Крв и месо...
Добро... Ќе сфатиш ли... ќе сфатите ли сите дека и јас сум од крв и месо, ранливо, несовршено, уплашено и вечно во сомнежи човечко суштество како и вас. И јас имам чувства... и јас чувствувам болка, радост, задоволство, страв, несигурност, немоќ... и јас плачам, се смеам, се разочарувам, паѓам и се кревам. Спијам, се хранам... љубам! И мене ми е потребна љубов.
Да! Од крв и од месо сум и тоа ме прави толку ранливо суштество...
Го гледате сето ова? Тогаш зошто не сфаќате, зошто и понатаму се однесувате со мене како со предмет? Ме газите, ме сечетe, ми нанесувате удари, повремено си поигрувате, се забавувате, занимаватe, залажувате и потоа ме фрлате како некоја стара играчка. Ветувате, зборувате, се колнете и се тоа на крај излегува дека е ништо повеќе од празни зборови.
Но јас, ете, сфаќам- сфаќам дека сте несовршени, сфаќам дека грешки се прават и со широко срце знам да простувам- јас просто незнам да мразам. Но, каде сте вие да ми простите мене, да разберете дека сум несовршена како вас, дека и јас правам некои работи, а не сум свесна за нив. Јас простувам, заборавам, ја оставам љубовта да надвладее после се, над се, вечно се прилагодувам на сите и сите ги разбирам (колку што може да се разберат). А да се прилагодеше некој на мене? Да ме разбереше некој мене, да ме ислушаше- моите желби и потреби, маки... Тешко тоа- изгледа судбински сум предодредена јас да бидам вечниот слушател, советник, мотиватор, поттикнувач, охрабрувач....
Трпам се! Но до кога? Од крв и од месо сум. Хартијата трпи се. И јас исто... До кога? Хартијата после ќе се згужва и фрли. А, јас сум ЖИВОТ- животот не трпи се!
Се прашувам кога ли ќе се прелие чашата и што ќе се случи потоа....
Луѓе! Од крв и месо сум, човечко суштество оставено на милост и немилост во овој cannibal world. Ми треба љубов за да преживеам во него!