роландо и Кавани имаат искуство и фудбал во нозете колку цела навална линија на поголем дел од екипите низ Европа. Сачно има спор почеток, но дечкото не изиграл ништо лошо - едноствано Јунајтед моментално не го игра брзиот фудбал кој му лежи на него и од авион се гледа дека сеуште не е уигран со добар дел од соиграчите. Но движењето со и без топка му се сосема коректни и 100% сум сигурен дека ќе биде одличен трансфер.

Челзи, како и Јунајтед го имаат Лукаку во шпицот, и неколку млади и талентирани играчи во Хаверц, Вернер, Хадсон-Одои. Секој од овие досега имал по некој блескав и по некој очаен момент, но секој од нив исто така има и огромен простор за напредок. Вернер треба да си ја среди главата пред се, Хаверц од друга страна телото. Плус Зијеч, за кој искрено и немам некое мислење.

И сега, прашањето ми е... каде е Челзи толку поквалитетен на терен од Јунајтед? Истиот Челзи со послаб тренер изгледаше 3 класи подолу од тоа што изгледа сега. Истото ќе биде и со Јунајтед кога ќе сменат тренер што очекувам да биде некаде на сред сезона. А до тогаш да се надеваме дека ќе ја преживееме групната фаза, па здравје на пролет буквално се може да се случи во ЛШ.

На погрешно место си го адресирал постов. Јас не терам никаква дискусија, само индиректно му кажав на Џони дека пишува скандалозни работи.
Не влегувам во бесполезната дебата ,,кој има подобар ростер" и да споредувам играч по играч како ментален.

Ботом лајн, Јунајтед нема за една класа подобри играчи од Челзи. А членот токму тоа го тврдеше. Една цела класа.
За другото може да се разовара. Ако ме прашуваш мене, секако дека Манчестер има добар состав со уште подобри поединци и со асален тренер состав што може да освојува.

Патем, кога ќе подвлечеме, точно е дека тренерот има огромен импакт врз она што се случува на терен и крајните резултати. Но, на крајот од денот, можеме и како меродавно (за мене и најмеродавно) да го воочиме и датумот од минатата сезона кога двете екипи го одиграа последниот меч. Челзи, според Џони за една класа послаб тим од Јунајтед, 2020/21 ја заврши на 29-ти мај со големо сребро. Па сега...
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Не фала нека си остане у Италија преферирам напаѓачки фудбал има други манацери.
Седииии, демек Оле игра ултра атрактивен напаѓачки фудбал а Конте се по 1-0 победува.
Конте со овој тим, цела сезона да го води Манчестер, загарантирано 80+ голови ќе има Манчестер.
Еве лани Манчестер Ј. со Оле постигнал 73 голови, сезоната претходно ниту 70 не дале. Интер со Конте 89, а сезоната пред 81. Челзи со Конте кога освоија постигнаа 85 голови.
Да речеше Диего Симеоне, ок, ќе имаше смисла. Конте игра претпазлив фудбал ама воопшто не е дефанзивен. Конте сака да воспостави контрола врз играта и многу пасови помеѓу одбранбени и голман + задњи везни, ама со напаѓачи како Роналдо, Кавани, Рашфорд, Санчо сигурно ќе бидат многу поефикасни отколку со Оле.
Јас не можам да сфатам некој да е за Оле а да е против Конте.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Не фала нека си остане у Италија преферирам напаѓачки фудбал има други манацери.
Друже Конте да дојде сега во Јунајтед ќе биде најдоброто нешто што му се случило на клубов по заминувањето на Ферги.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Друже Конте да дојде сега во Јунајтед ќе биде најдоброто нешто што му се случило на клубов по заминувањето на Ферги.
Јес да јас го почнав муабетот за Конте, малку и на шала, ама како иде мртвилото со Солскјер дури и Перикле не би бил лоша варијанта. Проблем е што ќе товари мрсен договор а од 1-2 сезони нема да се истрпат ни тој со Јунајтед ни Јунајтед со него. Иначе ако дојде он ќе треба и Видал да го купуваме упм :D
А дека во Јунајтед треба нешто да се мења, треба! Само не верувам дека тоа ќе го прават во текот на сезоната.
 
Тоа дека ќе ве изгори за плата, сигурен сум.
Шампион е во Англија и во Италија со две екипи, си отиде од Интер како победник и има цело право да бара огромна плата.
Со оглед на тоа на какви играчи им давате огомни плати, Конте барем ќе си ги оправда парите со тоа што ќе внесе победнички менталитет, изграден стил и филозофија на игра, секој играч ќе знае која му е позицијата на теренот и задачите за време на натпреварот, ќе се отараси од мртвилото во тимот и целокупно ќе ја подобри хемијата на екипата.
Со еден збор, ќе внесе тренерско искуство во оваа екипа на Јунајтед, нешто што премногу им треба во моментов.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.527
Поени од реакции
7.116
Друже Конте да дојде сега во Јунајтед ќе биде најдоброто нешто што му се случило на клубов по заминувањето на Ферги.
Не се сомневам дека ќе донесе успех и стабилност човекот е победник и дава резултати неможеш да ја поцениш неговата работа во Интер и Челзи, во Јуве постави династија што ретко кој ќе му ја засени.
Газдите нема да го подржат во целост како што правеа со претходните менаџери.
И како што реков не ми се допаѓа неговата игра дава резултати али бе сум фан на дефанзивно настроен фудбл.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.563
На погрешно место си го адресирал постов. Јас не терам никаква дискусија, само индиректно му кажав на Џони дека пишува скандалозни работи.
Не влегувам во бесполезната дебата ,,кој има подобар ростер" и да споредувам играч по играч како ментален.

Ботом лајн, Јунајтед нема за една класа подобри играчи од Челзи. А членот токму тоа го тврдеше. Една цела класа.
За другото може да се разовара. Ако ме прашуваш мене, секако дека Манчестер има добар состав со уште подобри поединци и со асален тренер состав што може да освојува.

Патем, кога ќе подвлечеме, точно е дека тренерот има огромен импакт врз она што се случува на терен и крајните резултати. Но, на крајот од денот, можеме и како меродавно (за мене и најмеродавно) да го воочиме и датумот од минатата сезона кога двете екипи го одиграа последниот меч. Челзи, според Џони за една класа послаб тим од Јунајтед, 2020/21 ја заврши на 29-ти мај со големо сребро. Па сега...
Не го адресирав до тебе, туку сакав да кажам дека имав дискусија со тебе на тема Челзи и Лампард, кога Лампард доби отказ. Не ми беше тагот директно за да те вклучам во споредбата на Јунајтед и Челзи.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
По мене, Оле е најслабиот тактичар во ПЛ, заедно со сите околу него, и ова го кажувам без трошка заебанција.
Не постои тренер што не му оддржал лекција до сега.
Јунајтед има играчи што знаат да играат фудбал, ама ќе видиме до кога ќе се трпи неписменоќата на норвежанецов.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Ќе квичите кога ќе ги побара Ицо и Запакоста место Ван Бисака и Мегваер. :D
Мозес резерва десно крило и ќе го сруши рекордот за трансфер на дефанзивец во ПЛ, за Алонсо од Челзи. :D
Плус, Санчо го гледам како одличен потенцијал за десен винг бек.

Иначе, @Трибиани има до некаде поента. Јунајтед има супер квалитетен тим. Очигледно е веќе дека Оле е кочница на тимов. Подобар тренер, може до голема титула и со овој ростер, или барем сериозно да игра за една од нив.
 
Член од
4 октомври 2021
Мислења
29
Поени од реакции
67
Јас ти пишам за играчки и квалитативен капацитет што вервам дека ќе ме разбериш...барем тебе те сметам за разбран чоек и мислам дека ќе ме разбериш шо пишам...Санчо ако нема покажано не значи дека не знај да игра...чекај полека нова средина,нов клуб..треба време да се воигра...ова не е дугме па ајде од сега за утре веднаш ќе гази.

Се понашате како 1 месец да пратите фудбал и професионалниот фудбал да е како Про Еволушн на PS5
Ти најде со кој да расправаш вакви теми. Не гледаш дека се собрани неколку тенгала кои врв на продуктивност им е да ставаат смешни и тажни реакции.

За нив во секој момент Челзи прави најдобри потези во светот на фудбалот, имаат најдобра управа, сите трансфери им се погодени, имаат најголем број таленти. Кога го испушија за Лукаку и го зедоа Мората тоа беше одличен потез на управата на Челзи, сега кога го вратија за ненормална сума, повторно е одличен потег, разбираш?
Иако Јунајтед има две подеднакво добри постави на напаѓачи и секој нормален познавач на фудбалот ќе каже дека само Кавани и Роналдо и со една нога се подобри од цел напад на Челзи заедно. но нема врска.

А од друга страна можеби и се во право, севкупно земено Челзи се подобри од Јунајтед, а разликата ја прави број на ретарди во фан базата (а и кој нормален би навивал за нив). За право и на тоа поле се ослабени во последно откако ги напушти @dragonsky.
 
Оh, no. Anyway.

20211006_170325.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom