UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Момци... Мое мислење е дека вечер Тотенхем тактички ќе изгуби... Дрти Хери нема да може глава да крене од мистер Лигњавко... Кога еден Ибра не можеше покрај мајсторот на прљавата одбранбена игра (читај лакт у фаца), не пак Влакнест факинг Кејн..
 
Мое мислење е дека Јуве вечер прима минимум 2 гола :coffee:
 
@Џони Вајсмилер, пријателе, дали знаеш колку е 90% шанси? Тоа значи дека Јуве треба да го згази Тотенхем со 3-4 гола разлика, за да се остварат твоите 90% кои ги даваш, а да не пројде со судни маки и да ми солиш памет овде како си бил во право.
Друга работа, човек да те чита ќе помисли ни еден тим во Англија нема добри БЕКОЈ. Дејвис и Трипие се повеќе од солидни сезонава, не за џабе се прв избор пред Орие и Роуз. Во одбрана се одлични, штета што им фали Алдервилд, одлични се со Вертонген и Даер (вака ја почнаа сезоната до повредата на Алдервилд, со тројца позади). Средината им е исто одлична, Дембеле, Даер, Ериксен и Али би требало да стартуваат цврста компактна средина и секој еден од нив е одлично технички поткован. Навистина Али е во катастрофа форма сезонава, ама не претерувај оти Тотенхем ќе играл со играч помалце.

Тотенхем е одлична екипа, тактички одлично подготвена (иако ги мразам од дното на душата :D) и на Јуве нема да му е лесно. И јас типувам Јувентус дека ќе пројде понатаму, ама двомечот ќе биде многу тесен и сигурно дека Јувентус нема 90% шанси за пролаз понатаму.
Можно е да игра Тоби, нејќеше да го форсира пребрзо против Арсенал. Против Њупорт си изигра :)
 
Не е ни во состав Тоби можи само на џојстик да игра

Мислам дека Даер ќе го стави назад со Ванјама-Дембеле средина а Сон на клупа

Премногу на екстремности се оди за дуелов, 90%-10% било за Јуве, со Деле Али како со играч помалце, Тотенхем давале минимум 2 гола незнам шо.. Реално ако збораме тиња меч ќе биди, ставајте се на Х и штиклирајте си, пуштете си Базел-Сити ако ви се гледа фудбал
 
Џонката сака малку да претерува, благ фаворит е Јувентус, коефициентите се погодени, нема вреднсот за кладење на овој меч. Инаку, општо правило е дека колку се поважни и попопуларни натпреварувањата коефициентите повеќе одговараат на реалноста. Овој натпревар како и сите од ЛШ се од букмејкерите измерени уздуж и попреко што би рекле Србите, нема шанса да најдеш вредност тука. Не значи дека не можат да се погодат, туку се бевредни за кладење.

Мое мислење е дека ако Тотенхем даде гол во Торино има реална шанса да оди понатаму, ако заврши 1-0 или 2-0, многу тешко. Со 2-0 скоро и да немаат шанса да поминат. Не дека ја открив Америка сега, ама горе долу така стојат работите.
 
Тактички никаква шанса немаат Тотенхем со Јуве. Треба некакви големи киксови да направат Јуве или да им се случи распад систем како во финалето против Реал второ полувреме, за Тотенхем да направат нешто. Англиска екипа да оди да чува резултат не може, бидејќи и не знаат. Мое мислење е дека ран енд ган фудбалот што го играат ќе им дојде ко порачан на Јуве, особено ако тргнат кокошките безглаво да дадат гол, ќе им чукнат 2-3 гола првава утакмица. Дури и минимална победа на Јуве без примен гол сигурно ги носи понатаму.
 
Тактички никаква шанса немаат Тотенхем со Јуве. Треба некакви големи киксови да направат Јуве или да им се случи распад систем како во финалето против Реал второ полувреме, за Тотенхем да направат нешто. Англиска екипа да оди да чува резултат не може, бидејќи и не знаат. Мое мислење е дека ран енд ган фудбалот што го играат ќе им дојде ко порачан на Јуве, особено ако тргнат кокошките безглаво да дадат гол, ќе им чукнат 2-3 гола првава утакмица. Дури и минимална победа на Јуве без примен гол сигурно ги носи понатаму.

Во кој паралелен Универзум Тотенхем игра ран анд ган?
 
translation:

nintchdbpict0003780269641.jpg
Chiellini.jpg
 
Во овај. Само трчај и шутирај, од тоа се состои воглавно англискиот фудбал.

А кога последен пат си го гледал Тотенхем? Пред распадот на Југославија, или година после тоа?
 
Јас не сум ги гледал многу.. Дај кажи на што им се базира играта на крила, нафрлања?

Не. Играат со високо поставена дефанзивна линија, која прави офсајд замки. Имаат еден covering стопер, сега им е Дејвисон Санчез а кога е здрав тоа е Алдервилд, кој ги покрива пропустите на другите.
Играат ненормално висок пресинг и ретко отстапуваат од оваа игра дури и кога водат. Ретко можиш да ги видиш затворени во бункер и секогаш нападот го почнуваат од позади, нема долги дегажмани, нема долги топки. Немаат крила, играат 35-2 или 4-4-2 дијамант со Ериксен на врвот од дијамантот, а Дембеле заден везен. Бековите често им се исфрлаат напред, Дејвис и Трипие, посебно овој вториов има одличен центаршут и кој и да им е лев бек на Јуве треба добро на внимава на него. Дури и во отсуство на Ериксен тој ги изведува прекините.

Ливерпул пред 2 кола заради судиски глупости не ги доби, ама покажа во првото полувреме кој е лекот против Спарс. Висок пресинг на нивната дефанзивна линија, да не им дозволиш да ја играат нивната пас игра. Додатно, нивната дефанзивна линија, Даер и Санчез се склони на грешки кога се под притисок.
Заборавив да додадам дека играат одлична одбрана, дисциплинирана, можам да кажам дека Вертонген моментално е еден од најдобрите стопери во светот. Така да Јуве треба да е внимателен да не прими прв гол, оти после ќе го чека тешка задача.
 
Последно уредено:
Ниту една англиска екипа не игра паметен тактички фудбал.


До пред некоја година која Јуве играше класично жабарски имаше лош скор против анличаните, све се мена после голот на Јакинта против Сити.


Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
@Scirea
Др е Сериа А ,друго е ЛШ.
Јуве ја немаат истата одбрана како минативе години,без разлика на статистиките.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom