UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не. Играат со високо поставена дефанзивна линија, која прави офсајд замки. Имаат еден covering стопер, сега им е Дејвисон Санчез а кога е здрав тоа е Алдервилд, кој ги покрива пропустите на другите.
Играат ненормално висок пресинг и ретко отстапуваат од оваа игра дури и кога водат. Ретко можиш да ги видиш затворени во бункер и секогаш нападот го почнуваат од позади, нема долги дегажмани, нема долги топки. Немаат крила, играат 35-2 или 4-4-2 дијамант со Ериксен на врвот од дијамантот, а Дембеле заден везен. Бековите често им се исфрлаат напред, Дејвис и Трипие, посебно овој вториов има одличен центаршут и кој и да им е лев бек на Јуве треба добро на внимава на него. Дури и во отсуство на Ериксен тој ги изведува прекините.

Ливерпул пред 2 кола заради судиски глупости не ги доби, ама покажа во првото полувреме кој е лекот против Спарс. Висок пресинг на нивната дефанзивна линија, да не им дозволиш да ја играат нивната пас игра. Додатно, нивната дефанзивна линија, Даер и Санчез се склони на грешки кога се под притисок.
Заборавив да додадам дека играат одлична одбрана, дисциплинирана, можам да кажам дека Вертонген моментално е еден од најдобрите стопери во светот. Така да Јуве треба да е внимателен да не прими прв гол, оти после ќе го чека тешка задача.

Одлично за Јуве ако играат вака во Торино.Тотенхем имаат примено 14 гола во последни 15 утакмици.

Вака играше Јуве против Барса во Торино кога ги доби 3-0 и ништо вака да играат против Тотенхем ,како што читам дефанзивата им е најслабо оружје.

Јуве е тактичка најзрела екипа во европа и може да се прилагоди на секој противник што значи дека знаат да играат офанзивно кога треба и знаат да се бранат кога треба.Муабетите дека Јуве игра дефанзивно ги слушам со години и секад Јуве кога игра во нокаут фаза се избацуваат епл и ла лига фанови како играле дефанзивно ама статистиките покажуваат дека не само што Јуве има примено еден гол во 15 утакмици ама имаат дадено 61 гол во 24 утакмици,само Сити и ПСж имаат повеќе голови дадено.

14 примени гола од 15 утакмици.

Мене лично ми се свиѓаат многу како играат,физички и технички спремни се ама ок е не ги правете Сити а Јуве ко да се Милан или Интер.
 
Чекај ги збуна сеа со факти.
 
Се тоа убаво ама Покетино не е менаџер што фура една игра цело време. Со Реал и Дортмунд искочи дефанзивно и остави они да диктираат темпо, така да ништо чудно и сега тоа да го направи.
 
Се тоа убаво ама Покетино не е менаџер што фура една игра цело време. Со Реал и Дортмунд искочи дефанзивно и остави они да диктираат темпо, така да ништо чудно и сега тоа да го направи.

Тогаш ќе умриме од досада и ќе видиме 0 од фудбал.
 
Тогаш ќе умриме од досада и ќе видиме 0 од фудбал.
Јуве како домакин ако не проба да нападне вечерва доколку Тотенхем им ја остави топката, воопшто нека не одат во Лондон.
 
Јуве како домакин ако не проба да нападне вечерва доколку Тотенхем им ја остави топката, воопшто нека не одат во Лондон.
Ќе видиме, долга е нивата за двата тима.
 
Ја со нетрпение го чекам дуелов, највеќе ради Покетино.
Јувентус е еден од најдобро спремните тактички екипи во Европа а Тотенхем има играчи кои што фудбалски може да му парираат на секој тим. И поради тоа, оваа е одлична можност за Покетино да излезе на голема врата како сериозен менаџер кој што нема проблем да се надигрува со никого и покрај притисокот.

Досега има покажано на еден куп натпревари дека може да се надигрува и тоа не е спорно, ама кога станува збор за клучни натпревари каде што треба да се одолее на притисокот и да изигра на резултат додека е во Тотенхем, не ми текнува да има добиено натпревар. Токму затоа, ова е вистински тест, испит или како сакате наречете го, да покажи на јавноста дека созрева како менаџер. А мислам ќе има и голем број на извршни директори кои што ќе го скаутираат на двомечов.
 
Juventus XI: Buffon; De Sciglio, Benatia, Chiellini, Alex Sandro; Khedira, Pjanic; Bernardeschi, Douglas Costa, Mandzukic; Higuain

Tottenham XI: Lloris (C), Aurier, Sanchez, Vertonghen, Davies, Dier, Dembele, Eriksen, Dele, Lamela, Kane.
 
Нема да го имам задоволството Џони да биде демантиран од Трипие :(. Ризично некако ми е со Ламела од старт и со четворица во одбрана, али сигурно Покетино знае што прави доста подобро од мене.

upload_2018-2-13_19-55-9.png
 
Де Шиљо бе.... ако Трипие и Дејвис според Џони се слаби бекови тогаш Де Шиљо е непостоечки поим за нив , дно е човекот .
 
Ламела наместо Сон, си игра со оган овој, ама ај може има некоја замисла.
 
Ламела наместо Сон, си игра со оган овој, ама ај може има некоја замисла.
Подобар е Ламела еден на еден против дефанзивец и против тим кој што игра со концепт. Ќе мора да створат вишок со индивидуален потег. Ваљда очекува да играат повеќе со топка. Офанзивна прва постава, како и да е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom