Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
ОЧИ

Ние се знаеме, од кај се знаеме? многу добро се знаеме. Нешто што можеш да го почувствуваш а да не го видиш а ти се потребни очи.
Тензија, трема, непријатност, предизвик, возбуда, живот, трепет, љубомора, љубопитност, страв.. внимание, привлечност.. атракција сето тоа во еден поглед, поглед подолг од вообичаените, поглед кога времето запира, поглед кога светот замира. Поглед што дава смисла на животот, чувство кое неможе да се објасни, чувство од кое никогаш не ти е доста. Здраво јас сум Никола, ние одамна се знаеме, доволно колку што треба. Како што излегуваа зборовите така одбранбениот систем наречен его го прикри тоа што навистина сум јас, ги постави маските небаре први април е. Можам што сакам да говорам, очите ... го кажуваат тоа што е вистинското, тоа што е зад маската. Тоа што е зад Никола, тоа што го чувствувам а неможам да го наречам ЈАС.
 
Очи

Велат дека очите се прозорец кон душата. Навистина... се согласувам со тоа. Очите се показател за чувствата, повредите, раните, среќата, радоста... Затоа и често кога не сакаме да откриеме што чувствуваме и избегнуваме директен контакт со очите со некој друг. Затоа што најголем страв на луѓето е да им биде душата откриена. Најголемиот страв на човекот е да ги спушти своите ѕидови и да ја стави својата душа на нечија дланка...
Но, понекогаш... понекогаш има очи кои молат за нечија дланка, понекогаш има очи кои сакаат да откријат што чувствуваат. Понекогаш има очи кои гледаат толку продорно и длабоко, со огромна болка во очите, барајќи некој кој ќе ја открие нивната болка, некој кој ќе ја отклучи нивната душа. Но, понекогаш тие очи наидуваат само на темнина, понекогаш тие очи се осудени од устата која секогаш вели: Одлично сум. А знаат тие очи дека не е така, знаат тие очи колку болка има и тие ја прикажуваат таа болка, но таа никогаш не е забележана.

Затоа би рекла, би додала... Да, очите се прозорец кон душата, но очите се и книга, книга која ја открива сегашноста и минатото на едни толку топли очи кои бараат помош и лек. Но, понекогаш, често.... луѓето не знаат да ја прочитаат таа книга. Како да е напишана на поинаков јазик. Како да гледаат само симболи, а не знаат што значат.

Луѓе... никогаш не се задлабочиле толку силно како би можеле да ја прочитаат книгата. И можеби не затоа што не можеле, туку затоа што не се потрудиле.

А тие очи... лутаат. Лутаат и се во потрага по други очи кои ќе ја видат болката и ќе ја разберат нивната меланхолична безгрижност....

Некои очи се осудени вечно да лутаат. Вечно со замаглен поглед, вечно со меланхолија во нив... но, сепак понекогаш се и весели, радосни, среќни... Сите чувства на светов можат да бидат собрани во тие очи. А сепак, само тие очи знаат што и во кого гледаат. И што бараат.
 
Протагонистот на оваа мала приказна е Ловел. Сè уште се двоумам дали да ја наречам протагонист, антагонист или еден типизиран лик на денешното искомерцијализирано, трагикомично, непредвидливо време.
Ловел се изјаснува како дама со високи критериуми. Тие високи критериуми се однесуваат на мажите, пријателите, облеката, парфемите, хотелите, излегувањата, годишните одмори. Најважни се секако мажите, од нив потоа ќе излезат сите благодети и уживања што ги овозможува хедонистичкиот живот.
Не. Таа не е среброљубива. Едноставно сака houte couture и скап накит.
Најголемиот нејзин сојузник е ноќта затоа што тогаш уште поубаво изгледа нејзиното тело. Облините тогаш ја достигнуваат својата совршеност што и дава поголема самодоверба и поголема љубов кон себе.
Навечер пред за замине во ноќта во собата со пригушено светло се погледна во огледалото. Крлежа бил во право. Темнината и од најгадната жена прави загонетна и убава кукла.
Ловел не е грда, но црната свила и дава некаква специфична убавина која таа реално ја нема и која денот не може да и ја даде.
Тоа е лажниот сјај во нејзините празни очи кој се појавува само тогаш и можеби кога ќе здогледа некој благороден камен.
Но какви се нејзините очи?
Оваа метреса сигурно го има најбедниот поглед кој некогаш сум го видела. Нејзините очи секако дека се одраз на нејзината потсвест и на вистинска состојба на нејзината душа. Пригушени, суви, од бедотија жални.
 
Стојам со сосема разголена душа пред тебе,стојам и чекам... Чекам да ги забележиш моите очи ,моите Кјубрикови широко затворени очи ,кои не живеат за сега туку се напрегаат во вчера,завчера,денот пред тоа ,утрото потоа... Чекам да ме упатиш и да ми кажеш дека мојот живот не е ничија шанса за успех крадејќи ми ги идеите ,солзите,енергијата, животната сила ,навлегувајќи ми во сржта на мислите... Биди ми навигатор ,,затоа што знам дека си тука.
Знам ,ќе речеш,нема потреба од зборови,дури и зборовите дојдоа до тој степен кога нивната вредност се едначи со монета од 5 ден . и тоа на куп... И тоа фрлена пред нозете на некој питач, од страна на некој кој мислел дека на тој начин ќе ги исчисти гревот што го направил 2 часа претходно ..
Знам, ќе речеш да не треперам пред притисокот,не е ништо ,и ова ќе помине , и тоа по него ќе помине , но не не можам ,душата ми трепери пак не сум јас..
Знам,ќе речеш да не врискам толку безгласно, но не гледаш ли дека тоа не сум јас?
Знам ,ќе ми речеш дека претерувам со алегоријата,дека претерувам со себе,дека сум егоист,дека одразот на моите очи не е ништо друго,освен нашминкани вирчиња ,со благи брчки од претераните изрази на емоции и изворче на разлеан римел. И ќе си заминеш, ќе мислиш дека тука нема никаква мистерија и мирно ќе заспиеш.

А кога ќе започнеш да сонуваш, тогаш твоите ШИРОКО затворени очи ,нема ни да претпоставуваат дека , нечии очи само пет минути претходно, живееја и живеат за тебе ....Дека тие очи во твоите го најдоа она што го бараа...
...Дека таму длабоко погледнаа и ја видоа сопствената иднина.
 
Уште се навикнувам на новиве наочари со не толку голем диоптер ама сепак доволен за да не видиш бројка од автобус на ЈСП и да ти избега доволно пати за да сфатиш дека мора да ги носиш. И мислам дека непознати лица се ѕверат во мене кога ги ставам наочариве. Ко да ме познаваат долго и не биле навикнати да ме гледаат вака. А тогаш мислам дека личам на нешто идиотско и смешно па ги ваѓам чат-пат и давам знаци од типот "не ми се за нонстоп, вака изгледам без нив".
Ваков ми е животов денес. Дење и ноќе.

Читам книга. Прочитав неколку со ред затоа што имав слободно време, а Богами и уште немам купено учебници за овај семестар, така да велам дека од понеделник ќе учам. Добив идеја од Нова година па се до следната во мобилен да ги запишувам сите филмови кои ги гледам. Стигнат сум до интересна бројка која ако ја поделиш со 42 дена добиваш 0.809 филма во просек. Ако тука играше факторот времетраење на филм, и многу друг битен фактор - квалитет на филм, тогаш во просек ќе имав многу подобар резултат од мој другар кој намерно гледа идиотски филмови кои јас не ги имам гледано за да не го натерам да ми ги раскаже и да го фатам како мами.
Е и ваков ми е животов. Во облачни и сончеви денови, ваков е.

И напорен сум. Уште не почнат семестар јас мислам дека сум уморен. Ми фали некој добар одмор, дома, далеку од целава врева и брз живот. Сакам да одам дома. Да се одмарам пензионерски, будење во 12, големо макијато со 4 шеќерчиња Кадмо во 1 поручек, филм во 4, фудбал во 6 и релаксирани излегување навечер.
Проблемот е што се будам тешко. Многу тешко. Кога ме буди татко ми, го терам да ми каже 5 филма на Иствуд, а кога ме будат другарите по телефон ги терам да ми кажуваат 5 филма со Сталоне и тие 5 обично се - Роки 1, Роки 2, 3, 4 и 5. На кафе е еден ист муабет. Три поточно. Фудбал, македонски фудбалери во дијаспората и холивудски филмови. Разговараме како Бафто не сакал да биде на клупа во Охрид 04 и затоа заминал во Кораб како најдобро зимско засилување и тоа дека ќе бранел прва постава, па преминуваме на индивидуалните способности на играчи од Ливерпул (ова никако не можам да го сфатам), па од друга страна фаќаме вајрлес и на гугл бараме како изгледаат дресови од некој Господ знае кој тим од Украина кој од втора лига оваа сезона се качил во прва, за на крај (лажам, ова нема крај) да падне жестока дискусија за тоа дали Пато треба да игра пред Касано или обратно.
После се префрламе на филм. Пред две недели се пофалив дека ги изгледав сите филмови номинирани за оскар. Во 2 дена. Мислев дека третиот ден ми се помеша реалноста со нив. Дискутираме последни гледани филмови и обично по некое прашање и врз база на тие прашање гледаме дали некој уствари мами во дискусијата. Затоа што обично одат вака - го имаш гледано 500 days of summer? - Да. - Ај раскажи го. - Е ебате, го заборајв.
Филм излезен 2009та година. После призна дека лаже. Друг пат на кафе ми рече - Боби не го имат гледано Титаник.
Третиот ден дојде и рече - Боби не го имат гледано Зелената милја.
А Викец не го има гледано Господарот на прстените. Боби е во предност спрема Викец затоа што има гледано 3 важни филмови кои вториов не ги гледал - Магнолија, Господарот на прстените и Збогум на 20 век. А Викец го има гледано Зелената милја, Ловец на елени со Де Ниро и Фарго... не знам, ама тука е во предност.
Мики не сака да го гледа Панс Лабиринт затоа што бил шпански, а во предност пред нив двајца беше до неодамна затоа што ги имаше гледано Војна на ѕвездите.
Ама сите имаме една заедничка работа. Сите уживаме во филмовите на добриот стар Вуди. Пред една година и повеќе заедно го гледавме Match Point и за чудо им се свиѓаше на сите тројца.
Е ваков ми е животов. Во добро и во лошо. Ваков е.

Ама убав е, има некаква смисла.
 
Што е вредно во светов со нарушени идеали и неискршени маски...

Над што да се замислам?
 
Не знам над што да се замислам, го вртам животот како 35 мм филмска лента во рацете на искусен снимател со побелени мустаќи и навистина нема многу што сум пропуштил и време е да ги фрлиме маските. Хероите се уморни викаше Гари Купер додека локаше виски и жвакаше тутун во Млади Револвераши.
Во продолжение ќе објавам дел од мојата автобиографска книга која може да се порача на Амазон во аудио формат со нараторство на Морган Фриман на англиски и Златко Калински на македонски по промотивна цена од 9.99 долари на presale исто така достапна и на Kindle. Се очекува екслузивен пакет со потпис на писателот да биде пуштен во продажба наскоро посветен со вода од Бигорски по цена од 299 долари.

Глава 1
Windfucker не е роден како Windfucker, кога растеше беше мало слабо срамежливо симпатично дете кое сите сакаа да се здебели и да почне да оди на училиште за да не му досадува по дома.
Во тој период Windfucker беше адресиран како Nonefucker и незаинтересиран за никакви fucker дејствија туку за играње Морд и мижитатара.
Кога Windfucker почна да се издолжува во висина светот почна да изгледа грдо место за него, одеднаш сите почнаа да го мразат од некоја непозната причина со посебен акцент на родителите, учителите и постарите роднини. Малото девојче од 6 в одделение почна да го гледа под плавата шишка од Принц Валијант фризура но Nonefucker се правеше дека не ја забележува и упорно црташе костурски глави на неговите тетратки. Еден ден две нејзини другарки го запреа Nonefucker и го прашаа за телефонски број но тој категорично ги одби и замина како Док Холидеј со ранецот преку рамо дома нечујно.
Да Nonefucker беше глупав Motherfucker тогаш и не разговараше со девојки кој имаат Принц Валијант фризура и не гледаше Смоговци.....................................................................................................................................................................................................

Остатокот од овој шокантен роман кој ги засени Henry Miller, Michael Houellebecq и Miljenko Jergovic ќе го најдете на Амазон за само 9.99
 
Замислете си пуста земја која служи како борбено поле на две сили. Тоа е битка која никогаш нема да заврши. Тоа е проколнато место кое е заглавено во безвременски момент. Тоа е во вакум кој однадвор изгледа хаотично полно, тоа е надвор од секоја логика и разумна каузалност, но таму има плод, макар донесен никаде од никаде. Проблемот овде е тоа што војниците воскреснуваат. Некои ден потоа, некои тек кога се заборавени, некои дури изгледаат помлади од кога умреле, најверојатно зошто никој не приметува дека некогаш веќе биле тука, но секој пат со сигурност воскреснуваат. Ова се воини кои Бог и Ѓаволот сигурно многу ги љубат, па кога го нема едниот другиот секогаш помага.
Тоа е така секогаш со Егото, газено и валкано од исконските сили на Идот од кои не создадоа боговите и навидум благородните сили на Суперегото, кои ги направи човекот за да им покаже на боговите дека е подобар од нив, а со тоа и надежно да ги убие.Кога би знаело Егото дека тоа е причината што тие воскреснуваат, би можело да ги уништи сите. Но како кога си газен толку долго што мислиш дека тоа е целта на твоето постоење? И зарем во целава работа има време и место да се замислиш над нешто?
 
Сосема случајно, додека поминував покрај едни бетонски тараби ,еднаш многу одамна кога едвај имав 11 години,прочитав еден невообичаен графит : ,,Јас сум над нив, а тие се длабоко под мене,,. Долги години кога ми беше многу тешко се сеќавав на овој графит и на неговото преносно значење во мојот живот. Долги години си помислував колку ли авторот се чувствувал значаен кога можел за себе да каже такво нешто. Долго време се мислам и сега и гледам ,дека ако истиот тој автор денес го погледне своето дело, нема да знае на кого да му го препише тоа ,,Јас,,. Зошто? Затоа што денес на кого и да му се обратиш,тој некој ќе биде истиот оној ЈАС, истиот оној кој ќе се чувствува високо над тебе, истиот оној кој ќе посака да те згази, истиот оној кој мисли дека скокоткањето на неговата глава не е шишката од косата ,туку облаците ...
Таму ли стигнавме сите ? Толку ли сме сите горе, што заборавивме дека чевлите на нозете ни служат за да газиме по земјата?
Новата кола е причината, новата облека е причината , па дури и новата маскара е причината.... Ја заборавивме ли вредноста на она вистинското човечко,она кога ќе влезеш во полна просторија со луѓе и сите ќе ти оддадат почит, не затоа што си нечиј син, ќерка , нечиј потрчко,нечиј партиски војник, туку затоа што си човек кој знае кој е ,знае што е , а уште поважно од се , не го покажува тоа ...
Можеби во животот некогаш и мене ќе ми фрчат суети без да имам натчовечка сила да се одбранам од нив, можеби , ќе се чувствувам како мравката што се обидува да помине со парче храна меќу мршојадците ,можеби , само можеби... Но нема никогаш да ја имам силата за да се замислам дека сум над нив , а тие се длабоко под мене....
Затоа што ,едноставноста и големината на човекот е во тоа да не се замисли..... Тоа е единствениот пат.
 
Уф, над што да се замислам? Има многу теми за замислување, прашање е над што да не се замислам. А се замислувам често т.е. постојано ми поминуваат прашалници кои ме замислуваат,некогаш пронаоѓам одговор, некогаш не.
Зошто толку многу шпански серии, сега турски, индиски...?
Зошто толку кич?
Зошто толку неграмотност?
Зошто?
Каде отиде етиката на животот и живеењето?
Каде отиде колективот?
И до каде ке одиме?
......?
Има уште многу за замислување!
 
Целиот живот ми е борба.
Се борам со ситуации, се борам со луѓе, се борам со професори, се борам со конкуренција, а најмногу, се борам со самата себе.
Борбите траат долго и се поклопуваат една со друга, како кога одеднаш удираат повеќе громови во едно дрво.
Животот во моментов ми личи на една таква бура. Ме дува силен ветер и стојам нестабилно на подлогата. Погледот ми шара лево десно, надевајќи се дека ќе разгледа што е околу него, но косата ми смета. Никако неможам да ги скротам тие прамени, тие емоции што неконтролирано ми ги затвораат очите.
Но знаеш, кога ќе се искачиш врз облаците, те огрејува сонце. Повеќе нема громови, повеќе нема ветар. Само сонцето и разбрането море од облаци под тебе. Бурата неможе да допре до тебе, бидејќи ти си над неа. Ја гледаш како беснее, но не те допира тебе. Тие громови, неможат да удрат во тебе. Тие можат само да одат надолу, кон луѓето што се на земјата. Облаците можат само да се спуштат надолу, неможат да се качат по тебе. Бурата не ти е веќе битна. Можеш слободно да и се изнасмееш in her face ! Те облева спокојство и мир..
Олујата е страшна, но само додека се плашиш од неа.
Пробај да се замислиш над облаците....
 
Што и да мислам ќе згрешам.

Сакам сончеви мисли, но умот ми е матен. Темнина лежи длабоко во моите очи. Сјајот речиси го нема. Музиката која ја слушам, се повеќе добива негативен призвук, а песната на птиците одамна сум заборавил како изгледа.

Светот околу мене е полн со лица кои ми создаваат немир, насекаде околу мене ланци и страдалници. Гледам погледи кои сакаат крвта да ми испијат, слушам зборови кои сакаат да ја уништат последната жива клетка во мене. Сакаат од мене да направат страдалник кој пати.


Почнувам да го презирам секој слушнат збор. Сакам засекогаш да исчезнам и позади мене да останат само моите траги, на еден маченик кој се борел за својот интегритет, за својот опстанок и за својот живот, но залудно.

И додека ги пишувам овие црни букви, ајде кажете ми што да смислам и Над што да се замислам?
 
Раскажете ми Приказна...
 
Онака,да пробам.



Велат секој крај на една приказна е почеток на нова.
Но зошто се фокусирам на нејзиниот почеток и крај?
Секоја приказна,сама по себе можеме да ја поделиме на бесконечен број делчиња,како поглавја на еден балет.
Танц.

Велат три нешта се вечни во овој универзум.
Смртта.
Лагата.
И љубовта.
Овие три нишки вечно ќе се преплетуваат низ нашите животи.
Барем така чув.
Но да се вратиме на нашата приказна.


Смртта,онаа темнина која не демне сите нас,но можеме ли без неа?
Ќе ја вреднуваме ли приказната ако таа го нема својот совршен крај?
А смртта е совршенство.Таа е неизбежна,објективна и во точниот час добредојдена.
Смртта е учител,наш личен Вергилиј додека шибани од студен сибирски вветер чекориме низ темнината на животот.
Стравот од неа е неоснован,но можам да разберам.
Во училиште,често ученикот се плаши од својот учител и добива впечаток дека тој сака да му наштети.
Смртта е наш животен сопатник,или како што велат
Death is the first dance,eternal.


Мојата приказна продолжува со најтенката нишка.
Лагата.
Толку многу има да се каже за лагата,толку многу зборови за измамата,за предавството.
Сите ние сме ја сетиле,сите ние сме биле повредени од неа,но дали учиме и од неа?
Јас знам,бев повреден,емоционално унаказен,предаден од најблиските.
Ја знам добро болката која ја предизвикува овој конец,и затоа можеби сеуште се плашам.
Да,навистина,јас се плашам повеќе од лагата отколку смртта.
Смртта е безболна,брза.
Лагата останува,остава белег.
Но,како и мускулното ткиво кое зараснува,зараснуваат и раните од предавството.
Нашето тело учи од лагата.Предавството е уште еден Вергилиј.
Deceit is the second dance,eternal.


И стигнавме до најголемата опасност за човека.
Не постои нешто што може да ја спречи,не постои ниту противотров ниту лек.
А сепак што се вели си ја бараме бељата.
Трчаме во нејзините прегратки со срца полни доверба и игнорантност.
Љубовта е најопасното оружје,таа разурнува градови,уништува животи.
Но во контраст,таа лекува, подмладува,поттикнува да се продолжи да се чекори низ животот.
Не се противам,всушност како и смртта ја пречекувам како пријател.


Love is the dance of eternity.

Кус Dream Theater refference,приказна која секогаш ќе успева да допре до мене.
 
Почнуваат, но никогаш не завршуваат. Истите тие приказни.

Секогаш мутираат преку јазикот на циклусот кој ни самиот незнае каде е зачнат. Дали во пренаталната фаза, дали во фазата на распаѓање ... дали и е воопшто битно како ќе се сврти почетокот.

Има приказни кои тој ги раскажува секогаш со затворени очи. Соочувањето од вистината останува на неговите трепки и полека се разлева како дождот кој никогаш не посакал да се одели од топлината на облаците.

Таа своите приказни секогаш ги поклонува на тишината. Во обидот да ги раскаже секогаш сака силно да ја прегрне својата воздишка, да ја налепи на себе како последно делче од мозаикот кој одамна останал без самолепливост.

Постојат и тие кои секогаш приказните ги испуштаат. Таму, во тој прав секогаш е најтешко да се пронајде повеќе од она што може една шахта да преголта. Во отворот на длабочината никогаш не проверуваат што треба да се спушти, дека може и епилогот да биде кулминација ... и кулминацијата `ркулец. Но, ништо без почеток.

Постои една голема утроба која вреснува пред секој плод. Секое утро фикцијата и носи нов крик на новороденче ... во првите зраци на создавањето сака да му поклони нота која ја отсвирела само за него. Интонација по која ќе го препознава и кога ќе се констриураат длабоките, цврсти ... никогаш завршени приказни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom