G
grande-juve
Гостин
Вечер ќе гледаме дуел на екипи со жешко ривалство и нерасчистени сметки. Моите Челзи(заради кој сум скинал тренерки од клизање по паркет од радост на мечот со Ман (Ј), од времето на Ѕола, Џими Флојд, Густаво Поетот, Денис Вајс, заврши 3-3, и сум го имал можеби најгласното дерење после голот на Дрогба од скоро пола терен против Евертон за 3-2) и Барса(која сум ја гледал во живо и за малку ќе не истепаа навивачите на Левски со еден другар зошто малку се насмеавме кога Барселона даде гол). Го имаат изиграно еден од најубавите натпревари во Лондон, 4-2 за Челзи, и еден од најконтроверзните(најблаго кажано), 1-1, со тој гол од никаде на Иниеста.
За овој двомеч на сите ни е јасно како стојат работите. Барса е поквалитетна, Челзи ќе надополнува со мотив за враќање на долговите. И двата тима ќе имаат слабости, за Челзи тоа ќе биде како прилично спората одбрана да се справи со брзиот напад на Барса, посебно со Меси кој меѓу Тери и Кејхил мислам дека може да направи многу штета. А Барса мака ќе мачи со нафрлени и долги топки, посебно кон Дрогба. Челзи ако сака да победи ќе мора да одигра совршено во средина, Барса ќе мора да биде поефикасна пред голот.
Едвај чекам да гледам, како и да е, срцево ќе биде поштедено барем до финалето од “ЛШ такихардија“( во меѓувреме “серија а такихардија“, “примера такихардија“...)
Нека победи подобриот, и најмногу сакам да не мора да се спомнува судијата, и го отупев, и ондак то.