UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...


  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.838
Поени од реакции
17.788
И За година дена да стигнал до таа бројка никогаш Суарез нема ни приближно да е добар како Феноменот. Едини играч по фудбалски квалитети кој може се спореди е само Меси и никој друг.
Роналдињо ? (збораме за квалитети како играч индивидуално)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.457
Поени од реакции
39.122
И За година дена да стигнал до таа бројка никогаш Суарез нема ни приближно да е добар како Феноменот. Едини играч по фудбалски квалитети кој може се спореди е само Меси и никој друг.
Никаде не ни реков дека е подобар , само споредувавме бројки. Споредба со Меси? Класи се у питање во корист на аргентинецот , не ни планирам да влегувам во ваква дискусија така да ...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Никаде не ни реков дека е подобар , само споредувавме бројки. Споредба со Меси? Класи се у питање во корист на аргентинецот , не ни планирам да влегувам во ваква дискусија така да ...
Колку што ми е познато Роналдо примадоната има повеќе голови од Меси у своја кариера, дали тоа го прави класи подобар од него во моментов? Фудбалот најмалку е статистика.
 
C

Castiel

Гостин
Никаде не ни реков дека е подобар , само споредувавме бројки. Споредба со Меси? Класи се у питање во корист на аргентинецот , не ни планирам да влегувам во ваква дискусија така да ...
Не се класи воопшто. Предноста што ја има меси е дека има среќа да нема повреди и останува здрав цела кариера за разлика од дебелиот роналдо.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.639
Поени од реакции
10.399
Suarez go sporeduvaat so najdobriot shpic vo istorijata na fudbalot.

Do kaj otide svetov u pichku mater ...
А оти Суарез не е еден од најдборите на сите времиња??? Па на ова ниво што игра од 2013 наваму ретко кој шпиц играл.. Роналдо никогаш не склопи неколку добри сезони со ред заради повредите..

Играчки квалитети ако споредуваме нормално нема споредба пошто Суарез нема некоја брзина или дриблинг или којзнае каква атрактивна игра.. Роналдо беше најкомплетниот напаѓач на сите времиња.. Е сеа кариери ако споредуваме и да го ставиш Роналдо број еден шпиц, Суарез е дефинитвно топ 10 ако не и топ 5.. Сепак муабетот не е за 'до кај отиде светот'


Суарез ќе му освоеше сам титула на Ливерпул Џерард да не слипнеше.. Роналдо многу подобри екипи на Интер само до УЕФА купот ги носеше.. Никаков успех во ЛШ немаше пред да стигни во Реал
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Суарез ќе му освоеше сам титула на Ливерпул Џерард да не слипнеше.. Роналдо многу подобри екипи на Интер само до УЕФА купот ги носеше.. Никаков успех во ЛШ немаше пред да стигни во Реал
Нема титула со Реал у ЛШ шо значи дека никаков успех немал со Реал.

Он и Ибра се ваљда едни од ретките класа шпицови шо не освоиле ЛШ, еве за Ибра се е можно пошо уше игра ама тешко.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.809
Поени од реакции
44.126
Погледнете табели од Ла Лига во периодот во кој играше Роналдо за Реал. И Барса и Реал постигнуваат по 70-80 голови. Барса неколку пати не оди ни над 65.

Тоа што напаѓачите на овие тимови имаат вакви бројки се должи само на Меси-Роналдо ривалството. Пишав и пред некоја година кога се правеше муабет дали Роналдо во ПЛ ќе ги имал истите бројки, тешко, многу тешко. Се погодија Барса и Реал, најголеми ривали со по еден од двата најдобри играчи во фудбалот. И нормално, почна да се игра за публика, за медиуми, па овој ќе руши еден рекорд, другиот ќе руши друг, па двајцата ќе се јадат за трет.. Не за џабе им измислија 300 награди, па церемонии ала Оскари на доделување на златна топка итн, итн. Дури многу еднодимензионален го направија фудбалот, тоа не ми се допаѓа, иако им се погоди и падот на екипите од ПЛ, но Барса и Реал имаат освоено ЛШ 4 пати од 2011 навака, 1/4 финале немаат испуштено, Реал можно и сите 1/2 финалиња да ги има играно. Додај го и Баерн во пакет со нив и кажете кога ЛШ била попредвидлива и послаба со изненадувања.


Суарез е играчиште, ама мислам дека има уште леб да јаде да стане величина ко дебелиот.. А статистички гледано и Педро и Нејмар се рамо до рамо со Роналдо, а реално се даалеку далеку зад него ко фудбалери.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.987
Поени од реакции
116.698
Индивидуално гледано ниту имало ниту ќе има напаѓач како феноменот. Е сега, можеме ние да вадиме статистики колку сакаме, ќе извадиме може едно 1000 фудбалери со подобри статистики од него, што титули што голови што индивидуални награди, али она што го играше феноменот е нешто ненормално и нечовечки. Нешто слично е сега и Меси само нели он не е шпиц, а Роналдо беше шпиц и поразличен играч од Меси. И ден денес Неста не може да спие навечер од хоророт кој му се дешаваше пред дваесетина години, и самиот има изјавено дека Роналдо е единствениот играч за кого нема идеја како да го задржи. Штета што повредите му ебаа матер, и ден денес кога ќе ми искочи она клипчено како се повредува против Лацио онака црева ми се превртуваат.

Суарез е страшен играч, ќе биде запаметен како еден од најдобрите напаѓачи во модерното доба, али индивидуално не може ни да присмрди до феноменот.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И ден денес Неста не може да спие навечер од хоророт кој му се дешаваше пред дваесетина години, и самиот има изјавено дека Роналдо е единствениот играч за кого нема идеја како да го задржи
Михајловиќ вика, иде Роналдо а ја и Неста сами у одбрана. :D
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.457
Поени од реакции
39.122
Колку што ми е познато Роналдо примадоната има повеќе голови од Меси у своја кариера, дали тоа го прави класи подобар од него во моментов? Фудбалот најмалку е статистика.
Меси е 2 години помлад , ќе ги сумираме кога ќе завршат и двајцата со кариерите.

Статистика постигнати голови , асистенции , придонеси за тимовите во кои играат , освоени трофеи , индивидуални награди , ова е тоа по кое што се одредува шо друго? И Меси и К Роналдо се подобри фудбалери од Роналдо фемоменот. Единствена дамка во кариерата шо ќе ги следи е неосвоено СП , особено на Меси кој имаше финале и го изгуби.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.748
Поени од реакции
22.961
Нема споредба помеѓу феноменот и Суарез.
Суарез е веројатно најдобрата 9-ка во моментот, ама Роналдо феноменот беше многу повеќе од само 9-ка. Знаеше да земе топка на центарот, да продрибла 5-6 играчи и да даде гол. Еден од најдобрите играчи воопшто.

Како што рече @Castiel , по стилот на игра и квалитетите, Роналдо може да се споредува само со Меси од денешните играчи.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.283
Поени од реакции
13.263
Никаде не ни реков дека е подобар , само споредувавме бројки. Споредба со Меси? Класи се у питање во корист на аргентинецот , не ни планирам да влегувам во ваква дискусија така да ...
Прав си.Класи е подобар Роналдо дебелиот од Меси.Нема споредба

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
C

Castiel

Гостин
Меси е 2 години помлад , ќе ги сумираме кога ќе завршат и двајцата со кариерите.

Статистика постигнати голови , асистенции , придонеси за тимовите во кои играат , освоени трофеи , индивидуални награди , ова е тоа по кое што се одредува шо друго? И Меси и К Роналдо се подобри фудбалери од Роналдо фемоменот. Единствена дамка во кариерата шо ќе ги следи е неосвоено СП , особено на Меси кој имаше финале и го изгуби.
К. Роналдо е страшен играч нема збор за тоа, ама дури и он во аспект на фудбалски квалитети е зад Феноменот. Само Меси би можел да се спореди. Тргни настрана статистики и трофеи. Различен тип на фудбал се игра сега во однос на дебелиот што играше. Денес повеќе све е за маркетинг и шоу за публика да не споменам што светска класа дефанзивци на рака се бројат за разлика од порано кај што ги имаше во изобилство. Не дека К.Роналдо и Меси против нив не би постигнувале голови ама далеку би биле зад овие бројки што им се денес.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.679
Поени од реакции
14.562
Лол за Суарез, а Лева има постигнато 100 гола за Баерн на 136 меча. На Герд Милер му требале 123...

Лева > Суарез у секое време и место
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom