Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
*flashback*
I was scared back then.
Didn't know it was real.
Didn't know about the portal.
They are all lairs.
They didn't want me to know.
They were hiding it.
Protecting it.
The sedative drugs didn't keep me away from it.
They wanted me to let it go.
But I couldn't.
The others say I'm a schizo.
What if I'm not the schizo.
What if any of them is?
What if I am the schizos double personality?
What if all of this was just an illusion?
 
Вечерва повторно останав сама и решив да се дружам со тебе.
А знев дека лошо ќе поминам. И повторно посегнав кон тебе, покрај сите предупредувања и знаци кои ги оставив пред себе.
Го гледав оној твој вртлог низ кој се влегува во оној твој свет каде што се е извитоперено. Кратко патување. И сега повторно надвор. Каде што е ладно. Се било дело на онаа проклета Илузија си велам пак. И се насмевнувам со мака, онака иронично. И пак си го давам она исто ветување дека од сега па натаму Реалност е се што ми треба. Се додека не падне ноќта. И тогаш повторно исто.
Те мразам.
 
Ние.
Одамна не сум го чула тоа.
Не знам ни како изгледаш веќе.
Секој ден по една трага, еден дел се откинува од мене.. барајќи те.
Најиндиректниот контакт ќе ме исполни.
Никогаш не сум почувствувала толку топлина како онаа која ја предизвикуваше твоето присуство.
Те знаев пред да те запознаам.
Небо на земја.
Две сродни души во една.
Ти благодарам. Беше прекрасен.
Моментите заедно никогаш нема да ги заборавам.
Ништо не е совршено.
..Немир.
Зошто ми недостигаш толку?
Ми влезе под кожа и не постои начин да заминеш..
Навистина доживеавме апсурден крај.
И двајцата го знаеме виновникот. Можеби ќе беше нешто од нас.. ако се променеше.
Го ветуваше тоа. Но.. предоцна ? Можеби.
We broke up. I want you back. I moved on. Now you want me back ?!
..Дали беше искрен?
Кога би знаела..
Дали беше искрен кога ме побара назад?
Дали она што го кажа навистина го мислеше?
Или се беше само илузија..? Желбата на мојата потсвест..?
Си поигра со моите чувства. А потоа сфати што загуби.
Или не?
Или беше само себичен створ трагајќи по убивање досада?
Премногу се трудеше за да помислам дека се беше лажно..
И повторно заврши со бедниот крај.
Ти и твоето нескротливо детско однесување.
Порасни.
Во мене владее дилемата.
Нерасчистени сметки, препукувања .. лоши односи.. Или вистинското нешто?
Зошто сеќавањата водат кон тебе? Ти не си моето единствено минато.
Одам по трагите кои водат до тебе. И повторно те нема.
Ако ништо од тоа не било вистинско, оди си. Замини засекогаш, избриши ги трагите по тебе за да не те најдам никогаш.
Ако си употребил лага, никогаш не си ме заслужил.
Ако се беше според мојата перцепција.. остави ме само да ти кажам нешто.
Остави ме да ти простам.
Не, не сакам да сме заедно пак. Сакам барем еднаш да те чујам и видам.
Сакам да го запознаам новиот ти.
Сакам тој да биде среќен. Ќе го заслужи тоа.
Дозволи ми да расчистам со она кое ме измачува.. Кажи ми.
Pure distortion..

 
Што и да се случува, само опуштете се бидејќи... Panta Rei...
 
Минат денови, месеци и години...
Минат автомобили, автобуси и возови..

Се мине, само мојта глава не мине...

Ем апче се напијах.
 
Panta Rei...

Беше тоа некогаш... една мрачна студена квечерина, еден млад човек седеше стуткан во еден агол од улицата, потпрен на ѕидот, со заматен поглед и тажни очи. Изгледаше толку безнадежен, без волја за живот. Во тој миг проаѓаше еден постар човек со бела коса и бела брада. Го виде младиот човек и си помисли: Ах, каква штета, толку млад човек, а колку тага носи во себе, морам да застанам, морам да прашам што му е....
Се двоумеше едно време, но реши да му пристапи.
- Се извинувам младичу што одзимам дел од твоето време, но навистина ме интересира зошто толку млад дечко, кој треба да биде полн со живот, седи сам на валканава улица со толку тажен поглед?
Младичот во дел од секундата само се сепна и зачудено го погледна старецот и не одговори ништо.
- Се извинувам, не сакав да те вознемирам, ќе си одам сега - рече старецот, а младичот тивко шепна:
- Зошто некој би се интересирал за мене, зошто некој би сакал да знае како се чувствувам?
Старецот му одговори: А зошто не би бил некој заинтересиран?
Младичот неволно одговори: Ако имате малку време и навистина сакате да знаете, би ви раскажал и онака немам попаметна работа да правам.
Стариот човек седна до младичот. “Слушам“ - рече тој.
“Порано бев успешен човек. Навистина успешен. Секогаш имав среќа, уште како малечко момче, имав харизма, ѕвезда, популарност, интелегенција, шарм, способност да направам се што ќе посакам. Подоцна пораснав, завршив и факултет, се оженив, имав сопствена фирма и многу пријатели. Но... секогаш чувствував дека нешто ми недостига. Бев празен човек кој се однесуваше со луѓето како да се предмети, кој се добиваше здраво за готово. Се помалку луѓе ме сакаа во нивна околина, жена ми ме остави, останаа само подлизурковците кои само сакаа да се дограбаат до мојата позиција. Кога западнав во тешка економска криза, почна фирмата да ми пропаѓа. А јас немав никој. Сите избегаа од егоистичното копиле кое бев, а подлизурковците први заминаа од бродот кој тонеше. Успеав некако да ја поправам ситуацијата, еве веќе неколку месеци фирмата е стабилна... и повеќето би ми рекле браво за истрајноста... но јас немам никој, сите што ги сакам ги истуркав од себе, сега се ми е залудно... едноставно залудно. Го оладив своето срце, го ставив во окови и сега ја добив казната која ја заслужив. Да водам тажен и осаменички живот. Ете... тоа е мојата патетична и досадна приказна.“
И двајцата молчеа, а старецот само нежно и благо се насмевнуваше.
“Синко... по ова што го велиш, не си бил баш најдоблесниот човек што постои“.
“И не сум, знам дека не сум, предоцна го сфатив тоа и сега веќе не можам ништо да променам“ - рече младичот и само мавташе тажно со главата.
“Знам дека сум можеби за тебе само еден старец, но сепак би сакал да споделам мое мислење со тебе, ако не ти пречи.“
“Секако... зошто да не...“
“Panta rei синко... Panta rei...“ - младичот зачудено го погледна, а старецот продолжи: “ Ништо на овој свет младичу не е вечно... се тече, се се менува. Животот е како една немирна река, која постојано тече. Еден ден си тука, наредниот ден веќе нешто сосема поинакво те чека. Самиот знаеш дека си погрешил, но и самиот веќе треба да знаеш дека ништо од ова не е константно. Си бил успешен финансиски, си пропаднал, пак си се вратил... зошто не го пробаш истото и со сопствениот живот?“
“Но, тоа не е така лесно...“
“Воопшто не е лесно... се што навистина вреди не лесно... но како што реков се тече, се се менува, а ти самиот овој пат можеш да допринесеш да го промениш текот на реката, можеш искрено да замолиш за прошката на твоите најмили, а тие кои те сакаат кога ќе ја видат твојата искрена исповед, нема да останат рамнодушни... напротив ќе ти простат. Ти си заглавил во еден бездушен простор и не дозволуваш работите да течат. Едноставно си ги заглавил... Сите сме луѓе, сите правиме грешки синко, но секогаш запамти дека таа грешка е минато, твоите мисли се сегашност, а твоите дела нека бидат твојата иднина. Нека твоите дела бидат јаки, силни, полни со искреност и љубов, тогаш целата оваа тага ќе биде избришана... и ќе биде дел од реката кој веќе протекол.
Младичот остана занемен и неговите очи беа кристални подготвени во секој момент да станат полни со солзи...
“Ти благодарам мудар старецу, ти благодарам, ќе те послушам, ветувам дека ќе те послушам! Мудро збориш“
“Ма не е тоа мудрост синко... тоа што го зборам е само искуство. Нешто што јас го имам во малку поголема мера од тебе“ - благо му се насмевна и продолжи: “ сега ако немаш ништо против јас морам да одам, се надевам ќе го послушаш мојот совет...
“Ќе те послушам, ветувам.“
Старецот стана полека и го продолжи својот пат, и пред да го снема во далечините, уште еднаш се заврте и рече: “Panta rei...“
 
Panta Rei.. Yea right.
Реков еднаш..
Panta Rei.. но, не во целост. Не за секого.

И што сега? Повторно ќе станеш дел од мојот живот?
Ya think u can jus waltz back in ma life?
Репризно издание од нашата приказна со трагичен крај?
Патетични бевме.. млади бевме. Се `се менуваше како што растевме. Созревавме.
Ти благодарам што беше единствениот кој ме испочитува.
Но, карактерот не се менува преку ноќ. За што зажали кога се беше лага?
Покрај се.. Panta Rei не важи за тебе..
Барем тогаш не важеше. Помина толку време што изгубив смисла за твоето постоење.
.. Зошто се врати?
Зарем не требаше двајцата да одиме натаму како што е правилно?
Знам дека го посакував тоа.. потајно или гласно, го сакав повеќе од се!
Еден дел успеа да се оствари..
Ми значеше, ете затоа го сакав тој мал допир до тебе. Сфатив, но веќе не вредеше.
Требаше да молчам.. желбите да ги задржам за себе или воопшто да не ги посакувам.
Јас страдав. Ништо не бев направила, а сепак виновна. Беше толку ладнокрвен..
Зошто се довлечка повторно назад?!
..
Седнавме во ресторанот. Нарачавме. Во меѓувреме започна разговорот. Му раскажав се. До детали или не, таква бев јас.. зборлива, искрена, жива.. Весела.
Одеднаш нешто ме натера да го поместам погледот налево кон прозорецот..
Зад него ..ти. Тоа беше ти!
Оној ден потоа !
..Разговорот беше посветен на тебе..
Со отежнати чекори минуваше во моите очи.. во реалноста, само помина набрзина и не остави траг. Само една пречка.. стаклото. Можев да урнам се пред себе и да потрчам, да те следам ! Можев да те почувствувам..
А ти.. Не посвети ниту поглед. Ах, камо да погледнеше нагоре !
Тогаш ќе знаев.
Дали вредеше што посакав или Panta Rei само за мене..?
Дали вредеа сите мисли посветени на тебе? Сеуште ли вредат?
.. Камо да можеше така набрзина да ме одминеш и мене.. и она што го чувствувам.
И тебе не ти е сеедно.
Но, не заслужуваш..
Не заслужи ниту да дозволам да допреш повторно до мене.
Требаше да одам против себе за свое добро.
Никогаш нема да се промениш. Црвсто убедена сум, макар звучело најпесимистички..
Можам само да се држам настрана од тебе и ти од мене.. и се ќе биде во ред.
Не сакам да биде повторно исто.. нема да дозволам.
Не барај ме.
Замини. Премногу време те чував во мислите.
Од таквите како тебе научив..
Panta Rei ! Јас се променив.
 
Panta rei!
И овој ден помина покрај истата стара напуштена зграда. Но за разлика од секој друг ден кога поминуваше покрај неа овој пат се осмели да ги прошета нејзините празни ходници. Како времето да ги имаше оставено трагите на своите остри заби на фасадата на зградата. Долго време стоеше пред влезот. Тешко дишеше.
Каква збрка од неповрзани мисли и спомени се мешаа во нејзината глава!
Неверојатно. Дури и свеста почна да се губи.
Неколку пати ја протресе главата и се реши смело да зачекори напред.
Темнина. Го чуствуваше тешкиот мирис на мувлата и влагата.. Премногу загушливо. Но не се откажуваше.. Полека се искачуваше по скалите. Сакаше да стигне до последниот кат. Едно собче ја чекаше таму. Спомените спиеа таму.
Со секоја скала осеќаше како ги буди, еден по еден.
Конечно беше пред вратата.. Кваката беше падната. Само ја поттурна вратата и таа болно зачкрипе. Солзи и надојдоа и силно си ја прегриза усната..
Стоеше и зјапаше.
Ништо. Празнина. Сево ова време.. Зарем?
Се тече, се се менува.
Таа веќе не беше тоа малечко ранливо девојче. Сега беше силна, храбра лавица која се бори со животот.
-Panta rei!Прошепоте тивко, опцу неколку пати и замина...
 
Утро веќе беше, а јас како по обичај се уште не спиев, седев и работев нешто на компјутер. Затемнета и зачадена соба, расфрлени предмети насекаде, нешто што не било вообичаено за мене, но сепак таков период, во кој што долго време бев западнат. Чудно, ми текна да излезам на тераса, по подолго време тоа беше сончево утро. Кафенцето спремно, среќен бев што после долго време видов сонце. Предходно деновите ги преспивав, живеев само во ноќите. Тоа утро видов повеќе луѓе, отколку во целиот изминат месец. Кој одеше на пазарење, кој го средуваше дворот, кој се спремаше за на работа...

Она што остави длабоки траги во мене, длабоки промени за она како го живеам мојот живот, беа моите алишта кои беа оставени на сушење на терасата. Сите беа црни. Идентично одговараа со периодот во кој што минував, депресиве, црн, меланхоничен. Без ниту една причина, се наоѓав во таа ситуација. Понекогаш самите заглавуваме во ќорсокак, без да знаеме за тоа, без да знаеме каде не води тој пат и без да знаеме каде сакаме да одиме воопшто.

Ги собрав црните алишта што дотогаш ги носев и ги затворив во еден плакар за никогаш повеќе да не ги облечам. Слична работа која ја забележав беше музиката која што до тогаш ја имав на мојот компјутер. Само некоја депресивна, бед музика.

Ми светна една мисла во главата, дека светот е таков каков што ние го замислуваме, а не каков што го гледаме. Не секогаш можеме да го видиме, она што го гледаме. Ако до ден пред тоа, го окривував цел свет дека е против мене, дека местото каде живеам не чини за мене, дека луѓето кои се покрај мене шират негативна енергија, тој ден сватив дека не е така, така јас ги разбирам тие работи. Дека колку и да е лошо, не може да влијае на мене, ако јас немам негативни мисли и негативна енергија. Всушност, енергијата, онаа негативната, излегувала од дното на мојата душа, без јас да приметам. Јас сум бил онај кој што ширел негативна енергија врз останатите, онај кој што правел лоши работи, а за целото тоа време сум ги окривувал другите. Како да тапкав во место, ништо ново не ми се случуваше, или ништо од она што јас посакував. Се остануваше исто, сами брчките на моето лице се зголемуваа, задлабуваа.

За воља на вистината, тоа беше прв и единствен период од мојот живот, кога сум имал такви размислувања, сваќања за животот. Нешто непознато за мене, со кое што дотогаш не сум се сретнал и нешто со кое што подолго време не можев да се носам и справам со истото. Лошо е кога она во кое цврсто веруваш, се испостави дека не е така и се урива врз тебе како кула од карти. Се она што дотогаш си градел, сега веќе го нема. Останува само правот, присутен во голема количина, кој ако не знаеш како да го раздуваш, може многу лесно да те задуши и сеуште да не го видиш она што треба да го видиш, она што е реалното. Она што јас не го видов, дека покрај мене има луѓе кои што ме сакаат и ценат, кои што живеат, работат, за мене, за јас да имам подобра иднина.

Мило ми е што сега, барем така мислам, го разнесе ветрот сиот тој прав, кој што ги препречуваше моите видици, што ги гледам работите објективно, непристрасно. Мило ми е што тој тежок период помина, што повторно ми се вратија позитивните мисли и енергии, ентузијазмот, кој што дотогаш беше една од најкарактерните мои особини, мило ми е што ја повратив самодовербата, дека секој одлучува за самиот себе.

На крајот, се минува, се` се менува. Период во период, нов ден, нови работи. Самите тие периоди оставаат нови траги и делумно ги затскриваат старите траги во нас, оставаат нови лузни, брчки, кои што секогаш ќе ги носиме во нас, но секогаш ќе можеме да ги промениме, затоа што Panta Rei!
 
Болка
Ја чувствувам по должината на ’рбетот со своите грозни пипки како ми ги допира градите, ми ја лигави внатрешноста, ги исплукува сите надежи и маратонски среќни моменти надвор од мојата маса и се вгнездува со заднината удобно на фотелјата.Ми ја придвижува раката кон ... и гледам како од купето во кое што седам сите ѕвончиња се откорнати од капата на Дедо Мраз, а анимираните ликови избледеле од премногу вртење во книгата.Ми прелетува мисла која што ја опишува кататонијата во која што доброволно запаѓам, дека секоја ебана љубовна приказна е со ист почеток и крај на смешна трагедија, успехот се мери со пари, не, успехот се мери со фамилија, не, успехот се мери со посветена духовност, а јас немам апсолутно ништо, ниту една категорија не ме дефинира со својата обоеност, го згрешив и купето во кое што патувам.
Излегувам надвор со октоподот на мојот грб, се поклонувам пред конформизмот и се облекувам во розов фустан со циркони на грбот додека си се фрлам во бездната.​


