Пошто се испостави дека не сум видовит

, а со тоа немам појма кои би биле паровите, само ќе пишам еден мој рејтинг на екипите кои се во четврт-финалето:
Баерн Минхен - комплетни до крај, и на тактички и на технички план и со константна форма
Реал Мадрид - не паѓаат подолу од Баерн, супер екипа, во добра форма се, ама имам чувство дека сеуште им фали некое делче од мозаикот
Барселона/ПСЖ - Барса се секогаш добри, но некако имаат пад во формата на некои од клучните играчи; ПСЖ се тука некаде со Барселона, можеби и за нијанса подобри и во солидна форма
Челзи/Атлетико - Челзи се добра екипа, Мурињо е (докажан) тактички гениј, ама екипата делува по малку незрело, тој спој на младешкиот ентузијазам со старото искуство уште не е целосен; Атлетико исто така е многу добра екипа, но со тоа што се во игра за трофеј во Ла Лига, на таа сметка можат да жртвуваат во ЛШ
Борусија Дортмунд - квалитетот е несомнен (и докажан), но премногу повреди имаа оваа година, а познато е дека после повреда играч потешко се враќа во препознатлива форма
Манчестер Јунајтед - за сите горенаведени екипи ова е најпосакуваниот противник, со право, жални се. Им падна најлесниот противник па пак се помачија (да имаа грците малку повеќе мадиња, за нив ќе пишував сеа). Во поглед на квалитет не се споредуваат, најслаби се, а и во поглед на стручен мозок се убедливо најслаби, Мојс е најочајниот тренер од сите други. Сепак, период на транзиција и обнова на тимот, многу и не може да се замери.