Барселона победува дури и кога губи !!! (Мрсулите на Филе, навивач на Лацио)
Заврши уште една сезона за најдобриот клуб на светот.
Пред неколку дена неуспешно заврши националното првенство.
А сега, неуспешно и Лигата на шампионите. Барселона загуби нови трофеи.
Меси скоро со сигурност ја загуби и „Златната топка„ за оваа година.
Можеби ќе ја загуби и „Златната копачка„.
Загуби ФКБарселона.
Загуби оваа најуспешна генерација во деценијава која освои се` што можеше да се освои и ги постигна сите можни светски фудбалски рекорди.
Загубија една сезона.
Но, не ја загубија играта.
Не го загубија фудбалот или ако сакате, не ги надиграа.
Фактички и статистички загубија, но Барселонизмот доби многу.
Барселонизмот е најголемиот победник. И никој нема да може да го победи и понатаму. Аплаузите на Камп Ноу го покажаа точно тоа. Сто илјади народ аплаудираше за голот на Торес и веднаш потоа запеа во еден глас во поддршка на Блауграна. Торес го знае тоа, иако малку чудно им беше на самите фудбалери на Челзи зошто не ги свиркаат. Не се навикнати, затоа што најчесто „платениците„ натпреварот го гледаат само низ призмата на парите. Денес тука, утре „некаде другде„. А симпатизерите на Масиа се секогаш тука и знаат дека пак ќе се вратат.
Барселонизмот нема да го победи никој во Европа ниту во следните години.
Иако, Алвес е во падната форма, Иако Пике е деконцентриран, иако без Чави фит не може да се игра, иако Куенка и Тељо го немаат сеуште искуството, иако Иниеста ја има исто така својата форма во пад за разлика од лани и да не набројувам понатаму.
Меси не е семожен. А и кога е, очигледно некои фрустрации, како оваа последната дека нема постигнато гол против Челзи е повеќе „работа в глава„ отколку на терен.
Загубија затоа што „се победија„ самите себе.
Не изиграа на ниво и не можеа да победат.
Не ги победија.
А тие пак, фудбалски ги победија сите големи клубови, сите фудбалски философии и сите фудбалски школи.
Спомнете си или пробајте да најдете еден тим во Европа, посебно од оние кои стигнаа до своите трофеи (или кои ќе стигнат) да изиграле натпревар со 10-мина или 11-мина од сопствената фудбалска школа.
Нема да најдете.
Никаде во Европа меѓу фудбалските гиганти.
Тоа е победата.
Тоа е успехот, кој повторно ќе се врати.
Кога и да е..
Затоа што се работи долгорочно и во големи интервали.
Не се создава инстант екипа.
Нема Универзилактикос.
Има само свој производ, создаван чекор по чекор, ден по ден.
Тоа е тимот кој ги загуби титулите оваа сезона, но доби уште повеќе на мотивација.
Сопствените деца да го свртат последниот лист и да започнат нова страна, повторно со голема буква.
Барселонизмот низ Европа уште долго ќе трае.
Ла Масиа победува, без оглед што оваа сезона со помалку трофеи, а можеби и без ниту еден....
П.С.
И пак ќе го спомнам муабетот од пред некој ден.
Кога последен пат разговарав со него, пред да замине за Катар, главниот координатор на сите категории во ФКБ скоро две децении, Алберт Бенаиџес, ми рече нешто што ќе го паметам: „тоа што го направи Иниеста тогаш беше одлично, но нам само еден противник скоро никогаш не ни одговара. Тоа е Челзи. Уште 10 пати да играме, можно е 9 да ги загубиме. Имаат брза игра, цврста средна линија, одлична одбрана која игра во двата правци. Имаат неколку поливалентни фудбалери и знаат да направат одличен пресинг. И вертикално и хоризонтално. Добро ја познаваат нашата игра и знаат да се бранат високо. Се` што нам не ни одговара.„ Но тоа беше пред стартот на сезонава. Сега Алберт е во Катар и таму работи за развој на фудбалот од националнен интерес на оваа земја. Пеп тоа за Челзи многу добро го знае, бидејќи ПРО Лиценцата ја има добиено токму кај него, на неговите предавања. А токму и негови деца се Фабрегас, Иниеста, Чави, Меси итн...Алберт пред 7 дена му посака и среќа, а исто и на Иниеста со кој се скоро постојано „на телефонска линија„. Јасне се видов со него овојпат, но сега знам дека „неговите зборови вредат богатство„.Алберт беше во право со неговото учење кое ми го пренесе и мене. За жал, точно и прецизно
Ова се мрсулите на Филе...чоеков е очаен !! Толку објаснување а ништо да не кажеш е дело на очајник ... ако не се лигавел додека го пишувал ова ја еве ....