UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Вечер ќе гледаме дуел на екипи со жешко ривалство и нерасчистени сметки. Моите Челзи(заради кој сум скинал тренерки од клизање по паркет од радост на мечот со Ман (Ј), од времето на Ѕола, Џими Флојд, Густаво Поетот, Денис Вајс, заврши 3-3, и сум го имал можеби најгласното дерење после голот на Дрогба од скоро пола терен против Евертон за 3-2) и Барса(која сум ја гледал во живо и за малку ќе не истепаа навивачите на Левски со еден другар зошто малку се насмеавме кога Барселона даде гол). Го имаат изиграно еден од најубавите натпревари во Лондон, 4-2 за Челзи, и еден од најконтроверзните(најблаго кажано), 1-1, со тој гол од никаде на Иниеста.
За овој двомеч на сите ни е јасно како стојат работите. Барса е поквалитетна, Челзи ќе надополнува со мотив за враќање на долговите. И двата тима ќе имаат слабости, за Челзи тоа ќе биде како прилично спората одбрана да се справи со брзиот напад на Барса, посебно со Меси кој меѓу Тери и Кејхил мислам дека може да направи многу штета. А Барса мака ќе мачи со нафрлени и долги топки, посебно кон Дрогба. Челзи ако сака да победи ќе мора да одигра совршено во средина, Барса ќе мора да биде поефикасна пред голот.
Едвај чекам да гледам, како и да е, срцево ќе биде поштедено барем до финалето од “ЛШ такихардија“( во меѓувреме “серија а такихардија“, “примера такихардија“...:))
Нека победи подобриот, и најмногу сакам да не мора да се спомнува судијата, и го отупев, и ондак то.
 
Иначе вечер очекувајте некој сумлив старт во шеснаесетникот на Барселона веднаш да биди санкциониран со пенал..и сигурно ќе биди тоа нешто само Челзи треба да стигни некако до шеснаесетникот...

Јас иако сакам Барселона да оди во финале сепак убаво ќе биди на пример тука да заврши Нерешено 0-0 а на Камп Ноу Барселона да има водство 1-0 и последна минута да му го чукни Торес голот и да ја извади маицата во стилот на Балотели Why Always Me....моментот ќе биди:drk:..само како ќе ги затни сите хејтери тоа чудо нешто:D
 
Формацијава на Челзи:facepalm:
0:0 точен резултат.
 
Реков јас нема да има многу голови.Тука некои се силат ќе се одмаздувал Челзи. За Челзи е "одмазда" и 1-0 дома и 0-0 на гости
 
Челзи, 4-2-3-1:

Чех​
Иванович - Кејхил - Тери - Кол​
Микел - Лампард​
Рамирес - Мата - Меирелеш​
Дрогба​
Барса, 4-3-3:​
Валдес​
Алвес - Пујол - Маскерано - Адријано​
Чави - Бускетс - Иниеста​
Санчез - Меси - Фабрегас​
 
Ме изненади офанзивната формација на Барса. На ваков меч според мене попаметно би било да го направат истото што и Реал го направи во Минхен, вака ќе гледаме многу контри од Челзи.
 
Очекувам добар натпревар само да не бидат у главна улога судијете и да не се покажуваат актерски способности него да играат фудбал зошто искрено ми се одмили да глем фудбал од такви ситуације
--- надополнето: 18 април 2012 во 20:31 ---
Очекувам добар натпревар само да не бидат у главна улога судијете и да не се покажуваат актерски способности него да играат фудбал зошто искрено ми се одмили да глем фудбал од такви ситуације
 
juan-mata-wallpaper-2.jpg


KTFBHH !

ваљда го погодив.
 
Ме изненади офанзивната формација на Барса. На ваков меч според мене попаметно би било да го направат истото што и Реал го направи во Минхен, вака ќе гледаме многу контри од Челзи.

1.Офанзивна игра од Барселона не е изненадување. Изненадување беше со Милан и малце подефанзивно со Кеита у средина.

2.Реал ништо не направи во Минхен со таа дефанзивна игра. Да играа офанзивно 2-3 ќе им дадеа на Баварците сред Минхен.

3. Челзи и контранапад - некако не ми иде.

пс. Ме плаши само Матео и неговара среќа у гз од кога е дојден во Челзи.

Visca Barca!
 
Уаа хејтери, џабе фудбал гледате на крајо пак судите че ви бида криви.. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom