Uli Hoeneß
Präsident
- Член од
- 6 август 2010
- Мислења
- 14.573
- Поени од реакции
- 26.741
Losa memorija imas, ama sfakam.
Што сфаќаш бе Игорче? Каква лоша меморија? Па така беше. Ројс од Гладбах тогаш одби да оди во Баерн поради Рибери и Робен кои беа хит тогаш и едни од најдобрите офанзивни крила. Тоа беше бум во Бундеслигата кога Баерн го донесе и Робен и ги имаше двајцата играчи. Во тоа време Бундеслигата беше уште послаба и Баерн не правеше големи трансфери, но со тие двајца играчи тоа беше бум, ново поинакво освежување и возбудување во Бундесот. Посебна класа играчи. Млад беше Ројс тогаш и поради поголема минутажа се одлучи да оди во Дортмунд. Што е толку тешко тоа да се прифати без разлика што си фан на Дортмунд. Исто како сега некој млад играч, офанзивно крило кој има голем потенцијал да одбие да оди во ПСЖ поради Нејмар и Мбапе бидејќи би имал мала минутажа и нема да дојде до израз. Исто и тоа дека се појави во тоа време Геце што го нарекуваа германскиот Меси и дека беше тој прв таргет на Баерн зашто секогаш сакаа најдобрите германски играчи да играат за Баерн. Па и Ројс дека се повредуваше често и отсуствуваше подолго време по повеќе пати па поради тоа ги пропушти и СП и ЕП за Германија. Што е тука лоша меморија?.Што е толку тешко да се согласиш со реалноста што беше и која што е. Медиумите и експертите вработени по спортските телевизии што кренаа галама како тоа Баерн купуваа играчи од Дортмунд нели беше така. Па и тука на тој форум само колку се збореше на таа тема. Илјадници коментари на таа тема само тука се испишани. Толку притисиок им направија на управата на Баерн тие медиуми, новинари, експерти што Румениге почна јавно да излага со изјави дека нема ниту да се обидат Пулишиќ да го купат кој подоцна се појави и беше хит. Исто како сега Санчо кој е хит. Само за да ги смири останатите луѓе кои толку се “загрижија’ за Дортмуд, а истовремено Дортмунд ги продаваше Кагава и Шахин надвор од Германија и кои не ни успеаа да се вклопат во тие клубови каде што беа продадени за да после пак ги враќаат.