Убаво ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво ми е кога сум со другарките и кога се смееме за глупости, кога се легачиме по кревети и зјапаме во таван зборејќи за машките од нашите животи..
Убаво ми е кога ги гледам како се смеат и кога знам дека се среќни..
Убаво ми е кога ќе го видам кучето како спие на грб со сите 4 во воздух..
Убаво ми е кога ќе ги видам моите да се бацат и гушкаат...
Убаво ми е кога братми ме умара и ме гњави на секое помини-замини(иако се праам дека се нервирам:))
Убаво ми е кога ќе ми дојде да легнам на сред парк/улица/двор и да зјапам у небо..
Убаво ми е кога дува силен ветер а јс само стојам и мижам...
Убаво ми е кога врне и ме накиснува дождот...
Убаво ми е кога некој ќе ме гушне зашо така му дошло..

И убаво ми е кога сум среќна без некоја особена причина..баш како во моментов :)
 
Во последно време работи кои се кажани преку зборови ме направиле среќна и ми било многу убаво...

Неколку пораки од саканата личност ме направија среќна пред 2 дена!

Ме направија среќна фантазирањата со мојата најсакана за одење на одмори на некои рајски места!

Ме направи среќна мачето сабајлево,ми дојде во кревет и ми се мазеше од лицето...ме сака бе:pipi:

Ме направи среќна Вардар пред некој ден ,ги скичмија Динамо!А јас бев таму и навивав со Комитите :aplauz:

Ме направи среќна вујко ми зошто толку ми удоволуваше...:pipi:

И така....:helou:
 
Убаво ми е кога сум излезена и кога сум со луѓето што ги сакам.
Убаво ми е кога врне дожд, а јас сум излезена.
Убаво ми е кога дува ветер и ми ја прави косата хаотична.
Убаво ми е кога сум на факултет.
Убаво ми е кога сме собрани друштво и се газиме од смеење за глупости.
Убаво ми е кога гледам љубов и позитивна енергија околку мене.
Убаво ми е кога ќе слушам радио на мобилниот и сама се шетам наоколу.
Убаво ми е кога ќе пуштам музика и по дома си рипам и си играм сама.
Убаво ми е....
 
Убаво ми е кога братучед ми ми раскажува како се снаоѓа во прво одделение.
Убаво ми е кога ќе слушнам песна од Сидо ,`93-та.
Убаво ми е кога рацете ми мирисаат на бебешка пудра.
Убаво ми е кога ја галкам Мона, а она спие на фотеља.
Убаво ми е кога се менува годишното време.
Убаво ми беше вчера, кога гледав еден татко како му испробува на синчето наочари за гњурење.
Убаво ми е кога ќе купам нешто ново, макар биле обетки од 30 денари.
Убаво ми е кога гледам во сини очи.
Убаво ми е кога насабајле доаѓа мајка ми да ме покрие.
Убаво ми е кога гледам во таван и лежам, не мислејќи на ништо...
 
Убаво ми беше денес со мојата откачена другарка си имавме така пријатна дружба скоро 3 сати и ме посра врапче додека пиев вода на фонтаната..:) па таа мораше да ме чисти и сите чудно не гледаа бидејки изгледаше како да бара вошки :) а потоа еден тип ни побара од колачињата што ги јадевме па јас радо му го дадов последното што ми остана ...
Убаво ми е кога играме заедно Марио со помалата ми братучедка :).
Убаво ми е кога ке слушнам кога некој ме довикува нагалено со скратеното име што завршува на че.
Убаво ми е кога трчам и истовремено слушам музика и духовно се исполнувам во присуство на езерото и ветерот.
Убаво ми е кога возам велосипед без раце.
Убаво ми е кога се чуствувам слободна.
Убаво ми е кога се отпуштам откачувам и играм во стил на Мајкл Џексон.
Убаво ми е кога не гледам шмизли туку девојчина отпуштени со природна радост и спонтаност во себе.
Убаво ми е во присуство на природата и бог.
Убаво ми е кога забележувам работи што другите не ги забележуваат.
Убаво што верувам дека и после смртта ке живеам.
Убаво ми е кога цртам и кога пеам.
Убаво ми беше додека лежев на душек на мирната вода...
Кога зедов сув леб и отидов да ги хранам галебите..
Убаво ми е сознанието дека лугето после се умеат да сакаат.
Убаво ми е кога ке сретнам некој што не живее во шема..
Убаво ми е што живеам во убав град и што мојата земја е Македонија.
Убаво е да бидиш она што си.
Убаво ми што некој се сети да отвори ваква тема, и убаво ми е што на Виктор му се заблагодарувам многу.

 
Гледам дека 90% ја промашија поентата на темата ама ај не е битно.
Мене ми е убаво денес.
Надвор не е сончево,не добив на бинго,не сум направила ништо позитивно денес...ама убаво ми е :pipi:
 
Ја најдов мојата нај најомилена песна на сите времиња....
Не знаев ни како се вика ни чија е... ништо. Ама ја обожавав....
и еве ја, ја најдов.... I'm overjoyed :скокачко смајли::скокачко смајли::скокачко смајли:
 
убаво ми е кога седам среде плажа и го гледам зајдисонцето и сонувам за роматнични нешта, за вистинска љубов меѓу мене и тебе, јас и ти таму, сами и заедно...

уфф да сум сликар па да можам да ти го насликам се прашувам дали тоа барем нешто ќе те мотивира
 
Убаво ми е!
Пиев кафе со другарките,јадев скара цел ден,тета дојде на ручек,баба е подобро,тато доживеа собраќајка а сепак е ок, сестра ми ми побара помош со латинскиот,гледав комедии и се смеев без престан,упатував комплименти,добивав комплименти,доаѓа есен...
 
Убаво ми е поради тоа што го достигнувам тоа што сум го замислил на мојот работен план
 
Убаво ми е зошто конечно ми се исплати трудот, ах колку љубам "пакетчиња" после препотување за некоја зададена цел...Исто ко за Нова Година:pipi:
 
Убаво ми е, затоа што деновиве ми поминуваат баш како што сакам, уживам во моментите поминати, уживам во смеата и среќата.
 
Ubavo mi e zatoa sto denes ostvariv poveke raboti od kolku cela izminata nedela racunajki od ponedelnikot.Ubavo mi e oti si udovoliv sebesi (pak) i si kupiv patiki:je:
Ubavo mi e oti pak sedam na internet iako me cekaat skriptine...
Ubavo mi e oti e esen i pocnaa lisja da pagaat:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom