Не знам јас приказни. Да погледнеме во фактите.
Генерациски исти. Варан е четирикратен освојувач на ЛШ, исто така и дел од актуелниот светски шампион во националното натпреварување (каде не е во тандем со Рамос)
Варан е 9 сезони дел од Реал Мадрид, од кои 6 стандарден стопер. Мегваер до вчера не знаевме дека постои, пошто беше дел од клуб од пониско рангирана лига.
Или да бидам попрецизен, кога Варан ја освои првата ЛШ, Мегваер беше дел од третолигаш.
Како стоиме сезонава?
Се согласувам дека вчера допре дно за сите пари. И мене ме извади од такт, ама секој има лош ден.
Реал сезонава ја заврши со 25 примени погодоци, немам проверено но ова е сигурно најмалку во последните 20-30 години за Реал. Варан одигра 32 натпревари во кои Реал прими 21 гол. Секако ова е тимска заслуга, но и Варан е дел од тој тим.
Во што е подобар Мегваер од Варан освен во плата?