Маци-
ragazzo pazzo
- Член од
- 17 април 2007
- Мислења
- 6.184
- Поени од реакции
- 3.513
Одлично за Јуве ако играат вака во Торино.Тотенхем имаат примено 14 гола во последни 15 утакмици.Не. Играат со високо поставена дефанзивна линија, која прави офсајд замки. Имаат еден covering стопер, сега им е Дејвисон Санчез а кога е здрав тоа е Алдервилд, кој ги покрива пропустите на другите.
Играат ненормално висок пресинг и ретко отстапуваат од оваа игра дури и кога водат. Ретко можиш да ги видиш затворени во бункер и секогаш нападот го почнуваат од позади, нема долги дегажмани, нема долги топки. Немаат крила, играат 35-2 или 4-4-2 дијамант со Ериксен на врвот од дијамантот, а Дембеле заден везен. Бековите често им се исфрлаат напред, Дејвис и Трипие, посебно овој вториов има одличен центаршут и кој и да им е лев бек на Јуве треба добро на внимава на него. Дури и во отсуство на Ериксен тој ги изведува прекините.
Ливерпул пред 2 кола заради судиски глупости не ги доби, ама покажа во првото полувреме кој е лекот против Спарс. Висок пресинг на нивната дефанзивна линија, да не им дозволиш да ја играат нивната пас игра. Додатно, нивната дефанзивна линија, Даер и Санчез се склони на грешки кога се под притисок.
Заборавив да додадам дека играат одлична одбрана, дисциплинирана, можам да кажам дека Вертонген моментално е еден од најдобрите стопери во светот. Така да Јуве треба да е внимателен да не прими прв гол, оти после ќе го чека тешка задача.
Вака играше Јуве против Барса во Торино кога ги доби 3-0 и ништо вака да играат против Тотенхем ,како што читам дефанзивата им е најслабо оружје.
Јуве е тактичка најзрела екипа во европа и може да се прилагоди на секој противник што значи дека знаат да играат офанзивно кога треба и знаат да се бранат кога треба.Муабетите дека Јуве игра дефанзивно ги слушам со години и секад Јуве кога игра во нокаут фаза се избацуваат епл и ла лига фанови како играле дефанзивно ама статистиките покажуваат дека не само што Јуве има примено еден гол во 15 утакмици ама имаат дадено 61 гол во 24 утакмици,само Сити и ПСж имаат повеќе голови дадено.
14 примени гола од 15 утакмици.
Мене лично ми се свиѓаат многу како играат,физички и технички спремни се ама ок е не ги правете Сити а Јуве ко да се Милан или Интер.