Фантастична утакмица на ПСЖ. Колку беа дисциплинирани, фреквентни и мотивирани.
Ди Марија, каков мајстор!
Барса беше ужасно спора и статична, не можи веќе без брзина, прегазени беа на средина. Суарез одсечен, Бускетс и Гомес преслаби и незаинтересирани, Иниеста и Меси полошо никогаш не одиграле.Нејмар и нешто се трудеше... Ракитич е генерално поквалитетен и посмирен играч од Гомес и многу фалеше.
Енрике е главен кривец за ова, бидејќи играта на Барса не личи на ништо веќе подолго време. Прво беше се остаено на МСН, а ова сега е полошо и од тогаш кога триото не функционираше. Измените катастрофа, пристапот на играта катастрофа.
Секоја чест за Емери, бидејќи ја заслужи оваа победа. Ова е најјак тим кој го води во својата кариера и направи историски резултат. Се виде и против Атлетико колку простор остава помеѓу линиите Барселона, исто и вечерва се покажа, а Емери одбра баш такви играчи кои го искористија тоа максимално. Доктор!