Јас сум едина особа што не гледала ниту една турска или индиска серија откако почнаа да дават. Едноставно одбивни ми се, не гледам ништо интересно, ниту ликови, ниту приказна. Не знам зошто толкава популарност стекнаа. Самата синхронизација кога ќе ја чујам ме нервира, а пак несинхронизирани исто не се трпат. Перење на мозок, соживување со некакви ситрагични приказни, а пак да не спомнувам колку на депресија мават.
Шпански (латиноамерички) сум гледала и ми се во некако подобро сеќавање. Можеби по шаблон беа правени ама имаше нешто интересно во нив, штознам. Башка локациите, ранчеви, Мексико сити ми беа некако пријатни за гледање
. А и јазик научив бе, од а до ш
. Сега не би ги гледала, ептен се исцрпени.