Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш повеќе не ја видов. Во тоа време броевите се запишуваа на ливче, но јас го загубив нејзиното. Каков несовршен начин. Нема идеален. Потсетник
 
Што ако го имам твојот број? Не го изгубив,не го избришав...само не го бирам повеќе.
А твојот контакт се издигнува над стотиците други во потсетникот и ко за беља секогаш кога барам некој морам да ја поминам и страницата каде што си запишан ти...

Додека уживам во свежината на дождот размислувам дека поголема ми е желбата да те сретнам некаде случајно отколку да ти се јавам. Којзнае зошто е тоа така...којзнае дали воопшто ќе те видам пак,па макар и случајно...
Знам дека некаде ги правиш сите други среќни,а јас чекам...ни самата незнам што чекам.
Еден ден сум хероина која не дава другите да и помогнат,која силно се спротивставува на сите и им помага на безнадежните,а друг ден пак јас сум таа безнадежната и чекам некој да ме спаси од самата себе и од црните мисли кои ми виреат низ главава.

И од каде да знам дека тој топол поглед е за мене? Од каде да знам дека таа твоја специфична насмевка е за мене? Од каде да знам дека твојата прегратка е искрена? Од каде да знам дали твојот чекор со мојот намерно или случајно се поклопува?
Јас ќе ти кажам...само едно нешто знам-дека подобро е вака кога си ми во мислите и сум сигурна дека те имам,отколку да те имам навистина покрај мене но твоите мисли да не ми припаѓаат мене.
Криво ми е што не ја ценев доволно средбата за која што чувствував дека ќе биде последна како што беше последен твојот допир на мојата половина.

Мене не ми е потребен број за да се сетам на тебе...тука си постојано и ми преостанува само да чекам мирно додека ти не станеш свесен за моето присуство или барем додека моето име не заигра пак низ страниците на твојот потсетник.
 
Не ми е потребно потсетник за да знам дека сеуште си тука, не е потребно да пушташ кратки сигнали на мобилниот за да знам дека мислиш на мене, не е потребно секој ден со другарка ти да доаѓате на кафе само за да ме потсетеш дека ти недостигам.
Немој да мислиш дека не ти обраќам внимание затоа што не враќам на твоите сигнали, немој да мислиш дека и ти не ми недостигаш ако и јас не дојдам да те видам, тоа е само заради тоа што немам кредит за сигнал и сум изгубен во времето, а во мојот потсетник те нема никаде спомнето затоа што цело време мислам на тебе.
 
Потсетник

Работите секогаш ги пакувам по кутии. Педантноста ми е наследна, како и особината секогаш да се приврзувам за луѓе, настани и минатото. Одвоено држам две кутии, за да не станат дел од хаосот кој настанува по одреден период кој само јас го чувствувам околу мене.

Кутии како кутии, правилно склопени квадари, математички прости за правење, далеку понесовршени од кругот. Сакам драматизирање и сложени метафори, но оваа е многу првоодделенска: компарација на двете кутии.

Едната е розева, со срциња и светки на неа, преполна со работи кои човековиот ум неможе да ги препознае на прв поглед, некои затоа што се стари, некои затоа што немаат смисла. Кој би рекол дека скршена штипка за коса е највредното нешто во таа кутија, барем за мене. Или капачето од пиво, истрошеното пенкало, и изгужваниот лист во форма на топка? Подлабоко можат да се забележат разни глупости: од шкртаници, цртежи на виножито и пеперутки до пишувани текстови од песни, потписи, разговори на лист хартија кои се дел од играта мсн која се игра кога е досадно на час, па се до прамен коса, за кој некој би помислил дека се занимавам со црна магија. И сето тоа има некакво значење. Дури не знам што има на дното!

Другата кутија е црна, стара, полуискината и празна. Нема никакво значење. Ниту ме поврзува за нешто, но ја чувам.

Сакам да пребарувам по розевата кутија, но прави да се чувствувам нервозно, сите тие спомени и сеќавања ми вршат притисок и станувам параноична.

Затоа е тука празната црна кутија. Затоа што колку и да неможам да ја фрлам розевата кутија со сите сеќавања, понекогаш е добро да не се потсетувам на ништо и да ја отворам црната.
 
Ги памтам четирите денови во кои бев најсреќна, а тоа се деновите поминати со тебе. Не е битно тоа што си далеку од мене, не е битно што не знам кај си во моментот, со кој си и што правиш. Не е битно дали мислиш на мене, како што јас мислам на тебе. Не ми е битно дали имаш желба пак да ме видиш. Не ми е битно дали се потсетваш на моментите поминати со мене. Ме радува тоа што тие четири дена ти имаше преголема потреба да ме гледаш мене. И навечер пред да спијам се потсетувам на се во врска со тебе. Барем тоа ме прави среќна, што барем еднаш беше дел од мојот живот. Што барем еднаш имав можност да те гушнам и бакнам, без разлика дали тоа некогаш пак би се повторило. Ти си мој потсетник, да ме потсетиш дека четири дена живеев во бајка. А за другото, тука е мојот мобилен телефон во кој на календарот се заокружени тие денови, за да не ги заборавам датумите во кои јас бев кралицата а ти мојот крал.
p.s. МИ ФАЛИШ!
- Да те потсетам за да се повтори пак? :)
 
Ги избришав сите твои пораки за да не ме потсетуваат на тебе.Го избришав и твојот број и те избришав на сите можни начини само за да не се потсеќам на тебе.Добро, уште го памтам твојот број, но која е поентата, кога и онака не планирам да те сторнирам.
Те закопав во најдлабоката дупка во најдалечната шума, за ако некогаш паднам во искушение да не можам да те пронајдам и откопам.
Ги закопав сите моменти, спомени,бакнежи,солзи, разделби...но сфатив дека ми е џабе.
Потсетникот не можам да го закопам.Не можам да ги соберам сите оние места,клупи и зелени треви кои ужасно ме потсеќаат на тебе.

И одеднаш ми текна.Зошто мора да го фрлам потсетникот кога едноставно листот на кој си ти можам да го искинам и да почнам нов, бел празен и чист лист одново но без тебе.А оние места ќе бидат ново поглавје со нови спомени , но не со тебе...
Создавам нови спомени, нови листови и страници од мојот потсетник без тебе...
 
Се прашувам зошто никогаш не сакав потсетник? Некои тоа го правеа со фотографии, други си запишуваа, трети чуваа некој предмет или го паметеа датумот... Но мене некако ми беше апсурдно цела таа симбиоза од чувства, временски димензии и лица да ја сместам само во една бројка или пиксели...
Или пак едноставно така несвено ја покажувам мојаат мечта во секое ново утре да имам нешто повредно за кое ќе треба да направам потсетник? :toe:
 
Во времето една што ја дупев ме однесе на концерт за Балашевиќ за да провери дали Фауст се реинкарнирал во мене или под маската се крие едно емотивно пиченце во душа кое добро ебе (ова аут оф рекордс).
За сите психоаналитичари на форумов само да спомнам дека Фројд бил пропаднат лекар кој почнал да пишува книги од пуста сиромаштија и ја измислил психоланализата за да напрај камен така да латентноста не е во корелација со моето последно писание стварно добро ебам (и ова аут оф рекордс).
Петко реши да му го земи здравјето на двајцата браќа кој му влегуваа во нивата секоја година по две бразди со плугот една за време на пролетно орање и другата за време на есенското орање.
Ја откопа пушката од плевната, подмачка и пак ја врати назад. Жената му Доста умре уште пред 15 години кога една навидум лесна операција се искомпицира, не помогна ниту кандилото што го палеше секој ден, молитвите ниту пак кантите сирење кој ги влечкаше по болниците и ги делеше на докторите.
Читав една кратка лекција од Вонегут за пишување на раскази, најважно од се беше на главниот јунак да му се има случено или случи нешто ужасно, доволно е само еден од карактерите да биде позитивен или како што сака да каже тој ако го отвориш пенџерето да излегуваа само добра енергија може да добијаш само настинка од промајата.
Синовите му заминаа во градот да студираат, завршија факултет и заминаа во Австралија. Не сакаше да ги задржи тука и да можеше нели цел живот се бореа со друшката да ги изведат нив на прав пат.
Колку пати само ржан леб има јадено за да му купи нови патики на синот, никогаш не се жалеа дека немаат дури и позајмуваа на комшиите пари за да купат машина за перење додека овие сеуште рибаја со четка на камењата во реката со вода сварена во казан и црпалки направени од тиква.
Карлос Сантана кога бил мал и никој не знаел дека ќе биде тоа што е сега единствена желба му била да собере некогаш доволно пари за да и купи на мајка му машина за парење.
Утре сум овчар си рече Петко, се менуваа на три дена сите што имаа помали стада за да можат и друга работа да фатат преку ден и го наседла магарето за да види до кај се меѓите во нивите.
Кладе леб и сирење во торбата и се упати во плевната каде што ја откопа малихерата. Ја подзакрија под самарот и тргна до ги види нивите, со Мурџо кој одеше по него и вртеше со опашките.
А1 Екслузив- Парис Хилтон не спиела 7 дена за да му даде име на прасето нејзиното најново милениче
Во времето нашите стари биле едноставни ако кучето е сиво се вика Мрчо, ако е бело тогаш е Белчо, ако е црно тогаш е Караман ако има долга муцка тогаш е Лиско, германски овчар е Волчко и точка нема машко и женско.
Имањате Џеки, Меки и што знам се само влијание на холивудската машинерија и не се соодветни за ова поднебје.
Петко ја извади пушката и испука два куршуми на браќата кој ораа во нивата и ги довлечка под багремот да не ги лазат муви во горештината и плукна ах ќерата колете ме, бесете ме ама правда е правда, и суд си е суд.


Инспирирано од Не ломите ми багрење
 
Би сакала да сум првото нешто кое ке го здогледаш на утро, да се трлкаламе во креветот на вода, иако претесен за нас.
Би сакала да појадуваме заедно,ти тост а јас цвекло, и покрај тоа што ке станиш згрозен од масата.
Би сакала да се санкаме, газејки и туткајки ги нежните снегулки кои се рафрлени низ земјата.
Би сакала да се капиме, педалинкки, сонце, плажа, се што потсетува на лето сакам да пробам и посетам со тебе.


Но тука е едно ливче, да ме потсети, дека од 12.01.10г. ти веке не си мој, а и јас твоја.Ти имаш нов живот, далеку од мене, со нова типка, а јас останав овде, со желбата за повторно ние, и со потсетникот, да се будам секое утро.
 
Many rivers to cross, Џими Клиф. Топ пет најтажни песни од Квин.
1. Bohemian rhapsody
2. Who wants to live forever
3. Too much love will kill you
4. Love of my life
5. Save me
И пак многу реки за поминување. Од вчера до денес потсетников ми е цел рашкртан. Имам слушнато од порано уште, дека ракописот многу влијае на тоа какво ти е расположението. Ако си добро расположен имаш убав ракопис, а во спротивно пишиш нечитливо и грдо. Мојов е многу тикварски. Потсети се денес за ова.
Потсетник: во сончеви утра слушај Битлси, кога е облачно почни го денот со Пинк Флојд, а ко ќе е врнежливо обавезно со Ролинг Стоунс а ако е веќе по избор Wild Horses нека биде.
Потсетник за преку ден: колку што можиш избегавај да влезиш во кафич со моронска музика.
Потсетник за навечер: ако си сам опасно е да се слуша Демиен Рајс, Леонард Коен и останати поети, тешко дека нема да посакаш да се фрлиш низ прозор.
Потсетник за навечер број 2: ако си со женска обавезно Џон Скофилд и веќе ебиш после втората песна.

Многу важен потсетник: пак провери дали насловот на темата е Потсетник или веќе тој наслов поминал.

Топ пет најтажни изгуби на Милан:
1. Финале ЛШ 2005 година против Ливерпул.
2. 2004 година против Депортиво.
3. 2009 година против Интер
4. 2009 година против Вердер.
5. 2008 година против Арсенал.

Потсетник со големи букви: кажи дека здравјето е најбитно и легви да спијаш.
 
Сепак одлучи да отиде.
Беше толку заинтересирана за аудицијата, но беше толку талентирана, воедно и горда дека `и нема конкуренција.
И беше вистина.
Имаше нешто посебно во неа.. како да имаше туѓи, афро-американски корени. Така велеше и самата, на шега впрочем.
Танцувањето беше нејзиниот живот. Живееше да биде инспирирана. Обожуваше да гледа потези од најуспешните и без многу труд и вежбање успеваше да ги совлада чекорите. Ги вложуваше срцето и душата во танцувањето. Навистина го чувствуваше сето тоа, даваше се од себе и добиваше заслужена почит и восхит. Никој не се осмелуваше да `и се спротистави. Не се плашеа од ничиј пораз, само знаеја дека не може да биде победена и `се што сакаа е да уживаат во она што го гледаа пред себе. Таа правеше шоу за сите.. Одредени оставаше со воздишки, одредени со љубомора, а некои со широка насмевка.
Длабоко во себе сакаше да присуствува на аудицијата. Отиде само како набљудувач за да види како се одвива. Гледајќи ги натпреварувачите се поттикна толку силно, се возбуди и сакаше веднаш да отиде на подиумот и да ја пренесе наполнетата позитивна енергија. Му пријде на еден познаник од членовите на жирито, а тој беше изненаден што не е пријавена во првиот круг. Беше превозбудена и само извика да ја стават на списокот за вториот круг утредента.
Љубителка на забавите, каква што беше, вечерта реши да прослави со другарките во локалниот клуб. Цела вечер танцуваше и се забавуваше до рано изутрината.
Наредното утро се разбуди во 14:00. Аудицијата се оддржуваше од 12:00.
Се разбуди со насмевка, исполнета од танцувањето, но доцна за аудицијата. Го проколнуваше тој нејзин потсетник, иако самата беше виновна што заборави воопшто да го вклучи алармот. Беше нервозна и отиде во студиото да ја истресе негативната енергија, повторно преку танцот. Кога заврши, уморна лежеше на подот гледајќи се во огледалата. Наеднаш стана и истрча.
Отиде на аудицијата каде жири комисијата ги средуваше документите. Сите ја очекувале толку многу, што решиле да `и дадат уште една шанса.. но, под еден услов, да спреми две кореографии и една слободна изведба за утредента. Одеднаш, незадоволната насмевка се претвори во среќна и од толку благодарност скокна во прегратките на главниот член на жири комисијата.
Отиде дома и вети дека нема да `и се повтори вчерашната неодговорност, покрај огромната желба. Не спремаше ништо за утредента, само отиде да се одмори од напорниот ден.
Утредента, ја разбуди алармот од часовникот. Отиде да појадува во кујната, каде на ладилникот стоеше уште еден потсетник. Се насмевна.
...
Го направи своето. Она за кое најдобро знаеше, она во кое беше најуспешна и умешна.
По настапот сите дотрчаа да ја поздрават. Медаљите се нишаа обесени околу нејзиниот врат. Сите `и ја честитаа победата на натпреварот.
Следно за неа - европското првенство во Јагодина.
 
Потсетник

Секогаш... можеби не секогаш, но често размислувам на сите оние мали знаци кои секогаш стојат пред нашиот нос, а никогаш не ги приметуваме... се до оној момент кога е предоцна. Оние мали знаци кои носат огромен знак за предупредување, а ние сме слепи пред нив... или само сакаме да бидеме. Многу често ги гледаме работите што ние сакаме да ги видиме, ретко ја гледаме целата слика. И потоа сме повредени, скршени, насолзени...
Верувам, верувам дека кога би ги отвориле очите ширум отворени, самиот свет би се отворил... луѓето ќе ги отворат своите души и нема да бидеме ни повредени, ни скршени. Многу полесно е да го обвиниме другиот и покрај тоа што знаеме дека ние сме виновни? Што би било кога секој би бил самокритичен? Којзнае... Но, тогаш се би било толку едноставно... А кога човекот е во прашање, едноставното не вреди, едноставното е досадно... треба да е комплицирано, за да човекот воопшто функционира.
И додека размислувам за малите знаци, размислувам и за минатото, за моите Бриџит Џонс ситуации, за се што се случувало и се случува... И секогаш ќе речам, ама зошто мене? Зошто јас? Со што заслужив? Секогаш си велам дека залудно поставувам прашања, затоа што секогаш во животот прво го добиваме одговорот, а по многу години, а можеби и никогаш, ја дознаваме причината.
И таман кога ќе помислам дека е крај на моите баксузни ситуации во љубовта, таман кога ќе речам чекај можеби и мене ќе ми се посреќи, па по којзнае колку време ќе се појават пеперутките во мојот стомак, одеднаш повторно и повторно се јавуваат препреките, шпанските серии и невозможни сценарија кои само на филм се појавуваат. Секогаш, секогаш кога ќе помислам дека можеби, само можеби се доближувам до љубовта која толку ја посакувам, секогаш, ама секогаш се појавува потсетник кој ми дава на знаење дека е уште рано, дека треба да бакнам и да се загледам во уште жаби, за да го најдам мојот принц.
 
Потсетник

Нижам годови на дрвото на животот. Не можеш да ми ги обоиш мислите, ако губам свест на секој круг, како старицата од цртаниот филм со девојчето со црвена капа. Имам црвено капче, затемнето од времето. Се служам со него за да заборавам на исечената коса и брчките на челото. Не се смеам повеќе, па нема ни зошто да лажам дека сите белези на лицето се огледало на веселите мигови од оргазмичните патувања низ хотелските вециња. И да имав сина крв, веројатно ќе можев денот да си го раскажам во три реченици. Сите потсетници се кратки. Мислев да си набавам машина за мелење кафе и да ги свртам сите шолји. Да видиме дали некоја ќе потсети на тоа што ти го вареше...
 
Секое утро ја мирисам аромата на свежо печен леб испрскан со афион врз кората, полн со хранливи семки, совршен за да се намачка со путер и мед и заедно со млеко да се започне денот.Но, тоа би бил само начин, всушност јас пијам само една голема чаша вода и излегувам на прозорот поголем од мене и гледам во Витежна како се протега пред мене и се чувствувам како Џулија Робертс во филм на Вуди Ален затоа што имам желба да создавам на машина за пишување, но не одговарам на описот затоа што веќе одамна носам наочари за да можам да читам и не посетувам психијатар кој што ќе ми ги толкува соништата.Тромаво се довлечкувам до креветот и земам да го читам Кундера затоа што тоа е единствено погодно кога веќе сум тука, за инспирација на некој што се декларира себеси како полнолетен со сите предиспозиции за деловна способност.

Денот е убав тука, немам психолошки проблеми кои што се прелеваат во опсесивно-компулсивен ритам на бегање од рутината иако во својата суштина се само тоа и ретко размислувам за мојот поранешен живот и за тоа што некогаш одамна некоја девојка која што знам дека ја познавав била.Мојот најдобар пријател е Библиотеката карши зградата во која што живеам и повремените телефонски повици што ги добивам од Кристијан, но се останато е сликано од бајка на Андерсен.Престанав да верувам во исиленоста на релациите кои што бараат интимност само за да можат да преживеат, сите високо интелектуално креативни персони сега ми се само преку океански пријатели и да, никој не чувствува потреба дека треба да ме спасува, освен можеби Ема, но нејзе можам да и простам, љубовта е двострана.

Секој ден до 12 работам на нови предлози кои што ми ги доставуваат по пошта затоа што и крај краева тоа е мојата вистинска работа која што плаќа за мојот стан и пасијата за јапонски ладала кои што висат скоро на секој ѕид од станот.Мирисот на хартија е тој што ме тера да си ја сакам својата работа, кој би рекол дека ќе бидам папиролг во вистинската смисла на зборот и дека ќе го обожавам тоа.Некаде околу 4 се среќаваме со Ема на мостот затоа што тогаш завршува нејзиното работно време и таа ми раскажува колку не може повеќе да се справи со нејзините две деца и како треба да дојдам на вечера кај неа и кај Роберт затоа што тој одлучил дека повторно ќе ја смени кариерата за да биде готвач кој што ќе прави суши.Се смешкам и сум задоволна што утре немам предавања и моите студенти сеуште не ме мразат затоа што им давам еден тон работа за човековите права и како тие влијаат на светот и останато од мојот професор, која е всушност Мери Вулфстонкрафт и зошто е толку битна.Секој ден сум се поблиску до мојата 30 и сеуште немам сопруг и деца и не верувам дека некогаш ќе ги имам, задоволна сум со лебот со афион и сите деца кои фиктивно ги имам, престанав да пушам некаде пред 8 години кога конечно се решив да заминам.Не, воопшто не е болно, не е тешко и лажат дека распарува да се држи потсетник.
 
Го чуствуваш треперењето на срцето во главата, сега би можел да изброиш колку знаци на живот покажуваш во една минута, но времето како да забавило, а твојот живот е во виуга и за момент гледаш во иднина, момент во минатото. Дишењето ти забрзува, но како да не е доволно, го слушаш својот здив се додека не изгубиш осет за твоето постоење и се што останало е звукот на срце то како ти татне во ушите.
Секој пат е исто. Кожата се навикнува на топлината но срцето никако. Што е најинтересно, имам објаснување за секоја реакција на моето тело, чиста физиологија.
Сепак, кадата секогаш се менува, како да влегува во друга димензија кога ќе потонам. Понекогаш размислувам, можеби крвта ја извадив од внатре оној ден во салонот, за да може навистина да плови на површината, како знак за моето пропаѓање .
Кога веќе споделив со некого за мојот пат низ времето, доста патетичен, добив еднакво патетичен одговор "аха, значи ти медитираш, од памет ме извади“.
Јас всушност се обидував само да се потсетам, само за момент на времето кога бев најблиску до рајот, каде што сите се обидуваме и да се вратиме колку и да е тоа иронично. Во единственото место каде што ништо не може да ме допре, во утробата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom