Убаво ми е, затоа што сум здрава и жива.
Убаво ми е зошто носам прекрасни спомени од прекрасно место, со прекрасни луѓе кои никогаш нема да ги заборавам...
Убаво ми е после долго време зошто синоќа бев вистински среќна и таква и се разбудив, и сега лежам во кревет, без обврски да ме притискаат и можам да уживам!
Убаво ми е бидејќи ќе ги видам моите после 4 дена!
Убаво ми е бидејќи не се замарам со никој!
Убаво ми е бидејќи знам дека има луѓе што ме сакаат и мислат на мене!
Убаво ми е во моментов што слушам музика!
Убаво ми е бидејќи има надеж во мене!
Едноставно во моментов не што ми е убаво туку и прекрасно ми е!
Убаво ми е што не се замарам веќе со ништо!
Убаво ми е што зглобовите на левата рака почнаа да ме болат како последица од многу вежбање!
Убаво ми е што се вратив на старо што не трчам по никој!
Убаво ќе ми биде сега за некоја минута кога ќе го фанам креветот да спијам.Немам спиено не се сеќавам од кога...А врне надвор.Поубаво време за спиење нема...Абе убавини
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.