Истото можеме да го кажеме и за Јувентус ако гледаме така, иако делуваат беспрекорно во Италија, 2 порази од Милан, пораз од Интер, на сите појаки утакмици чкрипеа, демолирани од Џенова, неколку пати и они се вадеа со килави победи.
Во ЛШ неубедливи со Севиља, малце фалеше пак да зијанат прво место у група, еве и со Порто не беа којзнае колку убедливи, требаше противникот со црвен картон да им асистира за да отворат резултат.
Ко да забораивте изгледа како играа Атлетико на почетокот коа им дадоа сто гола на Селта и Сосиедад. Јас сум убеден дека Чоло се откажа од Примера после тие неколку кикса кај што губеа бодови, Реал им се одлепи а и самите се свесни дека пак ќе извисат во потенцијална трка со Реал и Барса, уште ЛШ му фали на човекот со Атлетико и годинава фрлија све на една карта на ова натпреварување.
Сакам да кажам, не е никаква глупост ако кажеш дека Атлетико е подобар од Јуве или обратно. Глупост е ако ги лупнеш Сити, Јунајтед, Борусија на пример.
Пак ќе повторам, Јуве и Атлетико моментално се во топ 5 екипи, заедно со Барса, Баерн и Реал, секој секого може да победи тука.