Уапсен Радован Караџиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Attila
  • Време на започнување Време на започнување
одма на колец пред сите
така треба за него
од кој се криеше ?
кој будали го величаат
не вреди да се коментира
 
Не ми е јасно зашто медиумиве ја прават оваа вест како да е којзнае што. Па човекот го уапсиле, ќе го осудат и готово. Што толку се замараат со него.
Изгледа само на тебе не те интересира не е баш обична вест ова :).
 
Еве еден текст од Биљана Ванковска за подобро запознавање со делото на Р.Караџиќ
Со апсењето на Радован Караџиќ, сега во друг - регионален - контекст, вниманието на јавноста и во Македонија се сврте кон Хаг. Јас се сетив на еден текст од српска авторка, кој го преведував буквално низ солзи. Освен тоа, овој извадок се донесува на една електронска дебата за прашањето за одговорноста и вината на Србите за воените злосторства, што потсетува и на блогерајот. Затоа, сега сакам да го споделам со вас...



Алкибијад во Сребреница

(Извадок од текстот на Дринка Гојковиќ, „Политика на минатото“ објавена во Билјана Ванковска (ед.), Справување со минатото: Како и зошто да се стори тоа?, Евро-Балкан Прес, 2005)

Пред септемвриските избори 2000-та, на веб-сајтот на радио Б92 беше отворен
дискусионен форум. Учесниците, од земјата и од дијаспората, расправаа најнапред заизгледите за смена на власта во Србија, а кога старата власт конечно беше соборена, ановата се најде пред реализација на предизборните ветувања, расправата се пренасочи напрашањето дали Србија може да се трансформира и како таа трансформација би требала даизгледа. Проблемот на воените злосторства, на српската вина, барање прошка и катарзаспаѓаше меѓу најчесто споменуваните, па во јануари 2001-та учесниците отворијадискусиона тема која директно се однесуваше на злосторството во Сребреница. Еденучесник со форумски надимак “Кондор”, Белграѓанин во канадски егзил, деклариранкосмополит и поддржувач на глобализацијата, напиша: “За Србија, единствениот пат восветот води преку Сребреница”. Еден белградски Белграѓанин, “Алкибијад”, кој зарадисвојата српско-национална пречувствителност во претходните дискусии веќе беше нареченнационалист, одговори: “Не се сложувам дека за Србите (а не за Србија) единствениот патво светот води преку Сребреница. Преку Сребреница Србите можат и мораат да сидојдат на себе.” . Зошто е тоа така, “Алкибијад” објасни во една реплика на“Марк”, босански бегалец во Канада, кој - nota bene: единствен - тврдеше дека “... бројот нажртвите од Сребреница и причините за нивната смрт е дел на медиумската пропагандапротив српскиот народ и неговите тогашни водачи!”. Реплицирајќи му на Марко, Алкибијад напиша еден од најинтересните и најважни коментари во целокупната форумска дискусија:

