UEFA Champions League 2015/2016

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
CL.jpg
Се ближи почетокот на новата сезона од групната фаза на најелитното натпреварување во Европа, Лига на Шампиони. Ова ќе биде 61ва сезона од натпреварувањето, 24та откако беше ребрендирано. Вкупно 78 тимови се учесници, од вкупно 53 различни асоцијации. Од нив, само 32 имаат можност да учествуваат во групната фаза. Првото коло од групната фаза ќе се изигра на 15ти и 16ти септември. До тогаш, останува да ги дознаеме групите и да дискутираме за нашите очекувања за новата сезона.

Оваа година, домаќин на финалето кое ќе се одигра на 28.05.2016 ќе биде стадионот Сан Сиро во Милан.

1921990_w2.jpg
Актуелен шампион се Барселона кои во финалето го победија Јувентус со резултат 3-1. Сè уште ниту еден тим ја нема одбрането титулата откако се одржува по новиот формат од 1992, па пред почетокот на секоја сезона се поставува прашањето дали токму сега шампионот ќе успее во тоа.

FC-Barcelona-2015-UEFA-Champions-League-Winners-Wallpaper-by-Estoenlinea.oem_.com_.mx_.jpg

Почнувајќи од оваа сезона, воведени се неколку нови правила:
  • Шампионот од Лига Европа добива место во групната фаза доколку шампионот од ЛШ има обезбедено пласман и со лигашката позиција, или пак во плејоф доколку шампионот од ЛШ нема обезбедено место и преку позицијата во лигата.

  • Претходниот лимит од четири тимови од една асоцијација е зголемен на пет со што доколку шампионите од ЛШ и ЛЕ се од една од првите три асоцијации (но не од истата) и завршат надвор од топ 4, тоаш на тој што завршил на четвртата позиција не му се одзема правото на учество, како што беше до сега. Но, доколку шампионите на ЛШ и ЛЕ се од иста асоцијација и завршиле надвор од топ 4, тимот кој завршил четврти се префрла во Лига Европа.

  • Има промена во пополнувањето на садовите за извлекување на групата фаза. Од оваа сезона, во првиот сад ќе бидат сместени шампионите од првите седум асоцијации, плус актуелниот шампион, а доколку тој е и шампион во домашното првенство (како што е случајот со Барселона сезонава), тогаш се додава и шампионот од осмата асоцијација. Во вториот, третиот и четвртиот сад се распоредуваат останатите учесници според УЕФА коефициентите.


Па така, според сите нови правила, вака изгледа распоредувањето на тимовите:

CNXOzGVWIAAGxJi.jpg
Извлекувањето на групите ќе се одржи утре (27.08.2015) во 18:45. Ќе имаме прилика да го видиме неповторливиот Џани Инфантино кој повторно ќе не потсети на добро познатите правила при извлекување на групите, па нема потреба да ги пишуваме сега.


Па, кои ви се очекувањата за вашиот тим сезонава? Кои противници би ги сакале во групната фаза? Кои се фаворитите оваа година?

Еве го и интрото за новата сезона:

 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Договорено беше од Валенсија да отворат...
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Волфсбург :confused: кој ли ќе биде несреќникот само
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.944
Поени од реакции
25.213
Може да се паднат и ПСВ, Леверкузен, Динамо Киев и Малмо
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Мислам дека секој би сакал да го добие ПСВ како противник од првиот сад, а да го избегне Волсфург од четвртиот.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Моја желба за групата на Барса

Барса
М. Јунајтед
Олимпијакос
Д. Загреб
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Можна група :
Јувентус
Манчестер Сити
Севиља
Волфсбург

:D
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Кој тоа договорил? :)
Во фан клуб Барса


И дај нека испаднат барем 2 шпански клуба во групна фаза... без врска ми е вака.
Па уште и кога ќе ги вкрстат во следна фаза, катастрофа. Како една година 5 Ел Класика што гледавме :D
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Кој тоа договорил? :)
http://forum.kajgana.com/threads/
Овде прочитав . :)[DOUBLEPOST=1440625884][/DOUBLEPOST]
И дај нека испаднат барем 2 шпански клуба во групна фаза... без врска ми е вака.
Па уште и кога ќе ги вкрстат во следна фаза, катастрофа. Како една година 5 Ел Класика што гледавме :D
Фуфка а ? :свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom