Со ова трио напред и со врвна форма на Чави и Иниеста можеби ќе се успееше да се помине ваков резултат, но и така ќе беше ептен тешко, но со оваа средина која сезонава буквално не постои, со Бускетс полош и од првата сезона кога го викавме Трајче, со Иниеста кој единствените добро одиграни минути му се оние 20 против Реал у второ кога влезе, со Гомес и Денис кој што ништо не покажаа, со Рафиња кој реално не може да направи разлика на терен, само со Ракитич како единствена светла точка во средниот ред, не може да се очекува чуда да се десат.
Дури и Меси да има некоја луда партија како онаа против Арсенал 2010-та кога им фукна 4 комада на Кампот не може да очекуваш пресврт знаејки колку лесно прима голови овој тим од посериозни екипи.
Траба ептен многу работи да се поклопат за да се деси некое чудо, треба ПСЖ да
излезат буквално без, Ди Марија, Верати, Дракслер, Рабиот, да примат некој брз гол, па да се има некои минимални шанси, вака пресвртот се граничи со научна фантастика.
Е сеа, како фанови нормално дека се надеваш на некое чудо, но тоа е едно а реалноста е друго.