Марко, би сакал да е точно сето тоа што го напиша... И знам дека има итакви на кои Србинот им е крив само затоа што е жив. На некој постојано,
а на некои по потреба... Јас воопшто и не мислев на нив. И не покажував на
прст кон Караџиќ и Младиќ. Јас би сакал тие да се сосема невини во тој дел.
И се сомневам дека пред Хашкиот трибунал ним би им се судело
непристрасно - тие сега му судат на Крајишник, на човекот кој
претседаваше со Собранието на Република Српска, за да го осудат правото
на српскиот народ сам да одлучува за својата судбина.
Ништо од тоа не ме мачи, мој Марко. Мене ме мачи мислата за оние кои се
предале, а потоа исчезнале. Мене ме мачи она четиринаесетгодишно
момченце чија мајка минатата година отиде во Хаг да сведочи во судењето
против генерал Крстиќ. Таа, која на прелиминарното судење по повод
испитувањето на обвинението беше означена како еден од доказите.
Навистина не знам дали беше доказ А, Б или Ц, или како ли уште тие се
одбележуваат пред Трибуналот. Таа, која сî раскажува на јазик кој јас
сосема убаво го разбирам, а го разбира и генералот Крстиќ. Тоа е јазикот со
кој зборуваме и јас и генералот Крстиќ, а и таа жена. И тогаш, сето тоа
што таа жена го кажува бива преведено на некои испиени фаци, со перики
на главите, кои седат на некаква маса, облечени во црни тоги, па тогаш
испиените фаци го прашуваат нешто генералот Крстиќ, па тоа го
преведува преведувач, па генерал Крстиќ нешто одговара или не одговара, па
тоа повторно се преведува ... Таа, која кажа дека во нејзината куќа во
Сребреница влегол српски војник, кој проверил кој сî е дома, и кој по
кратката нерешителност, го повел со себе нејзиниот четиринаесетгодишен
син. Тоа е веројатно единствено релевантното за записникот. Обвинителот
нема прашања. Одбраната - нема прашања. Па тогаш, оние со периките, í
заблагодарија и рекоа дека може да си оди.
Но, таа жена сака уште нешто, кажува нешто, не им се дава на чуварите,
не сака да го напушти местото за сведочење. Преведувачот нешто
преведува, овие со периките ги вадат наочарите... што сега, ја имаат тие
нејзината изјава, внесена е веќе во записникот... што зборува сега таа
жена, на јазик кој тие не го разбираат? И додека преведувачот успева да им
преведе на оние со периките и тогите дека жената од нив, од периките и
тогите, бара нешто да го праша генералот Крстиќ, таа и пред да í
дозволат, го прашува. Неа и на генералот Крстиќ не им треба преведувач -
се разбираат тие двајца и без пребедувач. Имаат ист мајчин јазик и таа и
тој. Таа не прашува за воена оштета... ни за обнова... не прашува таа за
хамбургери и подземни гаражи... до неа воопшто не допираат пактовите за
обнова на Југоисточна Европа (слушаш ли, Југоисточна Европа?!)... неа не ја
интересира разликата меѓу политичката принципиелност и политичката
крутост... не и е гајле за интеграциите... ниту за босанското знаме..
Господине Крстиќ... господине генерале... кажете ми, ако случајно знаете...
каде е мојот син? Дали тој... би можел... да биде некаде... жив? А генералот
Крстиќ молчи...
Месечината плаче, ѕвездите плачат, а сонцето крвари... А јас се распаѓам во
милион парченца... Би сакал барем да не ја видев видео снимката на Ратко
Малдиќ на ТВ, како го милува по главата она детенце и им зборува на
жените зад него дека сî ќе биде в ред... Мајката од Сребреница не бараше
извинување. Ниту од мене ниту од некој друг. А што има јас да се извинувам
кога јас лично не сум протерал, силувал, убил, запалил куќа, изорал гробје,
урнал храм? Не знам, но не би сакал да се извинувам, туку не знам што не би
сторил само кога би можел да го вратам тоа мало момченце некако... Но, не
можам. Ништо не можам да сторам. немоќен сум... И што ќе í е тогаш
моето извинување, или чие било? Повеќе би сакал да ми се урне небото врз
глава отколку што ја слушнав таа приказна за тој малечок и неговата
мајка.


 
Во форумскиот “пост” на Алкибијад - кој, секако, ги потресе неговите интернетски соговорници - српското соочување се открива на начин кој, застапниците на тезата за српското одрекување, домашните и странските, не се кадри да го забележат. Алкибијад спаѓа меѓу оние кои обично со презир ги нарекуваме ‘српски патриоти’. Тој и самиот не би го одрекол тоа (иако на презирот би одговорил со презир). Отворено напиша како верува дека “има такви на кои Србинот им е крив што е жив” и ја изрази својата, навидум, безрезервна идентификација со водачите на босанските Срби. Тој верува дека во Хаг му се суди на “правото на српскиот народ сам да одлучи за својата судбина” и во хашките судии гледа гротескни ликови, “испиени фаци”, “тоги и перики”. Тој општ фон, меѓутоа, целосно се релативизира со главната приказна, искажана со едноставен израз за “оние кои се предале, а сега ги нема”. Алкибијад не зборува за тоа кои се “тие”, бидејќи подразбира дека се знае дека станува збор за сребреничките Муслимани и дека објаснување не е потребно, но нагласува дека токму нивното исчезнување е она што го “мачи”. Таа своја мака, тој понатаму ја конкретизира низ приказната за четиринаесетгодишното момченце чија мајка минатат година сведочела на судењето на генерал Крстиќ. Уште пред да ги наведе пртичините заради кои мајката се појавила како сведок, Алкибијад ја воведува темата на јазикот. Хашкиот обвинет за злосторството во Сребреница, генералот Крстиќ, хашкиот сведок на злосторот, мајката на исчезнатото момченце, и самиот Алкибијад, српскиот посматрач на хашката драма, говорат, за разлика од хашките судии, ист јазик: “Тоа е јазикот со кој говориме и јас, и генералот Крстиќ, а и таа жена”. Јазикот тука претставува некаква интеграциона метафора: и војната, и ужасите на злосторството за кое станува збор, се одиграле во еден простор на заеднички јазик, значи на простор на иницијална блискост и првобитно можно разбирање, и тоа безмерно ја зголемува нивната грозоморност. Тој заеднички јазик, исто така, ги поврзува нив тројца, како три лика на нова драма, која произлегува од драмата во хашката судница, во посебен круг на значења. Од тој момент Хашкиот суд веќе не е од пресудно значење, престанува да функционира како место на дејствието, туку се претвора во преносник на приказната за вистинското дејство. Вистинското дејство е претставено крајно поедноставено, опсиот е минималистички: војникот влегува дома, бара, и не наоѓа, но одведува - кого? непријателот? - дете од четиринаесет години. “Српскиот војник” е тука и збирна, и лична одредница: тој е, секако, конкретен иако анонимен поединец; но тој е и некој кој, во тој момент, нужно ја оличува војската на која í припаѓа и сите нејзини заповедници, Караџиќи, Младиќи и Крајишници. Одведувањето на детето од домот е тематско средиште на текстот. Тоа води кон средиштето на значењата, чиј носител е повторно заедничкиот јазик. Сведокот го дала својот исказ, но таа “сака уште нешто”. Додека преведувачот се обидува да посредува меѓу неа и хашките судии, таа му се обраќа - “на јазикот кој тие не го разбираат” - на оној кој е одговорен за одведувањето на нејзиниот син, на генералот Крстиќ. на јазик, уште еднаш, кој е “мајчин и за неа и за Крстиќ”, таа, како што прикажува Алкибијад, му поставува на српскиот командант на Сребреница, со тон во кој - дури - и нема обвинение, едно сосема лично и едно важно прашање: дали, можеби, наспроти се, постои можност нејзиното четиринаесетгодишно дете, сепак, животот да му бил поштеден. На тоа прашање одговорот веќе го имаат сите, и хашките учесници и хашките посматрачи. Го има - иако не може а да не го постави прашањето - и мајката на одевденото дете. Го има, секако, и српскиот командант на Сребреница, генералот Крстиќ, непосредно подреден на главниот заповедник на војската на босанските Срби, генералот Младиќ. Тој одговор, кој на сите им е добро познат, Крстиќ не се осмелува да го изговори гласно, и затоа молчи. Неговото молчење е темелно признание на вината. “Посакувам барем да не ја видов видео снимката на Ратко Младиќ на ТВ, како го милува по главата она детенце и како им зборува на жените зад него дека се ќе биде в ред...”, го изрекува своето обвинение Алкибијад. Од него, имплицитно, не е изземен ниту еден од водачите на кои тој им го доверил “правото на српскиот народ да одлучува за својата судбина”.

Алкибијад не признава колективна вина и не верува во смислата на извинувањето. Меѓутоа, високата афективност на неговите зборови - зборови, кои при тоа, јасно ги именуваат воените злосторства: “А што има јас да се извинувам кога јас лично не сум протерал, силувал, убил, запалил куќа, изорал гробје, урнал храм?” - скоро сугерира дека ги изговара некој кој, на најдлабоко, елементарно човечко ниво, и самиот се чувствува виновен. Со тие зборови Алкибијад, исто така, повлекува силна линија на разграничување меѓу себе и нив, до крајност заострувајќи ја со контрастното “не знам што не би сторил само кога би можел да го вратам некако тоа мало момченце”.
 
Кој беше тој???....Караџиќ де!........што ме здоболе дали го уапсиле.....

Воне, човечноста ( хуманоста) и правдината не треба да се брани и почитува само во својот двор. Бранејки ја во светот, ние полесно ке ја браниме и во својот дом
 
Воне, човечноста ( хуманоста) и правдината не треба да се брани и почитува само во својот двор. Бранејки ја во светот, ние полесно ке ја браниме и во својот дом
А може ли еднаш ние да не сме мирудија во секое јадење....да си ја гледаме нашата работа, од толку бранење на хуманоста низ светот ја заборавивме кај нас и за нас!
А како еден дел од тој свет ја брани човечноста кај нас...со тоа што сака да не снема?
 
најдобра маска за 2008 :)
а и има и вакви изроди
capt.cps.nbg55.220708105743.photo01.photo.default-338x512.jpg

Оние кој што се шетаа со маици Брат Љубе и што го дочекаа на Петровец и Пела изроди се ? Јас мислам дека ова е исто.За србите нормално дека е херој, ко што е за нас Љубе и Јохан за нив е овој.

Ееееј, седел во кафана кај што имало закачено портрет од него и од Младиќ. Пиел чај на Теразија... Држел предавања пред 300-400 луѓе... :pos2:Секоја чест.

Читав на една страница дури и дека газдата на кафаната е од исто село со него и кога му објаснувал од кај е овој се правел мутав дека незнае кај е тоа село.


Не ми е јасно зашто медиумиве ја прават оваа вест како да е којзнае што. Па човекот го уапсиле, ќе го осудат и готово. Што толку се замараат со него.


Како бе не ти е јасно?Осама Бин Ладен да го фатат нема да биде главна вест?Ова ти е исто.Само што е на балкан.
 
Србиве полека ама паметно си ги кешираат чиповите.13 години никаде го немаше и сега,во пресуден момент за србија,оп,еве го,го најдоа.Абе ајде,не сме деца мали да се лажеме.Они си го искешираа многу паметно.Имаат уште 2-3 чипа у џеб кои ке им обезбедат мазен влез у еу и нато,гарант пред нас.
Ние Братов,они уште не зинати спакуван им го испорачавме и уште напупени им се наместивме поубаво да не плескаат.:pusk:
 
Не бе, еве Холандија се запна дека нема одмрзнување на ратификацијата на спогодбата дур не го дадат и Младиќ, а башка сега со Ирското НЕ, можат и ТИТО да го предадат нема влегвање в ЕУ за долго. (со нас и Босна ќе влезат што и да направат) Требаше да им текни тој мањако да го фатат 2001-2002 па ќе беше поинаку, сега..... само ќе си се плукаат внатре кој е предавник.
 
Група гејски адвокати од Ксаниа ќе го застапуваат(бранат) Караџиќ БЕСПЛАТНО. Адвокатската комора од Ксаниа се огласила :ние се надеваме дека судот во Хаг ќе биде праведен и ќе дејствува објективно.

Е ова е стварно интересно, или ќе го одбранат или ќе го докопаат.
А тоа што гејски адвокати го бранат и згора на се Бесплатно, најверојатно да си ги прикријат своите гомненици , да не им излезат на виделина.
 
Група гејски адвокати од Ксаниа ќе го застапуваат(бранат) Караџиќ БЕСПЛАТНО. Адвокатската комора од Ксаниа се огласила :ние се надеваме дека судот во Хаг ќе биде праведен и ќе дејствува објективно.

Е ова е стварно интересно, или ќе го одбранат или ќе го докопаат.
А тоа што гејски адвокати го бранат и згора на се Бесплатно, најверојатно да си ги прикријат своите гомненици , да не им излезат на виделина.
:drk: http://www.e-tipos.com/newsitem?id=46159:bip:
 
Тие што го предадоа Караџиќ, ќе горат во пеколот... А оној Тадиќ за брзо време ќе го снајде Ѓинѓиќ...
Само едно ќе кажам: Опрости им БОЖЕ незнаат што прават...!!!
 
Тие што го предадоа Караџиќ, ќе горат во пеколот... А оној Тадиќ за брзо време ќе го снајде Ѓинѓиќ...
Само едно ќе кажам: Опрости им БОЖЕ незнаат што прават...!!!

Само една работа не ми е јасна околу тебе:зарем толку го поддржуваш делото на Караџиќ-убиства и геноцид што ги вршеше,штом толку многу го браниш.
 
КОЈ СИ ПА ТИ ДА КАЖУВАШ

Тие што го предадоа Караџиќ, ќе горат во пеколот... А оној Тадиќ за брзо време ќе го снајде Ѓинѓиќ...
Само едно ќе кажам: Опрости им БОЖЕ незнаат што прават...!!!

АЈДЕ МАЛКУ РАЗБИСТРИГО МОЗОКОТ И СВАТИ ДЕКА СИТЕ 6 МИЛЈАРДИ ЛУЃЕ НА ПЛАНЕТВА ЗАСЛУЖУВАТ ПОДЕДНАКВИ ПРАВА ...НЕ ДЕКА РАДОВАН КАРАЏИЌ СО ТОА ШТО Е УАПСЕН ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЖИВОТИТЕ НА 420.000 ЛУЃЕ , НО НЕМОЖАМ ДА СВАТАМ ДЕКА ИМА ЛУЃЕ КОЈ СЕ ПЛИТКИ ВО МОЗОКОТ И МОЖАТ ДА БРАНАТ ЛУЃЕ ЗЛОСТОРНИЦИ, ВЕРУВАЈ ТОЈ ИСТИОТ РАДОВАН И РАТКО КОН НИКОГО НЕМАЛЕ МИЛОСТ БЕЗ РАЗЛИКА НА РЕЛИГИЈАТА И ВЕРАТА...НО СЕГА ТРЕБА ХАГ ДА ГО ОСЛОБОДИ И ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ДОЖИВЕЕ ЖИВОТОТ , А ЗА НЕГОВИТЕ ЗЛОДЕЛА ШТО ГИ НАПРАВИЛ СО НИШТО НЕМОЖАТ ДА СЕ ИЗРАМНАТ... ЗАТОА ОЛАДЕТЕГИ ГЛАВИТЕ И НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom