Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Потсетник

Има ли поголем потсетник од меморијата? Има ли поголем потсетник од мислата на некоја личност? Личноста што ја сакаш можеби? Личноста која ти го уништи животот? Личноста што те сака? Личноста што никогаш не ти кажа „Благодарам“ за жртвата кон неа? Се сеќаваш ли на тоа чувство? Како тие направија да се почувствуваш, сите овие личности?
Најдобар потсетник ми е тоа. Сеќавањето. Не ми требаат дневници, не ми требаат разговори на ем-ес-ен, не ми требаат пораки во телефонот, не ми требаат слики на facebook, не ми требаат тетратки исцртани со bff и нашите имиња од страните. Не. Ништо од тоа не ми треба. Безполезно е. Извинување? Ни тоа не ми треба. Мжеби нема да се сетам кои зборови ги употребивте, или кои зборови не ги употребивте, но, секогаш ќе се сеќавам како направивте да се почувствувам. Бедно. Како ѓубре фрлено на патот кое го газат сите коли кои поминуваат со огромна брзина, како партал облека кој ромите го украле од некого, а сега го фрлиле покрај некој градски контејнер. Ја чувствувам смрдеата што се шири од вас. Таа енергија која е одвратна. Одвратни фрекфенции. Ми се крева стомакот, јадењето ми се враќа од смрдеата. Киселините на желудникот ги чувствувам во устата, а градникот ме притиска толку јако што едвај дишам. Љубовта кон вас ми бледнее, нема љубов, мртва е...
Колку повеќе мислам на вас, толку повеќе ми се враќа истото чувство. Навистина, мајка ми беше во право, повторно се сеќавам на нејзините зборови „Не верувај никому, ниту на себеси. Верувај Му само Нему.“
Ја научив таа лекција. Таа мисла ќе ми биде потсетник засекогаш...
 
По долг долг период, темава не знае да падне во заборав, таа ми е вистинска... Опсесија
 
Опсесија

Залез на 15от век. Милано, град со валкан плоштад, а во некое темно негово ќоше стои Леонардно, ерудитот, облечен во смрдливи партали. Навидум, тој како да го гушка Сизифовиот камен, како да се сплотил со него. Но, сепак не е така. Се чини, Леонардо не го чул никогаш тој збор, или пак му е премногу туѓ и неразбирлив.
Пред еден час, тој беше навреден од генијот Микеланџело. Од генијот кој е поддржан и финансиран од најбогатите мецени на овој град.
Чудно, премногу чудно.
Микеланџело се плаши. Тој го чувствува него како ривал. А Леонардо, силно се убедува дека квалитетот е подобар од квантитетот. Таа слика, таа што го измачува ден и ноќ, мора да ја наслика на негов специфичен начин, со негова автентична уметничка техника.
Таа слика... Неговата опсесија.

Што се однесува пак до противникот...противник? Нему никој не му е противник. Другите така велат и озборуваат за неговото постоење и дејствување.
Тој не мисли за тоа туку стои во аголот и сака баш како темнината што го забрадила овој дел од градот, да ја наслика косата на неговата Мадона.

Не е добра оваа тегоба. Воопшто не е здрава за неговото здравје. Го измачи, му го украде сонот, му го уништи апетитот.
Ги занемари претходните проекти, за анатомијата на човековото тело, за машината што ќе се вивне во облаците... За нив има време. Тие ќе бидат следните мачења.
Сега на ред е портретот на доната. Унукум- тоа мора да е крајниот производ од моменталната опсесија.
Денес е опседнат со косата, вчера беше со очите. Прво, ќе ја направи косата. Некако таа боја му се виде попроста, подобро кажано-не толку сложена. Погледот мора да биде што позагадочен. Токму таков каков што го гледа визуелно пред себе кога ќе замижи, како најтемен бадем кој не кажува дали е тажен дали се смее. Дали е жена невеста, или жена вдовица, или пак ни едно ни друго. Можеби, родилка... можеби самиот тој во женско тело.
А може и тоа да е ликот на отелотворената леонардова опсесија.
 
Уште една ноќ без сон.
Несоницата велат е пресметка со себеси...но оваа вечер не мислам на себе,оваа вечер твојот лик го краде мојот сон.Не сакам да заспијам,сакам само да потонам во твојот мирис кој се врежува за мене секојпат кога ќе ме прегрнеш.Со тебе секој збор што ќе го кажам е оној вистинскиот,што навистина сум го помислила...нема размислување,нема извртувања-само чиста вистина.

Кога би знаел само дека си ми опсесија,кога би знаел дека го знам точно секое твое движење,дека ја обожавам твојата насмевка и тивкиот,смирен говор кој ме прави да се чувствувам сигурна после толку долго време.
Опседната сум од твоите чувства за мене...кажи ми уште еднаш дека ти требам!Никогаш нема да ми досадат тие зборови.
Ти си човекот кој се буди со насмевка на лицето затоа што знае дека ме има покрај себе,ти си човекот кој ми се јавува наредната минута откако ќе замине затоа што веќе му недостасувам и сака да ми го слушне гласот...повторно и повторно...јас ти ја давам силата која ти е потребна,а ти ми ја даваш заштитата за која копнеев.

Го ценам секој момент со тебе,тогаш не постои никој и ништо освен ти и што и да се случува понатаму со нашите животи никогаш нема да те заборавам,знам дека ќе ми бидеш вечна опсесија,но не онаа деструктивната,напротив...онаа која ме прави свесна за сопствените квалитети и ме мотивира постојано да продолжувам напред...опсесија од твојата љубов која успеа да ги стопи сите мои замрзнати очекувања и ме натера да им се заблагодарам на сите изминати “ѕвезди Северници“ кои ми го покажуваа патот до тебе,опсесија која ја делиме двајцата истовремено еден за друг.

Најчесто луѓето се опседнати со нешта и личности што не можат да ги имаат,а јас веќе те имам тебе и сепак сум опседната од убавината и длабочината на твојата душа.Најчесто тоа е само илузија,а се што се случува со мене и тебе е вистинско.И токму таа контрадикторност не одржува заедно.

Јас и ти сме створени да им докажеме на другите дека постои нешто што е повеќе од опсесија...нешто кое тешко се добива,а уште потешко се задржува,но кога вреди да се бориш за него тоа е најубавото нешто на светот и конечно нешто кое освен што го пишувам,го чувствувам вистински со секој здив,со секое ширење на зениците,со секој допир и бакнеж...би го осознал секој што има желба да ѕирне позади сите површни работи и секој кој не се плаши од тоа што навистина го чувствува.Опсесијата е само клучалката на вратата...отворете ги убаво очите и дозволете им да ја видат љубовта.
 
Игнорирањето не изгледа толку лесно кога тоа е личноста што си ја сакал најмногу. Се доведов до ситуација да бидам принудена на тоа за да сфатам што се крие под мирниот вир.
Не ми беше ни прв ни последен. Сум имала дечковци, ќе имам и во иднина. Но, тој беше нешто поинакво. Мислев дека го сакав повеќе од се на светот. Она моето навистина беше чиста љубов кон него. За згоден, беше, да.. но не ме интересираше тоа толку. Тонев во неговиот поглед. Го обожавав секој дел од неговото бистро зелено око со мојот лик во отсјајот. Неговата голема насмевка со бисерно бели заби. Неговата темна коса со која си играв. Неговата цврста прегратка. Неговите бакнежи.
Бев целосно затрескана во тој човек. Неговиот лик во моите очи беше совршен. Бев убедена дека сум допрела до неговото срце и многу му значам за никогаш да не ме повреди. Мислев дека тој е она што го барав.
Никогаш не се расправавме. Прв пат се чувствував поинаку во една врска. Немаше никакви сексуални активности, за да си кажев себе си дека тоа ме привлекуваше кај него. Едноставно го сакав. Или.. само така мислев.
Бев опседната со него. Ми беше во мислите постојано и секаде. Мислев дека сум го преминала прагот на заљубеност многу брзо и го чувствував она вистинското за него. Но, само мислев.. Мислев многу нешта кои на крајот излегоа поинаку.
Начинот на кој тој ме гледаше не можеше да се земе како лажна заљубеност според моето гледиште. Сакав да верувам дека во неговиот свет јас сум се, како што тој беше во мојот. И верував. И така слепилото од љубовта ме надвладеа мене, моите чувства и самоконтрола. Се изгубив во нашиот свет. Не сакав да излезам по никоја цена, сакав да верувам дека тоа ќе трае. И траеше.. но, релативно кратко.
Се доведов во ситуација опседнатоста да ми го надвладее разумот. Не верував во тврдењата на сопствените мајка и татко. Не сакав да чујам никаква негативност за него. Што и да му се случувало во минатото и сегашноста, тој со мене се однесуваше совршено. Како што не би замислила дека едно машко би можело да се однесува.
Не можев да гледам подалеку од неговата силуета. Забележував некои недостатоци, кај него и кај нашата врска, но ги занемарував. Не сакав да постојат. Сакав се да е совршено и ги порекнував. Премолчував и си ги носев моите розовки очила. Се преправав дека сум слепа и глумата ми прејде во навика. Опседнатоста не ми дозволи да влезам подлабоко во неговата личност, иако го сакав и сакав да го знам секој детал за него и неговиот живот.
За еден ден, по толку пролеани солзи по него да сфатам дека моите родители сепак ми посакувале најдобро со нивните советувања. Зошто би биле против мојата среќа ако се беше навистина совршено?
Сето тоа, за еден ден да се ужаснувам од личноста со која сум била. Се ужаснав најмногу од самата себе што дозволив да се опседнам толку многу, што не перцепирав други човечки суштества. Кога се навратив на тоа дека се лажев самата, сфатив, не го сакав повеќе од се на светот. Тој беше само пречка, темна сенка која ме следеше насекаде и не можев да видам зад него. Таа сенка за мене некогаш беше сончев сјај. Неговиот поглед топлина за мојата душа, неговиот допир топлина за моите раце.
За денес да се сеќавам на таа опседнатост и да се гадам од човекот за кого некогаш чувствував нешто. Кој некогаш ми беше во мислите повеќе од се останато. Некој кој ми беше многу важен, стана никој и ништо за мене. Сета таа опседнатост избледе до тој степен за толку кратко време и направи сите чувства да исчезнат. Таа опседнатост спречи да го видам со вистинските очи. Таа опседнатост го забрани она што денес го гледам на улица, она за кое веќе не го чувствувам она пријатно скокоткање во стомакот кога ќе го здогледам.
Зависноста, опседнатоста со него не ми даде да видам дека тоа не беше она вистинското за кое мечтаев.
 
Верував и се надевав.
Заборавав како тече времето.
Го игнорирав звукот на сказалките од ѕидниот часовник.
Го исклучував фактот дека сонцето изгрева и заоѓа.
Од време на време се фаќав себе како не размислувам на ништо друго. Мислите ми летаа на сите страни но секогаш ја враќаа истата информација. Би сакал само да дознаам зошто? Зошто јас бев оној кој мораше да изгуби третина од сопствениот живот размислувајќи на тој мал детал. Таа ситница која ме оставаше без сон, која ме гушеше кога пробував да земам здив.
Секогаш сум заглавувал во сопствените мисли но и секогаш сум го наоѓал патот надвор кон слободата.
Овој пат беше различно. Обидувајќи се да ја најдам причината за тоа, западнав во дупка во која со секоја симната скала подолу, се губее таа горната за да не можам да се искачам назад.
До крајот на животот ќе ја проколнувам таа моја никаква особина. Таа моја опсесија секогаш да го наоѓам логичното во нелогичното.
Се мразам себе и си ја мразам опсесивноста.
 
Кога бев помал дедо ми раскажуваше приказни за ѓаволот кој доаѓал за да ти ја купи душата, во замена за исполнување на сите соништа кои некогаш си ги имал. Некој селанец одамна си извадил доволно добра плата од кралот пишувајќи ја таа приказна. И каде е тој проклет ѓавол со кој треба да се тргува? Знае некој? Или го измислија само за да им дадат надеж на малите деца дека некогаш можеби ќе можат да го достигнат недостижното, макар и по цена на себеси? Премногу илузии постојат во светот на бајките. А јас немам ништо повеќе отколку душата. Само што изгледа и таа полека ја губи својата пазарна вредност....
Утрово (во 14:30 да знам и не е баш утро) кога едвај ги отворив очите, повторно првата мисла ми беше – каде е убавината? – Жалев што не можам да ти посакам добро утро онака како што сакам и заслужуваш, наместо со евтини зборови. Уште жалам што не можам да поминам со прстите низ твојата бушава коса, да те бакнам на очите, токму во моментите пред да ги отвориш. А потоа дојде и стравот, прашањата: Што ако некој друг го прави тоа? Што ако некој друг те милува, кога не можам јас? Што ако....Ах размислувам така за сите нешта кои што некогаш сум можел да ги имам и веќе изгледаат смешни во споредба со тебе….
Четирите ѕида во мојата соба не паметат кога последниот пат виделе толку убаво лице. Меѓу нив постојано одекнуваат звуците на оној дрварски бенд кој бескрајно ме потсетува на тебе. Повремено ги прекинуваат стиховите од онаа наша песна, истата песна која личи како да била напишана според нашата приказна. И толку. Се потаму е само една слатко-горчлива опсесија со тебе и твојата прекрасна душа. Нешто што не можам да ти го доловам со зборови....

Кажи ми дека тебе не ти е исто. Кажи ми дека можеш да мислиш на други нешта како што одминуваат секундите. Кажи ми дека не почнуваат обичните работи да ти изгледаат безначајни. Кажи ми дека можеш без мене. Кажи ми и ќе престанам да го барам ѓаволот, не ќе сакам да му ја продадам душата и не ќе се трудам да завршиме заедно! Кажи ми.... ако можеш.
 
Опсесија
Ме уби со неколку зборови. Ме проголта целиот, со сите мои соништа. Мојата радозналост ме натера да те засакам. Тогаш, зошто кога ти е тешко ја ставаш твојата глава на моето рамо? Зошто ме тераш заедно да гледаме, како луѓето доаѓаат и заминуваат, низ прозорецот? Зошто морам да бидам тажен, кога и ти не си среќна? Твоите солзи имаат толку немирен вкус.
Ти и јас нема да одиме во рајот. Тоа го знаат сите луѓе од овој град. Ти и јас не ни сонуваме за рајот. Тебе ти е убаво да ме мразиш, јас уживам да сум твој. Твоите зборови ме убиваат. Ајде да молчиме засекогаш.
Љубовта е најголема измислица која владее со светот. Љубовта никогаш не била жива, таа не може да умре - затоа што никогаш не се ни родила. Ако сите свои темели се поставени на таа голема лага, тогаш и ти не постоиш. Ти си бледа како неа, љубовта. Тоа што ме поврзува со тебе е само хемија. Животното во мене е тука, јас правам се за да те изедам.
Ти не си ништо друго освен мојата нова опсесија.
 
Опсесија

О опсесијо!
Чудесно чуство.
Од каде наеднаж ти?
Ме мачиш веке со години.
Замини си,остави ме на мира за да можам да продолжам понатаму.
Тешко е со тебе.
Ме полудуваш секоја измината минута,час,ден,недела,месец и сето тоа се претвори во години и години.
Години исполнети со прашања:
Зошто,дали,како што.
О опсесијо,ме убиваш полека но сигурно.
 
Опсесија

Да, кажам или да премолчам.

Да споделам со светот или да го оставам длабоко во мене.

Да го урнам денот со вистината или засекогаш да го закопам во длабоката тишина.

Да пуштам глас или да потонам во тишината која е околу нас.

Да продолжам да размислувам или засекогаш да заборавам.

Да кажам збор или зборот да остане мистерија.

Да остане заборав или вечна опсесија.

Времето ќе покаже!
 
Ме сакаш како никоја до сега што не си сакал. Ме почитуваш како никоја до сега што не си почитувал. Ме молиш како никоја до сега што не си молел. Јас сум била твоја инспирација за да направиш некои големи чекори во твојот живот. Големо внимание добивав од тебе. Правиш да се чуствувам како принцеза...
Зошто тогаш не ги разбираш зборовите што ти ги кажувам???
Страв ми е.... најверојатно од твојата љубов....никогаш до сега такво нешто немам доживеано.
Те сакам и јас тебе, ама повеке се сакам себе.
Ми треба слобода, а твојата љубов ме гуши!
Премногу си опседнат со мене и не можеш да се помириш со тој факт и не ме пушташ да живеам!
Не можам така да продолжам!
Те сакам и те почитувам. Ти благодарам за се што си направил за мене. Ќе заборавам на лошите моменти, ќе ги паметам само убавите нешта што ги имавме јас и ти!
Ама сега засекогаш те напуштам! ПРИФАТИ ГО ТОА!
Ме убива твојата опсесија!
 
Опсесија

Блесна во моите очи како зрак утринска светлина. Толку топла, нежна и полна со живот, а сепак толку далечна. Застана крај мене не забележувајќи го моето присуство. Целосно вкочанет пробав да го трнам погледот, но неможев. Дури и неможев ни за миг да ги склопам очите. Ставував дека кога ќе ги отворам, тебе ќе те нема. Живеејќи во моментот кој вреди многу повеќе и од целото богатство на некој непознат милијардер, животот си го замислував како сцена од романтичен холивудски филм мечтаејќи по хепи ендот. Заборавив на се. Сите мои страсти и опсесии беа насочени кон сликата интегрирана во мозокот пренесена преку сетилото за вид. Колку само посакувам да те видам барем уште еднаш. Ти си мојата тајна опсесија.
 
Темница. Наеднаш скокнав од креветот. Рацете ми беа со крв. На креветот немаше никаква дамка од крв. На мене носев црвена кошула и плави фармерки. Чекај малку , јас немам црвена кошула. Тоа беше мојата бела кошула измачкана со густра крв. Истрчав во купатилото и ги соблеков кошулата и фармерките. Ги фрлив во машината за перење а потоа ја пуштив чешмата да тече слободно во кадата. Водата беше студена. Влегов во кадата. Бојата на водата се промени, сега беше црвена. Потемнуваше се повеќе и повеќе. Студенилото ме убиваше. Излегов од кадата. Се вратив во спалната соба и на креветот ја затекнав мојата неверна девојка. Истата онаа која ме изневери со мојот најдобар другар. Беше целата во крв, а во средината од челото имаше дупка. Пополека отидов до бирото, го зедов пиштоло. Го ставив во својата уста. Го извадив.
Се слушна истрел.
Мојата неверна девојка доби уште една дупка во нејзината глава.


Овај кошмар беше мојата опсесија. Убиството на мојата девојка беше опсесија.

Сеуште ме нема изневерено!
 
Опсесија

И за вас тоа е проблем?
Јас не знам како да живеам без да бидам опседната со билошто.
За мене опсесијата е lifestyle.
Еднаш порано не можев да наидам на проблем кој би ме опседнувал.
А проблемите ги обожував...и тогаш дојдов до совршена идеа да се опседнам
со самиот збор проблем или со самата идеа дека си имам проблем и тоа верувајте ми успеа.
Постојано размислував кој ми е проблемот кој е центар на
мојата опсесија и сакав да се ослободам од него.
Со тек на време заборвив дека проблемот го создадов јас и дека во суштина
тој не е реален. Тој постои само заради мојата потреба од опсесија.
Тогаш ми стана јасно дека јас не е личност во која треба да имам
доверба. Никогаш повеќе не измислував проблеми чекав самите да
стигнат. Човек ќе се умори од се, а една опсесија
не е баш спорт за секојдневна употреба.
 
Опсесија

Не навлегувам во етимолошкото значење на зборот но мене ме асоцира зборот опсесија на некој турбо фолк хит. Еве да сум јас како Туцаковиќ или Рамбо Амадеус (Да Рамбо пишува песни за Драгана Мирковиќ драги мои како што вика Фрчковски во Дневник, леандра на форумов и Ристо Вртев во Драги Мој, Рамбо не за џабе е основоположник на турбо фолкот и светски мега цар)

Да одиме со Опсесија и јас како Рамбо ќе се потрудам на направам еден хит еве да речам за Тијана Дапчевиќ демек наше чупе Македонско

Првиот стих би одел вака

Нисам мого да спавам данима (знам дека се спие навечер ама ова песна адресира до малку поинтелегентна публика така што одма заклучокот е дека нашиов херој е боем, ноќна птица, убершвалер)
Волио сам да мисле одлете као ластавица (мислам тука се знае дека на што се однесува, нашиот херој докажува дека има поетска жичка во него и ластавица е нов почеток или пролет)
Не плачем над својим јадима (мислам само погледнете ја римата (данима - јадима) и херојство пренесено со еден збор генијално!!!)
Носим левом руком кабаница (се гледа по ова дека нашиот херој е малку ретро и во години или подобро кажано искусен)
Док киша лије и сунце сија у нашом улицом (овде е само синтаксичка игра за да се долови виножито и романтика)
Ја прикривам своје сузе од случајником (нашиот херој е емоционален тип значи не е пичка да кука ами нешто како Сталоне во Рамбо 2 кога плачеше дека го продала државата)

Реф (1x2)
Ти си моја опсесија...................... (се знае)
Волим твоје плаве очи боје неба (типично дудлање)
Ја сам опсесивно - компулсиван кад те нема (дудлање со уфрлање непознат збор за голем дел од публиката од ваков жанр)
Остачеш заувјек иста (стих од Здравко Чолич за подсвестно стимулирање)


Идем старим возом у непознато (Возот е ретро но е секогаш во мода, затоа е препорачливо да се спомне)
Док отворам писмо које је пожутило (Исто така делува сентиментално старо писмо)
И на њега само твоје речи (Реков нашиот јунак знае да љуби)
Вратичу се следече лјето (Значи му ветила дека пак ќе се видат едноставно е ова)
Тражим наше дрво и сенке (Евидентно е дека шета сам нашиот јунак значи е сингл или пак јас би рекол итс компикејтед статус на фејсбук)
Где смо чекали звезде падалице (Поромантично Казабланка)

Реф (1x2)
Ти си моја опсесија......................
Волим твоје плаве очи боје неба
Ја сам опсесивно - компулсиван кад те нема
Остачеш заувјек иста


Значи ова е само груба верзија сепак треба да се обработи опсесивно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom