Дел бој се понашаш како да напишал дека Леганес се појаки од Јувентус.
Како што Атлетико не можеше да ги задржи Коста и Фалкао, така и Јувентус не можеше да ги задржи Погба и Видал. Па го пишал Манџукич демек им го зеле, што нема врска, исто како да напише некој сега дека Наполи им го зел Игуаин на Реал.
Како што се вртат шпекулации за Гризман се вртат и за Дибала. Освен Реал, Барселона и Бајерн никој нема таков луксуз, да е 100% уверен дека неговите играчи нема да си одат. И не, не е само до финансиите.
Но, времињата се менуваат, да гризеше Челзи овој трансфер рок за Коста курац ќе го земеа. Исто е случајот со Јувентус, од позајмен Мората стигнаа до 90 милионски напаѓач. Што не значи дека сега се појаки, зашто имале повеќе пари за трансфери.
Во Атлетико влезе кинески капитал, а и имаат нов стадион, така што не се воопшто слаби на финансиски план, како пред 3-4 години, напротив се повеќе се јачаат. Засега се под Реал и Барселона, но доколку продолжат вака паметно да играат на пазарот, се е можно.
Конкретно за годинава, проблемот се јави со повредата на Аугусто. Тиаго и Томас не се на нивото кое е потребно, така што им фали физички јак играч како партнер на Коке/Габи. Дуото Коке-Габи не ја дава стабилноста во одбрана неопходна за стилот на Атлетико. Што не значи дека не се супер играчи.
Тука нивната управа ја направи една од ретките грешки, зашто не вложија сериозни пари за првотимец на таа позиција.
Всушност имам впечаток дека самата управа потпадна под влијанието на шпанските медиуми, дека Коке мора да игра како средњак, а не лево каде играше претходните сезони и беше одличен. На крајот, после повредата на Аугусто и самиот Симеоне мораше да го прифати тоа што се обидуваше да го наметне управата.