Ако се навратам 7-8 месеци наназад по коментарите има некои фанови тежок сеир да јадат за силата на Манчестер Сити,кога пола форум ги направија на рамниште на Барса/Баерн и Реал и биле спремни за чекор понапред

...повеќе од пола тим му е над 30 години со просечни и истрошени играчи едвај се мачат во мизеријата Премиер лига да фатат 4-та позиција а некои тука како 
@Syn (намерно те тагнав бидејќи тебе те паметам дека пишуваше за нив) ги направија класа екипа...па во 5-то коло сите ги направија Шампиони кога имаа 5-0-0

..чекајте малце господа ,долга е нивата за орање
Ги купија Де Брујн и Стерлинг и тука се испонашавте како Меси и Нејмар да ги купија,а цела одбрана сосе средина што му е за во отпад тоа е друга работа,арно залежаните Динамо Киев му паднаа иначе малце да беа во натпреварувачки ритам којзнае дали ќе поминеа...сега против било кој ќе му биди тешко и му давам само 10% да поминат понатаму освен ако не му паднат Бенфика и Волфзбург