UEFA Champions League 2010-2011

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Лигата на Шампионите?

  • Вкупно гласачи
    171
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Според сликава, не ни има офсајд:toe:
 
Според сликава, не ни има офсајд:toe:
Па нема де, али според онаа мувла од коментатор имаше, и 80 минути тоа се потенцираше, па уште и викаше може ќе замерат некои фанови на Интер но ова е чист офсајд, Баерн е оштетен и остало ширење на ретардизам.

Две различни телевизии тоа го потврдуваат, алал вера на судијата што не крена знаме, ја искрено немаше да замерам во случајов без разлика што ќе скратеа 1 на 1 шанса со голман, ова е една од најсјебани ситуации за линиски судија.
 
Кога го гледав мечот во живо, неможев да приметам дури ни на успорената снимка дали има или нема офсајд ама сликава јасно покажува дека нема, така да Баерн не е оштетен. Плус, како што кажа Иосоно, после таа ситуација Баерн имаа 2-1 и тој гол дури и во ситуација да бил од офсајд не менувал ништо затоа што во моментот Германците водеа со вкупни 3-1 во двомечот. Вината треба да ја бараат во своите редови а не во судијата.
 
Вината треба да си ја бараат од оној момент кога се решија по Кан да поставуваат аматери на гол и индиректно да си ја плукаат својата легенда, вината треба да ја бараат од оној момент кога се решија по Лусио да состават одбрана од Демикелис, Ван Бујтен, Прањич, Брено, Бадштубер, Тимошчук кој бајдвеј е играч од средина и остали просекуси ...

Реков, и ќе повторам, таква одбрана ги прави лесен залак за екипа која негува напаѓачки фудбал, Интер во првиот меч изиграа пичкарски, денес имаа една единствена опција, да постигнуваат голови и да победат, затоа не е големо изненадување оваа нивна победа, победија екипа која само на хартија има одбранбени фудбалери, незнам со кој памет некој ги ставаше Баерн ко фаворити за ЛШ оваа сезона ради овој факт.
И Интер се далеку од тоа, никој не вели дека се перфектни и убер најдобри, само се потврдија анализите по првиот меч дека Интер не смее да игра дефанзивно против ваква екипа и дека истата ко булка ќе ја отворат ако запнат на напад со оној кадар со кој и располагаат, тоа и се случи, да биде филингот јебозовен, ова го направија сред Минхен.
 
Дали после тоа што и го направиа на Фиорентина (алудирам на офсајдот),имаат образ фановите на Баерн да коментираат како судијата ги оштетил???
Сами себе си се лицемери...
 
Дали после тоа што и го направиа на Фиорентина (алудирам на офсајдот),имаат образ фановите на Баерн да коментираат како судијата ги оштетил???
Сами себе си се лицемери...

Мене ми е ептан голем ќеф прво што Пандев како наше дете ги реши онака ладнокрвно, а после и ова ти што викаш за ланска сезона кога со Фиорентина поминаа како што поминаа, па после и со Манчестер среќа невидена имаја, па и црвениот картон на Рафаел со она гнасана Рибери...ете сега се им се врати. Ај вака барем поарно за нив, ако не од Интер ќе го јадеа после од Манчестер или ќе беа наполнети ко пред две години од Барса. Вака барем можат да се тешат 3-3 било во вкупниот резултат ама за малку не се пласиравме :pos: поради голови на гости .
 
Честитки до фановите на Интер и Манчестер.

пс:мене сепак ми се чини дека има офсајд.Како прво, линијата не е паралелна со таа од 16те,како второ,мислам дека се речуна секој дел од телото,а очигледно раката на Ето е понапред :toe:
 
Како прво, не е паралелна зашто не ни треба да биде.. ее за ова колку пати е зборено.. и као второ, се рачуна секој дел ОСВЕН раката...
 
Не знаев кај да го постирам видеово па ај еве тука, деновиве најпосетена тема е :)

На трач.ком изгледа најлоши се Италијаните, останатите знаат да напишат добра статија: http://www.goal.com/en/news/1716/ch...er-bayern-munich-was-one-of-the-all-time-epic

Патем, голот на Пандев е историски од причина што после цели 15 години една екипа која загубила на домашен терен прави пресврт. Последниот случај е Ајакс против Панатинаикос во 96'та.
 
Да бидиме реални..најдобар ЛШ дуел во последните години според мене е Челзи-Ливерпул во 2009 година кога Челзи го елиминираше црвениот тим од Енфилд со 7-5 вукпен резултат..!
 
Вината треба да ја бараат од оној момент кога се решија по Лусио да состават одбрана од Демикелис, Ван Бујтен, Прањич, Брено, Бадштубер, Тимошчук кој бајдвеј е играч од средина и остали просекуси ...

Полека за Бадштубер, да не се расправаме :icon_lol:

онтопик : во петок се извлекувањата за 1/4 финале?
 
Да бидиме реални..најдобар ЛШ дуел во последните години според мене е Челзи-Ливерпул во 2009 година кога Челзи го елиминираше црвениот тим од Енфилд со 7-5 вукпен резултат..!
Секој си има своја листа, во секој случај има 10-тина дуели за паметење а вчерашниот е сигурно еден од нив. Вчерашниот беше дуел со филмско сценарио. Како Роки против Иван Драго кога јадеше тон ќотек за да издржи се и во последната рунда магично да се врати и да го нокаутира противникот. Како оние кошаркарски или рагби филмчиња во кои губиш двоцифрено па правиш пресврт.

Така беше и вчера. Интер губеше 2-1, се редеа шанси пред голот на Цезар, се закануваше вистинска катастрофа. И после се случи чудо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom