- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
ЦИА го штитела Караџиќ до 2000 година?

Радован Караџиќ, поранешен лидер на босанските Срби, обвинет за геноцид и воени злосторство, се до 2000 година бил под заштита на САД.
Заштита престанале откако ЦИА го пресретнала неговиот телефонски разговор, на основа чија содржина била очигледно дека ја води седницата на СДС, тврди соговорник на Блиц, близок до американските известувачки агенции.
Соговорникот на Блиц, тврди дека Ричард Холбрук лично му признал дека е склопен договор со Караџиќ, на основа на која САД барале од лидерот на СДС да се повлече од сите јавни функции во замена за заштита пред Хашкиот трибунал.
„Не сум сигурен дека воопшто постои пишан документ кој ова го потврдува, но имам признание од Холбрук за усмени гаранции дадени на Караџиќ од највисоко ниво на САД“, тврди соговорникот.
Одговарајќи на прашање што се случило во меѓувреме, како дошло до апсење на Караџиќ и кога тој договор престанал да важи, изворот рекол:
„Едноставно, во Америка полуделе кога сфатиле дека Караџиќ ги влече за нос. Во текот на 2000 година, кога се одржувале избори во БиХ, ЦИА дознала дека Караџиќ и понатаму од сенка го води СДС иако имал договор дека нема да се меша во политиката. Таа 2000 година во Бјелина е одржан собир на СДС, со кој лично раководел Караџиќ. Преку телефон давал упатства на членовите и раководството кога да сменат и кого да постават на која функција. Лично бил ангажиран во сите активности. Кога ЦИА го пресретнала телефонскиот разговор на Караџиќ и конечно сфатила дека цело време ги лаже, пробале да ја укинат СДС, на што остро се спротивставил тогашниот висок претставник на БиХ, Волфганг Петритч“.
Наводно Холбрук сакал уште една спогодба, но Американците и ЦИА ја повлекле неформалната заштита за Караџиќ.