Среќа
Пеперутки, бубашваби, вилински кончиња и мравки, играат твист во мојот стомак и секоја планина е ниска за да може да се премине зошто знам дека полетот е посилен од се што може да ме смачка како џин, џуџе.Аспирациите ми се помили од животот, љубовта е она што ми дава воздух секое утро за да дишам и никогаш во животот немам запалено цигара, а секоја вечер лежам на облаците кои што ми ја полнат душата со леснотија.Ја гледам архитетурата на моите соништа и размислувам, не, знам, колку се они совршени затоа што биле крирани од мојата чистина.​


Ладнокрвност
Ги гледам како минат пред мене, сите оние кои што некогаш сум ги познавала и се претвараат во црни јами или големи ѕвезди со потенцијал за супернова, косата им е сменета и дел од нив се веќе навлечени на некоја, егзотична тешка дрога, но сите се топат.Моите блиски закопуваат некоја мила роднина, а другата страна од фамилијата игра на свадба со покачено ниво на алкохол во крвта, сите процеси на поврзување во општеството си ја вршат функцијата, книгите лежат расфрлани по собата, или не, подобро, наредени се во плакар по азбучен ред, а белешките ми ги имаат положено сите испити од оваа сесија.Но, what the fuck do I care?​


Panta Rei ... убава е лагата, но ништо не поминува.​
 
Го пишувам твоето име на лист хартија безброј пати. Се сеќавам на минатите дни, но она што беше некогаш нема да биде повеќе никогаш.Го барам твојот изгубен поглед и прекорот во твоите очи. Прекорот што некогаш го мразев сега посакувам да е тука, блиску до мене. Знак дека те имам повторно. Знак дека постојам.
Излегувам од мојот натрупан свет. Таму покрај водата ја смирувам мојата душа. Ја смалувам болката, но таа никогаш не исчезнува.Месечината го осветлува хоризонтот, мојот лик лице в лице со вистината. Водата веќе се разбранувала, веќе се заладува. Јас одам кон мојот свет, патувам...
Светот мој не е е совршен, но е мој, и јас го сакам. Го сакам секое ново утро кое се буди на моето перниче и свежиот воздух кој ми влегува низ прозорецот и ме милува по образите. Го сакам денот на новата надеж, во неа те пронаоѓам во секој миг на моето постоење.
 
И покрај тоа што Скопје никогаш не можел да се носи ни од далеку со величината на развратот на Прага, за момент знаел да заличи како вистински Рим пред распаѓање. Мојот јунак, младо момче од Капиштец имаше сон да ги легне сите девојки кои ќе го фатат неговото плаво продорно око со кое ги стаписуваше своите жртви, кога ќе ги втренчеше во нив, требаше само да ја повтори намерата два или три пати во различни варијанти, потоа да го постави прашањето “одиме“ и работата беше завршена.
Чудесна е таа магија на човечките сини очи, тие не само гледаат, тие зборуваат паралелно со устата, но зборуваат јазик на кој никој не може да одолее и остане рамнодушен па сето она кое го произведуваат усните кои мрдаат е сосема неважно. Така и нашиот јунак во својот живот имаше искуство со дванаесет инстант заљубувања кои траеја до утрото а предизвикани од креативните усни на девојките, искуство со шест девојки кои речиси беа мртви во креветот но ја официјализираа едновечерната авантура, четиринаесет истомисленички кои подеднакво уживаа во авантурата, две садистики кои мораа да бидат скротени бидејќи тој не беше премногу настран, две плачки кои ронеа солзи додека оргазмираат (вториот пат не се извади од памет), една девојка која се онесвести или барем така изгледаше, четири невини но амбициозно неискусни, седум неконтролирани суштества кои имаа желба да го разбудат соседството, пет егизибиционистки кои класичниот секс не го доживуваа како некое задоволство, но, сепак вечерта не пропадна благодарение на двојната функција на некои делови од женското тело, еден фрик шоу кој речиси ќе ја запалеше собата со нејзините миризливи стапчиња, будистички молитви и желби за успешен тантра секс (на крајот порцијата е сепак иста), една девојка која за прв пат доживеа оргазам и потоа се јави да и каже на мајка и`... и околу педестина скршени срца кои завршиле или воопшто не стигнале до креветот на херојот од нашето маало.

Дури и во овој изговор од град важат правилата на универзумот па како што обично бидува стилот на живот на младиот центарец набргу досади. Се потруди да се посвети повеќе на обврските, на пријателите, на семејството, ги скроти сините очи и избегнуваше да гледа длабоко во соговорничките а ја користеше својата дарба исклучиво службено, да се здобие со подобра позиција, предност во преговорите, да покаже убедливост во интервјуата за работа.
Само, има ли воопшто било каков миг во животот каде некој може да одлучи дека ќе биде мирен, кроток а духот му е како оган под ветер, дали воопшто постои таква фаза во било чиј живот, толку успешна што самите ние би решиле дека вртиме нов лист и тој нов да биде буквално нова тетратка, да не се навратиме на старите навики, да решиме дека ќе бидеме подобри или полоши, сеедно, но цврсто да се држиме до она кое сакаме да сме. Има ли таков среќник и моќник кој ќе ги отфрли природните текови и чудовиштето кое го создавал години наназад?

Можеби и има, волјата знае да биде силна, но правилата на игра не се менуваат средe натпревар. Креветот мораше да се смени, во новиот исто така продолжи истиот распоред на случувања, разликата беше во смислата на играта и барањето на учесниците. Девојките ги одбиваа неговите повици следното утро, од успешен ловец стана непожелен пензионер, времињата се сменија, трендот стана поинаков а пролетните бои беа ин во текот на целата година додека тој седеше нервозно со цигарата на дождливо есенско попладне, сам и демоде.

Неколку години од сега, ќе можете да го пронајдете нашиот младич во случајно одбрано кафуле на кејот на Вардар како пие продолжено еспресо и чита дневни весници. Повремено ќе погледне кон облакодерот кој конечно решија да го градат на паркингот, конечно решија да го грдат... паркингот. Ќе се замисли за пропуштените шанси во животот и ќе се насмее за искористените. Ќе погледне на триесет и осмиот кат кој во моментов се гради и ќе знае, дека се искачил на врвот и таму се наоѓа без оглед на тоа што кармата ќе мора да му ги наплати сите спратови со тоа што лифтот нема да работи уште првиот ден. Можеби никогаш повторно нема да ја најде среќата по која тргна, но ќе трага да ги најде сите ситни задоволства, па макар тие се викале еспресо во есен.
 
Протрчаа покрај мене едни години, години што јас не успеав да ги запознам. Еден куп, години, куп години. Можеби и можев некоја за момент да ја стопирам и некое време да ја задржам па набрзина да ја искористам, онолку колку што во тој момент ми дозволуваше моето искуство. Меѓутоа, бев заслепен од сопственото его, его кое ми го помрачуваше мојот шарм со кој требаше да ги привлечам, посебно оние помладите, години... Да ги привлечам и да ги искористам, свесен за нивното моментално застанување...Да ги привлечам и да ги искористам, затоа што денес беа тука, а утре ги немаше... Да ги привлечам и да ги искористам, свесен за нивната подбуцнувачка игра која ми ја нудеа. Да ги привлечам и да ги искористам...Да ги искористам...Јас сеуште сум тука. Поминаа тие... Можеби допира до нив дел од моето загубено ехо, закачено на огласната табла во просторот каде што се тече и се се менува.... Барем да го прочитаат и да дознаат дека ги љубев, сите до една...Јас сеуште сум тука. Околу мене веќе ништо не е е како порано, околу мене се тече се се менува, а јас сум нем посматрач и аналитичар на едни испуштени можности...
 
Се се движи ништо не мирува.

Најтешката телесна положба е стоењето мирно, затоа што човек чувствува длабоко во себе за неприродноста на тоа држење. Но сепак стоејќи мирно човек се движи како што се движат континенталните плочи еден правец една брзина, земјата околу својата оска друг правец друга брзина, па земјата околу сонцето трет правец трета брзина, сончевиот систем околу центарот на млечниот пат и така натаму.
Секогаш како пешак кога застанувам на семафор телото мое сака по инерција да продолжи напред, па постои клатење околу мојата невидлива вертикала на рамнотежата неколку милиметри напред неколку милиметри назад. Движење секаде околу мене струење во сите можни правци и брзини хаос и непредвидливост.
Струјат, пловат, се движат луѓе идеи животни планети ѕвезди и галаксии низ просторот кон своите дестинации..........
 
По малку сме тивки, мирни и делуваме на поспан пензионер. По некогаш, навистина ни фали токму тој однос кон животот, спремни за последниот ден. Тоа би била совршената Рамнодушност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom