Ubuntu HELP DESK!

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
9
Доколку некој се реши да ја инсталира оваа дистрибуција, која ја препорачувам и има некакви проблеми. Shoot!

Воедно и оние што веќе можеби имаат инсталирано може да споделиме искуства.

Ако нема заинтересирани, админи, закључујте ! :)
 

Lea

Член од
19 ноември 2005
Мислења
152
Поени од реакции
2
Јас се решив!!!...
....уште пред една недела:)....
значи, ај сега кажи што треба прво да правам??? :lud:
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Од поодамна се канам да инсталирам Линукс. Никако да се престрашам. Собирам храброст. Имам резерва машани прво неа ќе ја пробам.
Стави неколку почетнички совети.
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
9
Почетнички совет, ако немаш постојана интернет конекција, заборави на инсталацијата. Сите пакети и апдетји идат преку apt-get, кој што линуксот директно си ги симиња од респoситорис листата (која што ќе обаснам понатаму како се апдејтира ако има потреба нормално:))

Значи тоа ти е прво правило.

Самата инсталација, е до толку автоматизирана, што значи нема да има потреба скоро ништо да интервенираш со тоа што првиот boot ќе биде се со генерички драјвери, после тоа се шминка, и затоа се сведува пак на првото..

Дури и да станува збор за дуал боот, само направи место на дискот за линуксот (ако веќе имаш инсталирано XP или нешто друго) грубот сам ќе си направи се (и ова ќе го пообјаснам подетално исто доколку има потреба)


значи да сумираме пред да почнеш!!!
No Internet Connection - DO NOT install Linux :)
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Јас почнав да го слегувам Дебијанот на 2 двд цедеа, стигна до 4.2 гб и ми падна АДСЛ-от за секунда, и не можев да го продолжам симнувањето. Ке заколев некого.

Него си порачав убунту цеде да ми стигне, ама колку е добро да инсталирам убунту пошто е само на 1 цеде? И дали еве некој би ми препорачал некој линукс за јака машина (п4-3 Гхз, 1мб кеш, 512 рам 200 Гб сата хард), пошо од толку линукси, појма немам кој да го инсталирам.

И ако може нешто детали за партициите. Да речеме за мене конкретно, имам две моментално, едната каде што ми е ХП-то (ц) 30 Гб и остатокот е другата. Е сега за линукс треба да направам уште две една 30 Гб (доволно ли е?) друга 600МБ (за линукс свап). Имам партишн меџик, мислам е најдобар за таа работа.

И сега, бутирам од ЦД и дали може да ми се случи нешто зезнато па да ми снема се од хард? Пошо кај и да читам за инсталација на линукс, вика сегде да пазам на хардот (бекапи, ово оно), а јас не знам дали можам да направам бекап на се, зашто тоа само на хард може да се смести.

И дајте бе некоја инсталација на повеќе цедеа, не можам да најдам нигде.
 

Vlad II Draculea

Грипосан Врабец
Член од
4 ноември 2005
Мислења
1.590
Поени од реакции
4
cYb3rc0re напиша:
Јас почнав да го слегувам Дебијанот на 2 двд цедеа, стигна до 4.2 гб и ми падна АДСЛ-от за секунда, и не можев да го продолжам симнувањето. Ке заколев некого.
Јас сум на Debian.. и прилично сум задоволен.. али колку што ги слушам колегиве Ubuntu бил закон... Че го пробам во иднина..не сега..пошто испити и глуости.. и ме мрзи да реинсталирам..башка то
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
9
Vlad II Draculea напиша:
Јас сум на Debian.. и прилично сум задоволен.. али колку што ги слушам колегиве Ubuntu бил закон... Че го пробам во иднина..не сега..пошто испити и глуости.. и ме мрзи да реинсталирам..башка то

Нема потреба да реинсталираш, затоа што Ubuntu е дете на Debian!

Debian и све што е негов дериват Rules!
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
9
cYb3rc0re напиша:
И ако може нешто детали за партициите. Да речеме за мене конкретно, имам две моментално, едната каде што ми е ХП-то (ц) 30 Гб и остатокот е другата. Е сега за линукс треба да направам уште две една 30 Гб (доволно ли е?) друга 600МБ (за линукс свап). Имам партишн меџик, мислам е најдобар за таа работа.

И сега, бутирам од ЦД и дали може да ми се случи нешто зезнато па да ми снема се од хард? Пошо кај и да читам за инсталација на линукс, вика сегде да пазам на хардот (бекапи, ово оно), а јас не знам дали можам да направам бекап на се, зашто тоа само на хард може да се смести.

И дајте бе некоја инсталација на повеќе цедеа, не можам да најдам нигде.
1. 30Гб е сосема доволно, ти направи чисто само место, не кажувај ништо на Partition Magic што да биде, односно не форматирај преку него. Значи направи "суров" простор од 30Гб во примеров.

2. Кога ќе бутираш од ЦД и кога ќе дојдеш до делот за партиционирање од самото убунту (сега зборам само за Ubuntu, со него е ова проверено и работи за другите дистрибуции НЕ ЗНАМ), значи кога ќе стигнеш до таму, ќе му дадеш опција Use avaliable space for Ubuntu или Linux, не ми текнува точно како беше, и тој сам ќе си направи и boot и filesystem и swap. Пред да заврши инсталацијата Grub-от без проблем ќе го детектира XP-to (MS Оперативниот систем) и сам ќе се конфигурира за dual boot. Сними го безбедно на First Boot Sector, и наредниот рестарт ќе имаш Dual Boot.

3. Тоа што убунту доаѓа на едно ЦД не го прави нешто "послаб" од другите. Останатите инсталации се сите во принцип на 1 ЦД, а останатите се пакети кои што во 95% од случаеви нема да ти требаат. А и доколку ти притребаат, сигурно има излезено веќе нова верзија која среќно можеш да си ја симнеш со apt-get install од net!!

I say go for ubuntu!

Единствено нешто што треба да се плашиш за backUp е моментот кога со партишн меџик ќе ја resize-зуваш партицијата да не тргне нешто на лошо. И дали инсталацијата што ја имаш на ЦД е проверена и успешна, дека ако пукне на пола инсталација на Линукс, пак е проблем. Податоците нема да ти бидат загубени, ама ќе се отвори дополнителна работа!!!
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Добра тема.. ај лајк ит (=

И јас сум веќе подолго време задоволен корисник на Убунту (благодарение на Џоги, којшто ме воведе во Линукс светот), така да ако ништо друго бар можам да се снајдам (=
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
moTaro, го слегнав Ubuntu Breeze 5.10.
Прочитав се шо најдов во врска со инсталацијата :). Го избрав лаптопот како експертиментално глувче. Прочитав дека Medion MD40100 e Линукс-Реди машина. Значи не забележав дека некој имал поголеми проблеми при инсталацијата на Линукс на тој тип на компјутер.
Е сега пак слично прашање во врска со партиционирањето:
Имам 3 партиции: C:[WindowsXP]-11GB, D:[Podatoci]- 16GB и E:[BackUp]-3GB.
Се канев за почеток Ubunu-то да го ставам на 3 гигабајтната партиција. Да проверам како работи(иначе во иднина нема да биде дуал бут, планирам целосно да го избришам икс-пето доколку ми фати око)
Дали е можно да ја започна инсталацијата веднаш на таа 3 гигабајтна партиција или ќе треба додатни манипулации и одделување додатен простор и креирање додатни партиции.
 
Член од
10 октомври 2005
Мислења
9
Поени од реакции
0
moTaro напиша:
директно си ги симиња од респираторис листата (која што ќе обаснам понатаму како се апдејтира ако има потреба нормално:))
Респираторис ? Изгледа мислиш на repositories, ова респираторис многу ме потсеќа на респирација :icon_lol: . Кога сме кај партиционирањето, сите дистрибуции доаѓаат со алатка за партиционирање, тие шо доаѓаат со графички инсталер и алатката е исто така најчесто графичка, така што овај дел би требало да оди без проблем (клик,клик). Доколку нема графичка алатка за партиционирање на дискот, fdisk или cfdisk ќе завршат работа :wink:. И кога ќе инсталирате, Windows-от ставете го на прва партиција, пошто знае да прави проблеми доколку не е така.
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
9
Кога имаш веќе инсталиран оперативен систем, најбезбеден начин е да креираш суров простор како што веќе кажав погоре, значи НЕ партиција со име и презиме, туку само FREE UNALLOCATED SPACE, кој што ќе му го доделиш на убунту сам да си направи се. Јас поаѓам од најосновното, значи да не се иде на мануал партиционирање, крајно автоматизирано, за да нема никакви несакани последици по постоечкиот оперативен систем :)

Значи да ти одговорам на прашањето, не е можно на безбеден начин да ја започнеш инсталацијата. Можно е секако, но не онака како што јас пробувам да објаснам на веќе инсталиран ОС. Во твојот случај не би гарантирал за резултатите по другиот ОС.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
моТаро, фала, сега ми се појасни работите, само уште да ми стигне цедето од убунту.

П.С. за сите што немаат убунту цеде, можат да си порачаат на интернет страната на убунту. (побарајте го линкот во погорните постови)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom