Ubuntu HELP DESK!

W

wernstrom

Гостин
Сполај ви на одговорите. Уште нешто само: ова .iso фајлот, за да направам бутабилно цд од него (да инсталирам Ubuntu на пц кој нема друг оперативен систем), не треба да го отворам преку даемон, туку во таков формат да го изрежам на начин како што е објаснето овде?
Ubuntu .iso фајлот си е бутабилен, нема дополнителни чекори. Во програмата со која режеш цд-ња барај Burn ISO to Disc и тоа е. Битното е кога го вклучиш компјутерот во BIOS да подесиш First Boot Device да ти биде CD-DVD Rom.
 
S

Sagan

Гостин
Како, по ѓаволите, да инсталирам flash player за опера?

Пфффф... па нели убунту требаше да биде поедноставен од виндоус...
 
S

Sagan

Гостин
Како да наместам специфични букви како ѝ, ѐ, ѧ, ѣ... на mk keyboard layout?
На Windows 7 ги имаше првите две, овде фалат.
 
S

Sagan

Гостин
:pos:Луѓе, морам да речам дека Ubuntu 11.10 со Gnom е нешто прекрасно. Значи, толку е се раздвижено, што да му е мерак на човек да седне пред лаптоп. Има многу финтици кои на почеток изгледаат комплицирани, ама кога се сака да се научи нешто ново, све си бидува.

Самиот Ubuntu има еден куп програми кои лесно се преземаат и инсталираат од софтверскиот центар, а има и солидна замена за Photoshop. Можеби е малку напорно на почеток, додека се навикне човек, ама убавината е дека се учи нешто ново. Плус, системот е бесплатен и е open source, слободно може да се доразвива и усовршува.

Најубавото е што скоро и да нема вируси создадени да го нападнат овој систем, што го прави сурфањето безбедно. Јазикот и локацијата се Macedonia / Macedonian, а не како кај Windows, БЈРМ.

Најинтересното нешто е аголот Activities, чија убавина се гледа на видеото во втората секунда.
 
Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624

Не е разработено убаво.Што и да пуштев(ритхмбокс,gmusicbrowser,banshee,chromium) не дај боже да стискам по 3 пати или да скокам песна во било кој плеер одма се укочува.Затоа, бек ту 11.04. со златниот убунту класик.
 
Не сум имал проблеми со прескокање, ниту песни ниту филмови. Дури постабилно ми изгледа од BS во Windows.

А инаку имам проблеми само кога играм покер на фејс.
 
W

wernstrom

Гостин
Не е разработено убаво.Што и да пуштев(ритхмбокс,gmusicbrowser,banshee,chromium) не дај боже да стискам по 3 пати или да скокам песна во било кој плеер одма се укочува.Затоа, бек ту 11.04. со златниот убунту класик.
Го користиш на компјутерот што ти е во потпис? Најверојатно не си ги инсталирал драјверите на nvidia, оние што се proprietary бидејќи nouveau sucks. Ако ги имаш инсталирано провери дали имаш хардверски 3D acceleration - glxinfo | grep render.
 
Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624
Го користиш на компјутерот што ти е во потпис? Најверојатно не си ги инсталирал драјверите на nvidia, оние што се proprietary бидејќи nouveau sucks. Ако ги имаш инсталирано провери дали имаш хардверски 3D acceleration - glxinfo | grep render.
Ги имам немај гајле, оно пак заебава.И тоа со двата имам пробано, од хардвер драјверс тие рекомендед шо се и од нвидиа страната сум ги инсталирал тие.
 
Во тој случај немам друга идеја. Можеби проблемот лежи во самиот драјвер.
 
S

Sagan

Гостин
По пуштање на комп. се јавува порака:

error: couldn't read file.
error: you need to load the kernel first.
Press any key to continue...

и кревањето на системот се блокира.
Дури по третиот рестарт иде како што треба.
Некој предлог?
 
energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Unity FTW, Unity е иднината, работна околина која ќе биде прилагодена во наредните 2 години на телефони, таблети, паметни телевизори итн...
@Carl Sagan ова цело ли време ти се јавува?
1.Претпоставувам дека Убунтуто ти е инсталирано преку Вуби, ако е така обиди се преку овој линк
2.Најлесен начин да ти се среди тој проблем е да си го инсталираш програмот Boot-Repair
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ги имам немај гајле, оно пак заебава.И тоа со двата имам пробано, од хардвер драјверс тие рекомендед шо се и од нвидиа страната сум ги инсталирал тие.
Kaј мене тие драјвери на верзијата убунту 11.04 работеа одлично... но сега на верзијата убунту 11.10 истите тие драјвери (инсталирани се преку апдејт на ограничени драјвери ) ме дупат.. т.е. не можам да постигнам резолуција повисока од 480х 3.. и не може да го идентификува ни мониторот.. освежување на слика ..0...???????????????????????
што се не пробав, преку пакет менаџерот една по една ги пробав сите верзии за нвидиа драјверите, од за рива тнт па се до најновите и пак исто......
... ме фати инат и го инсталирав Debian линукс.. одпочеток ги фати препорачаните драјвери... но кога му направив аутоапдејт на Debian-от после рестартот пак исто со сликата.... упм... цела недела се заебавам со тоа... ќе ги фрлам тие компјутери, ионака се безвредни ама вршат добра работа у фирма за турање на секакви и од сегде УСБ-иња во нив.
... линуксот е инсталиран на постара Р4 2.6 .. НР бренд конфигурација и друга АМД 2200+ конфигурација, графичките се, ГФ 5500 и ГФ 6200...

...значи рикверц на убунту 11.04... ако некој нема попаметно решение.
 
Не знам по кој пат го постирам ова решение на разни форуми за истиов проблем но еве и сега повторно ќе го сторам истото :
Во терминал:​
sudo cp /etc/X11/xorg.conf /etc/X11/xorg.conf.bak​
gksudo gedit /etc/X11/xorg.conf​
потоа во празниот прозорец ќе треба да го внесеш подолу наведеното:​
Section "Monitor"​
Identifier "Configured Monitor"​
HorizSync 31-65​
VertRefresh 50-120​
EndSection​
Section "Screen"​
Identifier "Default Screen"​
Monitor "Configured Monitor"​
Device "Configured Video Device"​
DefaultDepth 24​
SubSection "Display"​
Viewport 0 0​
Depth 24​
Modes "1280x1024"​
EndSubSection​
EndSection​
снимаш и потоа правиш logout и си менуваш посакувана резолуција (y)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во терминал:​
sudo cp /etc/X11/xorg.conf /etc/X11/xorg.conf.bak​
gksudo gedit /etc/X11/xorg.conf​
...........................​
.............................(y)
Ова истото со успех до пред пола година пред да прејдам на Убунту го правев на
SUSE Linux Enterprise 10.3
Благодарам за трудот, но нешто во случајов не иде како што треба...

Повеќе не се заебавам со убунту 11.10.... без проблеми денес на компјутерите си инсталирав MINT 12... драјверите пројдоа без проблем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom