UEFA Champions League Final : F.C.Barcelona - Manchester United F.C.

Кој ќе победи во финалето во ЛШ ?

  • Барселона

    Гласови: 111 49,8%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 112 50,2%

  • Вкупно гласачи
    223
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.568
Поени од реакции
4.231
Остајте ги другите тимови...Барса и Манчестер се во финалето,другите ќе гледаат :tv:
Во право си доста за Мурињо и Реал ова е тема за финалето во ЛШ помеѓу Маснчестер и Барселона:smir:
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
prikaznata so real odamna e zavrsena, mu kazavme deka sme mnogu svetlosni godini pred niv :)
sega trebe da se fokusirame na finaleto vo LS
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Да де, може слободно Барса да игра балет ако нејќе да и прават остри стартови, ако ти никогаш не си го гледал Матераци или Гатузо јас сум ги гледал, и Пепе во споредба со нив е Дева Марија, само што порано заради Матераци не се организираше групна глума, од косачот на тревата до Алвеш, преку резервниот голман. Не се вадете на еден играч, тој ќе си добие црвен ако направи остар старт али јас колку што видов он во 60 минути, не доби никаков картон, туку доби црвен за глума. Не знам, обично кога се праат крвнички стартови одма се дава жолт картон, ама овој не доби... не знам... не сме гледале иста утакмица...


Пишав погоре, Пепе си е приказна за себе како што е и Бускетс во Барса, никој не ги правда фаулите, али во фудбалот секогаш биле, и секогаш биле санкционирани, додека глумата ја измисли Барса,ама не обичната, организираната, а таа глума никогаш не доби казна, Интер можеше да испадне лани само заради глумењето на Бускетс а он не доби никаква казна зашто изнуди црвен картон. Споредбено, Ето оваа година удри играч без топка, судијата не виде а потоа доби 3 натпревари казна, значи за удар се добива казна и по натпревар, а за глума јок...
Тоа ми е поентата.

Ај, со среќа у финале, не дека ќе ви треба :)
Човече,сега се криви судиите?
Џони Вајсмилер(кој впрочем е фан на интер а и фудбалски судија по професија) пишеше колумни овде за тоа зошто беше оправдан црвениот.Со Интер никој не оспори дека безпотребно беше даден црвен.Али гледај ја и реалната страна (во тој дуел беше и Барселона оштетена со голот од офсајт на милито и чистиот поништен гол на Бојан па никој не се бунеше-значи неможеш да тврдиш дека биле потпомогнати од судии бидејќи нанесената оштета беше обострана).

За глума? Пепе си доби црвен за неговиот старт.Е сега зошто бускетс не доби казна е исто како јас да се прашувам зошто Роналдо,Ди Марија,Руни... не добиваат казни за глума? Немој само да гледаш на Барселона во тоа прашање,сите глумат па не добиваат казна за таа глума.

Ако Барса ја измисли организираната глума ондак Мурињо го воведе организирано карате во фудбалот.И што требаше организираното карате да добие пред тој меч т.е каква казна требаше да следи после таквите стартови во Ла лига мечот на Бернабе?
Каква казна требаше да следи после глумата на Марсело за пенал кој воопшто не постоеше?

Споредбата Пепе=Гатузо или Матераци баш и не ти е на место(да е некој построг судија ќе санкционира,други ќе даде само жолт-зависи од судијата).Но факт е дека за такви стартови во секој момент може да се даде црвен и никој ништо да не замери.

И да размисли малку:Алвес се врти 360 степени во рок од милисекунда,на трева со 8 мм големина и крампови закачени длабоко во земја и притоа успева во тоа без да дејстувава никаква сила на него :nesum:.На ова би се чудел и самиот Ајнштајн.

Поз:smir:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Човече,сега се криви судиите?
Џони Вајсмилер(кој впрочем е фан на интер а и фудбалски судија по професија) пишеше колумни овде за тоа зошто беше оправдан црвениот.
Нема смисла да тераме понатака, Џони има 20 години(+/-), за мене не е релевантен, ама ете за тебе ако е он убаво рече: ако отишол со намера Пепе е црвен картон, а ако ти и он сте му биле во главата на Пепе и знаете дека било намера да удри, тогаш е црвен, ако не, е грешка на судијата. Друго, ако Пепе сакаше да го удри ќе му ја скинеше ногата, ако јас сум улетан и играчот стои укопан во место и сакам да го удрам, верувај дека нема да го промашам. Исто Џони викаше за сличен старт на Сантон дека било црвен со Рома кога Сантон доби жолт, али и тогаш Сантон немаше намера да удри и доби жолт, слично како Пепе само што он не го ни удри, само кај Сантон судијата оцени правилно, кај Пепе судијата подлегна на глумата, а Џони суди по книги :)
Друго, јас сум играв фудбал повеќе од 5 години, знам што е фаул, знам што е глума, знам што е намерно, знам што не е намерно.
 

SenoraRamos

Tu voz - nuestro sentimiento!
Член од
20 март 2011
Мислења
191
Поени од реакции
108
[video]http://www.tv3.cat/videos/3541993/Villa-prova-punteria[/video]
Виља тренира за финалето. :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Јас не знам како не ве мрзи сеуште да се расправате за поминати дејствиа за кои се има дискутирано безброј пати тука на форумот и никогаш немаше согласност помеѓу фановите..дај искулирајте малце и ако коментирате искоментирајте за натпреварот нешто...како мислите дека ќе се одвива,каква од прилика ќе биди поставеноста на двата тима,која ќе биди идеата на двата тренери за овој натпревар,како Манчестер ќе пристапи на овој натпревар односно како мисли со Валенсија и Парк да ги пробие непробојните и одличните Алвес и Абидал(Пујол),како мисли да ги ротира Гигс-Руни-Парк за да се спречи офанзивата на Барселона предводена од Чави и Бускетс,дали ќе игра Флечер или Карик??...Дали ќе има директно маркирање на Месси со Фабио или Евра??..Како едноставно фергусон размислува за овој дуел мене прилично многу ме интересира бидејќи јас не гледам друг начин за спротиставување на оваа Барселона освен она што го направи Челзи во 2009 и Реал Мадрид во првото полувреме од финалето на купот на Шпанија..(есктремно трчање,бркање и покривање на сите играчи на секоја педа од теренот и пооштра игра од страна на средните играчи за да не му се довзоли на шпанскиот механизам силно да делува на противничката половина)...значи по оваа логика Флечер би требалод а настапува(освен ако не е повреден) и евентуално ќе добива директна помош од Парк,Гигс и Руни..(тука се Андеесон и Карик)..а Валенсија ќе биди пробојното шило од десната страна каде ќе добива помош од Фабио(?)....од моја перспектива натпреварот би требало да заврши од нула до два гола бидејќи не верувам дека Пеп односно Барселона веднаш ќе тргне безгалво во напад бидејќи Гвардиола знае дека си има работа со старото магаре САФ кој знае да ја искористи најмалата грешка на противникот, а и Манчестер е таков тим кој има силни карактери во составот и кога се во неповолна ситуација знаат да се извлечат...

Клучни играчи според мене:
Барселона:Меси и Педро
Манчестер:Валенсија и Руни

Сите знаеме дека шпанскиот механизам во средниот ред на Барселона е предмногу креативен и пред се технички поткован и цела концетрација на Јунајтед ќе биде во тој дел од теренот..проблемот кај црвените е тоа што исто така за противникот ќе го имаат најдобриот Линоел Меси каде има способност да нанижа неколку играчи и од невозможни ситуации да постигне гол(во превод секој отворен контакт со топката на Аргентинецот е пола шанса),друг проблем кај Јунајтед е тоа што ќе мора да нападни од десната страна кај Валенсија бидејќи тој му е најподвижен,најпробоен и најагилен играч во тимот и сигурно тоа Пеп го знае и тука во нападот ќе дејствува со Педро (а сите знаеме какво гнасно копиле е тој играч(од фудбалски аспект),односно овој играч може да постигне гол во секој момент и во 100% шанса е непогрешлив,знаејќи дека исто така и тој е есктремно брз играч),
Мислам дека и нема потреба да се прават кој знае какви анализи пред време за овој натпревар знајќи дека се работи за финален натпревар и пред се за фудбал односно се игра со топка...можеби веднаш да паднат два гола во првите десет минути и натпреварот да се заврти 360 степени до крајот...
Уште еднаш мој тип: 0-0,1-0(за Барселона),1-1!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Шансата на Манчестер ја гледам преку брзите крила и одличниот одбрамбен тандем Видиќ-Фердинанд.
Не верувам дека Фергусон повторно ќе усере тактика како што направи 2009-та.

А кој ќе победи, баш ми е гајле, 2 тима што најмногу ги мрзам играат финале, кој и да победи, фудбалот ќе изгуби.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
А кој ќе победи, баш ми е гајле, 2 тима што најмногу ги мрзам играат финале, кој и да победи, фудбалот ќе изгуби.
Изјава на деценијата. Ти мора да си некој стручњак. Фудбалот ќе изгубел, оооооо Боже,
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.817
Поени од реакции
11.441
Завист ти е заебана ствар. :icon_lol:
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Шансата на Манчестер ја гледам преку брзите крила и одличниот одбрамбен тандем Видиќ-Фердинанд.
Не верувам дека Фергусон повторно ќе усере тактика како што направи 2009-та.

А кој ќе победи, баш ми е гајле, 2 тима што најмногу ги мрзам играат финале, кој и да победи, фудбалот ќе изгуби.
таман да те пофалам еднаш нешто паметно да кажиш и на крајот пак ја усра работата :pos2:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.645
Поени од реакции
22.716
Кој и да победи, фудбалот ќе изгуби.
Да, за жал. :(:( После ова финале ништо веќе нема да биде исто. Се ќе биде на полошо.:(
Дај направате и некоја група на фб. Да се собереме 5 души да го одложиме финалето, за да не го изгубиме фудбалот.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Не знам што се чудите олку кога читате цитат од фан на Реал или Интер,сосема логично...Најљубоморни фанови нема да најдеш никаде,фан на Интер зборува 10 сати за меч кој нема никаква врска со него,со Интер или со Италија,нцнц.Ама ако ако,има време и за вас интераши,чим не се случе крајот на светот пред 3 дена,ќе уживате и вие на некое ваше финале,после некои 60 години:baeh:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Шансата на Манчестер ја гледам преку брзите крила и одличниот одбрамбен тандем Видиќ-Фердинанд.
Не верувам дека Фергусон повторно ќе усере тактика како што направи 2009-та.

А кој ќе победи, баш ми е гајле, 2 тима што најмногу ги мрзам играат финале, кој и да победи, фудбалот ќе изгуби.
Така е, требаше Арсенал да биде финалист, така фудбалот многу ќе добиеше.

За натпреваров искрено ме мрзи да пишувам, сите знаат како игра Барселона, тоа е нешто што Пеп не го менува зашто совршено функционира, но во финалето ги чека големо изненадување... Барселона е фаворит, но тоа воопшто не значи дека ќе победи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom