UEFA Лига на шампиони 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Локација
Македонија
champions-logo3.jpg
Конечно, групите извлечени и се е спремно за да започне ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ 2013/14.​
Ова е 59-тото издание од најголемото фудбалско натпреварување во Европа. Финалето годинава се игра во Лисабон, Португалија на стадионот Де Луиз кој има капацитет од 65,647 седишта.​
Титулата ја брани Баерн Минхен, кој минатата сезона ги совлада Дортмунд со 2-1. Стрелци за Баерн беа Манџуќич и Робен а за Дортмунд Гундоган. Финалето се играше на Вембли пред 86.298 гледачи, а судија беше италијанецот Никола Рицоли.​
32 тимови поделени во 8 групи ќе го дадат максимумот од себе и ќе направат се за да продолжат понатаму и да се борат за својот тим да стиге што подалеку. Еве ви ги и групите:​
1176123_512610425489333_2092127746_n.png
Македонија и годинава нема претставник во групите, откако Вардар отпадна во второто коло од Стеауа Букурешт со вкупен резултат 5-1!​
Тоа е се, бујрум на дискусија сега!​
 
Кога барем отвараш тема направи соодветен вовед. Или тебе ти е само да ја отвориш.
Anyway, Баерн ќе ја одбрани титулата :icon_lol:
 
Кој ти даде на тебе тема за ЛШ да отвараш, најлоши воведи спремаш, полоши од тие на нигерот... :P

Оваа година Милан шампиони!
 
Групата Ф ќе биде многу интересна. :)
 
Воведот бил битен....исто ко да кажеш дека во книга предговорот е битен :)
 
не ни го едитирам, додадов само дека Баерн беше шампион од лани, го заборавив тоа кога праев тема.
 
Кој ти даде на тебе тема за ЛШ да отвараш, најлоши воведи спремаш, полоши од тие на нигерот... :P

Оваа година Милан шампиони!

Не ги вреѓај воведите на Нигерот !

Он да ја отвореше темава ќе беше ваљда во стил


"Че се игра лига на чампјони овја година па пишите нешто и то"
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom