Толстој
екс Бомбастичен
- Член од
- 28 септември 2012
- Мислења
- 11.920
- Поени од реакции
- 11.947

Конечно, групите извлечени и се е спремно за да започне ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ 2013/14.
Ова е 59-тото издание од најголемото фудбалско натпреварување во Европа. Финалето годинава се игра во Лисабон, Португалија на стадионот Де Луиз кој има капацитет од 65,647 седишта.
Титулата ја брани Баерн Минхен, кој минатата сезона ги совлада Дортмунд со 2-1. Стрелци за Баерн беа Манџуќич и Робен а за Дортмунд Гундоган. Финалето се играше на Вембли пред 86.298 гледачи, а судија беше италијанецот Никола Рицоли.
32 тимови поделени во 8 групи ќе го дадат максимумот од себе и ќе направат се за да продолжат понатаму и да се борат за својот тим да стиге што подалеку. Еве ви ги и групите:

Македонија и годинава нема претставник во групите, откако Вардар отпадна во второто коло од Стеауа Букурешт со вкупен резултат 5-1!
Тоа е се, бујрум на дискусија сега!