Уапсен е актерот Кили

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто толку голема фама се дигна за Кили? Па како нема да се дигне, Кили е идолизиран од пред многу одамна. Сега ова е капак.
Сите што пафкаат сон им е да имаат своја градина со марихуана, и ете легендата Кили го направи тоа. И не било каква градина, туку високо опремена мини лабараторија со високо квалитетна марихуана од Холандија! Што сакате повеќе од тоа?
tumblr_mphaz4P2K31s8c46do1_500.gif
 
До мене што се однесува секој кој го крши законот треба да одговара без разлика за која и да било личност да се работи. Но проблемот во државава е тоа што за едни е мајка за други е маќеа а на тој начин не одат работите. Ако Кили поседувал дрога тој го крши законот и треба да одговара без разлика тоа што тој е јавна личност. Како и секој останат кој го крши законот треба да биде кривчно гонет. Но проблемот во државава што има многу луѓе кои поседуваат,одгледуваат и сл. и плус на тоа и полицијата ги знае нив и ништо не превзема ех тоа ти е оваа моја чудесна земја во вистинскиот смислол на зборот чудесна...
 
Нема да се зачудам ако направат реклама со Кили - немој да пушиш трава и да ја вртат на шител тв и на прва. Забегани се триста на саат. Емисии за 500 деца, реклами дека абортусот е убиство во официјален настап на МКД на европско, хомосексуалците како ѓаволи претставени со антикампањи, следи блок реклами травата ќе ве убие и слика од Кили. Добро дојдовте во Саудиска Македонија.
 
Аман веќе со медиумски преноси од апсења, одвратно стана. И каде е сега она „лицето К.Х.“ со кое ни ги отекувате 20 години? Или само за бели мечки се иницијалите?
 
Мене не ми е јасно нешто,според фазите на раст на растенијата прикажани во видеото само мал дел се спремни за берба и конзумација, другите беа или калеми или расад ,имаше и доста заболени кој нема да дадат род така да дистрибуција тешко да вршел.

Ајде ‘‘поупатените‘‘ да кажат дали е така пошо поледелство учев само за коноп,али сепак е исто растение.
 
Па оти Кили не се пресели во холандија и нека одгледува марихуана колку душа ќе посака ;)
правда за Кили и најпрвин нека уапсат оние крупните риби ,а не па Кили ситна риба цццц
 
Како овој ви е идол бе? Неписмењак што пцуе по телевизии и има егзотична фарма ви е идол , и не бил онаков како што го преставувале медиумите. Овој да ти е идол IQ-то сигурно ти е максимум 85.
 
ЛАБОРАТОРИЈА за марихуана :pos:

Чудно како не најдат хероин некогаш поголема количина...
 
Епа кој му е крив, сам си го барал и си го добил... башка марихуаната е дрога, не е играчка.
 
1. Законот којшто марихуаната ја смета како дрога: тешка дрога (Schedule 1 во САД), штетна по здравјето на уживателот и тие околу него Е ЗАСТАРЕН и треба да се смени.

2. Судбината на оваа лековита билка да биде како до 1937 година - задолжително одгледување на истата за производство на: хартија, облека, пластика, бетон, мебел, јажиња, платно, лекарства, храна.....

3. Да се врати марихуаната во книгите по медицина и лекарите повторно да препишуваат низ целиот свет за лечење на мал милион болести.

4. Веќе притворените и осудени уживатели/одгледувачи (пред се на канабисот) да се помилуваат безусловно.

5. Да им се понудат субвенции за одгледување на билката без разлика дали било тоа за медицински цели, индустриски и/или рекреативни цели.
 
многу сакаш :D
Молчи си и пуши си, да не завршиш како кили.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 21:19 ---
Епа кој му е крив, сам си го барал и си го добил... башка марихуаната е дрога, не е играчка.
До кога марихуаната ќе ја ставате во дрога бе ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom