Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Мислев дека ќе се покајам што сум дошла, но за среќа, добро заврши се` и конечно можев да се опуштам неколку часа пред следниот состанок. Ја ставив раката на оградата и почнав полека да слегувам по скалите, а мислите околу состанокот не се ни обидував да ги прекинам, чувствував големо задоволство од успехот. Морав да ја држам главата наведната, не сакав да ми се случи инцидент и да се заплеткам во фустанот, бидејќи ме занесоа мислите кои ме врзаа. Не за друго, немаше да бидам способна да се појавам повторно на состанок, за кој очигледно не сакав да наоѓам оправдувања за отсуство. Самодовербата ми беше на ниво, со нетрпение очекував да се покажам повторно во вистинско светло, да бидам она што сум, да ги оставам сите без коментар.
Ме полазија морници кога конечно ја поминав и последната скала, како цела вечност да помина откако ја пречекорив првата. Сакав да отидам до салонот, но не знам зошто ме понесоа нозете накај барот и без да се спротивставам, тргнав натаму. Повторно морници. Си реков: „Добро, што ми е? Зарем некоја настинка ме фаќа? Само нека поминат уште овие два дена и потоа што сака нека ми биде, само сега да не ме спречи глупав грип”.
Се упатив накај една слободна маса во аголот. Зошто ме привлече како магнет тоа место, не можам да си објаснам. Знам само дека имаше сепаре и блага пурпурна светлина. Можеби сакав да се занесам во мислите и да не може никој да види колку сум „отсутна” со паметот. Којзнае.
Бев опуштена, само морниците ме мачеа кои одвреме-навреме ми ја надразнуваа кожата.
Дојде девојката да ме послужи.
- Што ќе пиете од господинот кој седи на онаа маса? - праша и се заврте да ми покаже. Но, толку беше темно и во тој агол, што јас не успеав ни ликот да му го видам на мистериозниот господин. А и не ми беше важно.
- Заблагодарете му се на господинот во мое име, но не сакам ништо. Ако не ви пречи, само ќе поседам уште неколку минути и ќе си одам. Непријатно ми е да го зафаќам местово, па ако е проблем кажете и ќе си одам веднаш, - сигурно одговорив.
- Во ред, иако господинот беше упорен и настојува да се напиете нешто од него. Но, како сакате, - безволно ми врати како да очекуваше дека ќе падне добар бакшиш од господинот. - Можете да останете колку што сакате, - рече и си замина на друга маса да послужува.
Во моментот се пцуев што не си порачав пијалок веднаш кога влегов, сега не можев да се напијам ништо откако и` реков дека не сакам ништо од господинот. Можеби ми беше глупаво затоа што чувствував дека ме гледа, иако не можев да го видам. А чувствував жед, имав некаква луда потреба од студен пијалок и чаша да држам во рацете. Повторно морници.
Запалив цигара и почнав да се прашувам како би можел да изгледа господинот наспроти мене. Толку се внесов, што изгубив секаков контакт со околината, како да не знаев веќе каде се наоѓам. Сепак не можев да си претставам лик, не знаев како да го замислам. Заборавив и на состанокот и на се`.
- Дали смеам да седнам?
Се стресов. Ми падна цигарата. Не се наведнав да ја кренам, но ни главата не ја кренав да видам кој ми прозборе. Не сакав да верувам дека мене ме праша дали смее да седне, не сакав да верувам дека гласот ми е познат. Неговата сенка ми ја угуши и малата светлина што постоеше кај масата, помислив дека се онесвестив, почна нешто да ме гуши во грлото. Успеав со едната рака да си ја допрам другата, сакав да почувствувам дали сум свесна или сум го изгубила целосно паметот. Немав храброст да ја кренам главата и молчев. Морници!!! Несвесно ја кренав главата и го погледнав. Со треперење ја прифатив раката која ми ја пушти, ме погледна в очи и ми ја бакна.
- Повели, седни, - едвај изустив занесена од добро познатиот машки парфем.
Се обидував да се соземам, морав да се соземам. Немав храброст да го погледнам и сакав да се извлечам од ситуацијата. Со рака и` дадов знак на девојката да дојде и таа веднаш се појави до масата.
- Шише виски! - испуштив нервозно, па дури забележав дека некои луѓе се свртеа накај мене. - И мраз!!!
- Нели не сакаше да пиеш ништо? - со блага насмевка и смирено ме праша.
- Не сакав и уште не сакам, но порачав за да пиеш ти, знам дека сакаш виски, - горделиво му одговорив.
- Добро ми е позната таа црта која ти се појавува на челото кога се лутиш, - повторно се насмевна и запали цигара. - Горделивата Марија.
Не знам зошто, но не можев никако да реагирам на ова што ми го рече како што си имав обичај. Најверојатно повторно беше во право, затоа.
- Колку е чудно што сме се нашле и двајцата на ова место, токму вечерва во овој милионски град, - рече замислено како за себе. - Не, не ми замерувај. Само гласно размислував. Не е важно. Не мораш да коментираш, - ме погледна збунето и забележа дека лицето ми е како скаменето, сфати дека воопшто не ни помислував да коментирам.
Сакав да прозборам, но останав вкочанета, збунета, се молев тивко во себе да дојде девојката побрзо и да ја прекине таа мачна тишина која не траеше повеќе од триесет секунди. Конечно. Го остави шишето, чашите и мразот на маса и избега како да видела нешто страшно. Или барем мене така ми се чинеше. Сакав да посегнам по шишето и цело виски да го испијам сама без мраз, да ме запече силно во устата, да ми го изгори грлото, да ми го замати умот и очите да ми ги прекрие темнина.
- Гледам дека не си зборлеста вечерва, несвојствено за тебе, - тивко рече не гледајќи во мене и ги наполна чашите.
Не дочекав да стави мраз, ја зедов чашата, во себе се израдував што конечно можев да ставам течност во устата и испив до дно. Ме изгоре, душата само што не почна да ми блуе оган, очите ми се насолзија и само молчеливо ја подадов чашата. Знаеше дека треба да ми тури пак.
- Да наздравиме, - го погледнав в очи и се насмевнав.
Вискито како да ми ги изми сите отрови, како да ми разби големи грутки во грлото, како да ми ги распрсна сите стени. Си реков: „Прекини да изигруваш будала, не се однесувај како некое недораснато дете. Опушти се, не е ништо страшно. И ова ќе помине”.
Од тој момент чувствував дека си ги раскинав оковите, истрчав на отворен простор, дишев воздух, се чувствував ослободена.
- Па, што правиш тука? - заинтересирано прашав, не тргнувајќи ги очите од него. Ми навираа прашања и сакав сите да му ги поставам во еден здив, но не сакав да бидам напорна.
- Службено. Уште вечерва сум тука. Подобро да не ти објаснувам, не сакам да те оптеретувам, сигурно си имаш свои грижи. Да зборуваме за нешто друго, - одлучно пресече.
Можеби ми дојде некое олеснување што нема да дискутираме за работата, но се почувствував малку навредена што не ме праша зошто сум вечерва јас тука. Сакав, имав потреба да му кажам дека и јас сум службено, па и колку сум задоволна од работата, за мојот вчерашен успех.
- Не сме се виделе пет години, би сакал да слушнам како живееш, - запали цигара, го допи вискито што беше во чашата и си тури повторно. Изгледаше како да се плаши што ќе чуе, а истовремено сакаше да знае.
Ми го рече тоа што не сакав да ми го рече. Подобро да зборувавме за работата. Што можев да му кажам? Поточно, не знаев што да му кажам. Не знаев како. Се трудев да се сетам како со неколку зборови да му објаснам како живеам последниве пет години, но само една јасна слика ми стоеше пред очи која стоеше како препрека пред сите други. Во моментот не ми доаѓаше желба да зборувам, сакав само да молчам и да гледам како пие од вискито кое веќе беше повеќе од пола испиено. Мразот се истопи, ни една коцка не ставивме во нашите чаши.
- Знам. И јас не би знаел како да ти одговорам доколку ме прашаш тоа што јас те прашав. Можеби и моите причини би биле исти како и твоите, но подобро да не зборуваме и за тоа, - замислено прокоментира, како да ми ги прочита мислите, знаеше дека не знам што да кажам. - Да наздравиме! - ме погледна во очи, ја крена раката и без збор ги чукнавме чашите.
Настана тишина, молчевме и двајцата, преокупирани секој со сопствените мисли, па како од култура да не сакавме да си ја прекинеме таа состојба. Од нашиот агол можеше да се слушне само чкрапање на запалка и звук кој го дава течност кога се налева во чаша. Кога дојде девојката да донесе сметка, тогаш забележавме дека барот се испразнал и дека е време да си одиме и ние. Кога почнав да се движам, тогаш станав свесна дека алкохолот ми го заматил погледот и ми го отежна движењето, но не дозволив некој да забележи, а најмалку тој.
- Епа, добра ноќ. Треба да спијам, утре ме чека работа, - со сериозен израз на лицето го погледнав кога застанавме кај скалите.
- Добра ноќ. Пријатно ми беше што вечерва бев во твоја близина. Се надевам некогаш повторно случајно ќе се сретнеме, но тогаш дека ќе имаме што да кажеме, - топло ме погледна и ми подаде рака.
Само се насмевнав, на кратко ја прифатив раката, се свртев и заминав. Препознав, бев сигурна, ова беше вистинскиот момент. Но, како и пред пет години кога заминав, последните зборови ни беа: „Се надевам дека некогаш случајно ќе се сретнеме”.
А само малку барав. Само да ми рече да останам. Исто како и пред пет години, но сега не го прашав дали сака да останам. Се плашев да не ми рече: „Оди си”.