Грешка у чекори.
Истиов пост прво го пишав по грешка у темата ЛШ мислејќи дека се работи за оваа тема, па некој од модераториве може да го избрише од темата Лига Шампиони сезона 2010-2011.
Сега го копирам овде каде што му е местото.
Haters gonna suck.
Него утакмицава, би требало да гледаме одличен натпревар, сепак играат најдобрите и најконстантните тимови последниве години, меѓу другото и статистиката го покажува тоа. Барса трето финале во последните 6 години, Манчестер трето финале во послените 4 години.
2009 Манчестер беше фаворит на хартија а Барса го освои трофејот. Оваа година Барса го има тој примат, Барса е фаворитот, па затоа фаворитската улога во овој двомеч не треба да се земе како некој репер за победа. Шансите според мене се 50-50.
Манчестер 2009 имаше посилем тим од сегашниот во однос на индивидуланите квалитети кај поединечни играчи, тука пред се мислам на Роналдо и Тевез, али сега тимот е далеку покомпактен, играат како целина колективно, даваат 100% од своите можности на битните утакмици, имаат страшно брза трансформација од одбрана во напад и тоа е тоа што највеќе ме плаши.
Претпоставувам дека играчите на Манчестер ќе вршан силен и константен пресин на одбраната и на средниот ред на Барса со што би се оневозможило играчите на Барса долго да ја има топката во своите нозе а со тоа и помалку употребливи топки до Меси, Педро и Виља.
Овој натпревар неможе да се типува, и двата тима си имаат предности и слабости, мислам дека денот кај поедини играчи, мотивацијата и спортската среќа ќе бидат главен фактор за победа на едниве или другиве.