„После војна, сите се генерали.“
Е сеа,
добро бе мме, очекуваше некој Симеоне да тргне офанзивно и да се надигрува со Ливерпул на сред Енфилд ?
Симеоне го победи Клоп во овој двомеч.
Перфектен голман, одлична дефанзива, чекаше, се потроши Ливерпул, си даде 3 гола за непуни 30 минути на сред енфилд, паметни измени, умерена игра на резултат... БРАВО. Секоја чест. Овој Атлетико ме потсеќа на Интер и Челзи.
Клоп од друга страна - „сам себе утепал“.
Некој стварно треба да му објасни дека играч не може 90 минути да трча нон стоп. Кога почнаа продолженијата ми стана јасно дека најверојатно Атлетико иде даље. Јас не сфаќам ЗАШТО после голот на Фирмино Ливерпул уште толку се отвори... Место да калкулира, малце да намали со пресингот уште у второ полувреме, па има 1:0, чекај, остај простор да се отвори Атлетико малце, чувај си ги Салах, Мане, Боби... И не, не ви е само Адриан крив. Крива е целата одбрана. Не може ти на 3 наврати да оставаш 2јца играчи не покриени во ЛШ. Јас не знам што правеа ВВД, Робертсон, Гомес и ТАА ама заебаа на крај тоталка. Не е Адриан крив што ВВД и Гомес оставаат Љоренте тотално отворен да си прими топка, да си се намести ко чоек и да си погоди без проблем. А коа сме кај Адриан, тука Пул си ја заеба работата лани, кога цел Јули и Август си спиеше на тоа уво дека освоија ЛШ и дека ги имаат Салах, Мане и ВВД. Па у 2 месеци успеаа како Шампион на Европа да го донесат едино Адриан - 2 голман на Вест Хем. Место да си засилат таму каде што очајно им требаше - Одбрана, Резервен Голман...
Само една работа, Атлетико игра „анти фудбал“, „мртов фудбал“... па добро, нели е срамота на Енфилд од тим што игра анти фудбал и мртов фудбал да примите 3 комада за 20 минути ?
Од 110 миниту во напад само 2 гола да дадете?
Клоп направи голема грешка и тоа е тоа. Си го лапна немиен на домашен терен. Симеоне перфектно сталожен, се одлично пресметано си го доби двомечот на тактички план.
(фан на Интер тука бтњ)