Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој каде можам да ја најдам „Холивуд“ од Буковски и дали е преводот во ред?

„Холивуд“ од Чарлс Буковски е во издание на Бегемот, релативно нова издавачка куќа која нема свои продажни места. Еднаш забележав дека во Табернакул ја има „Таинствениот планен на кралицата Лоана“ на Умберто Еко која исто така е во нивно издание така да можно е и „Холивуд“ да ја имаат.
За преводот дали е квалитетен, не знам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Осаменоста на простите броеви е книга напишана од Паоло Џордано,не од Паоло Коељо...Книга која дефинитивно ме остави без здив до последниот момент.Две тажни судбини,родителски авторитет,пубертет,срам,комплекси,генијалност и лудило....Со задоволство би дискутирала со некој кој веке ја има прочитано...
да знам дека не е од пауло коељо,али ми текна после ден два од кога го оставив коментарот,и не се корегирав зашто не ми текнуваше на името на авторот,а на интернет не успеав да ја најдам за да го запишам точното име и презиме.инаку ја иам прочитано од дамна и книгата стварно ама стварно остава без здив.:). поздрав.
 
Почнав да ја читам На запад ништо ново. Леле луѓе мои какво голтање на букви, каков ужасен превод немам нешто такво читано. Лекторот да си ја фрли дипломата во ѓубре. Знае ли некој каде може да ја најдам само да не е од Матица.
 
можеби не е за тука но сепак е книга и едноставно морам да си прашам, што е поентава со книгава? Не разбирам грчки но знам до некаде да прочитам збор два, па не сум знаел дека Софокле бил грчки Александар Сергеевич Пушкин :pos: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp:

ziylz.jpg

ldIZI.jpg
 
Страшно! Се мисли на Едип или Ојдип тиранин. Мислам дека беше во издание на „Детска радост“.
Грешки биваат, ама :facepalm: овие и кога препишуваат, не знаат што да препишат! Така е кога се учи без разбирање:rolleyes:

И колку издавачки куќи иам во Македонија? првпат слушам за тие „Панили“:confused:
--- надополнето: 19 март 2012 во 21:45 ---
Почнав да ја читам На запад ништо ново. Леле луѓе мои какво голтање на букви, каков ужасен превод немам нешто такво читано. Лекторот да си ја фрли дипломата во ѓубре. Знае ли некој каде може да ја најдам само да не е од Матица.

Ремарк го имам читано на српскохрватски, одамна. Побарај во библиотека. За Матица немам комантар.
 
Почнав да ја читам На запад ништо ново. Леле луѓе мои какво голтање на букви, каков ужасен превод немам нешто такво читано. Лекторот да си ја фрли дипломата во ѓубре. Знае ли некој каде може да ја најдам само да не е од Матица.

Барај стари изданија на книги по тезгите за книги на старо, секогаш се подобра опција :) .

Инаку ако ти се допадна Ремарк како автор, ти ја препорачувам Триумфална капија, според мене најдоброто негово дело, баш неодамна ја издаде Три и не е лош преводот.
 
Знае ли некој каде можам да ја најдам „Зелена милја“ од Стивен Кинг?
Ја барав низ неколку книжари во Ск - ја немаа (а и онака многу малку од неговите книги ги имаат), ја барав по антикварнициве за книги низ Центар - ни таму ја нема, па ме интресира дали некој можда има линк да ја најдам во електронска форма и по можност на српски или хрватски. Нема да се бунам ни на англиски ако ја има, мада Кинг ми е малце тежок за на англиски...ипак - само да ја најдам :)
 
Ако не ја најдеш на македонски или српски, на англиски ја има во Икона Рамстор.
 
Фала на одговорот. А од каде ја купи, бидејќи на сајтот не им пишува каде им се продаваат книгите.

Ја читав позајмена од „Браќа Миладиновци“. А според сакам книги ја има во сите книжарници по цена од 350 денари.
Или па да не бараш можеш за пола месец да го почекаш саемот на книга и сигурно ќе ја најдеш :)
 
Денес ја купив од Табернакул. Благодарение на форумот :)
 
Гомора многу јака книга за мафијата во Наполи.
 
Некој да ми каже каде може да ја купам Надзор и казна - Мишел Фуко знам дека издавачка куќа е Слово ама никако не ја најдов...барав по народен фронт ама слабо....помош ?
Се надевам дека ќе ја има на саемот за книга :)
 
Почнав со читање на Папокот на Светот од Венко, срам да ми е што сум пропуштил(n) . После неколку препораки од пријатели-ки конечно се наканив да седнам и да ја прочитам. Сега сум на првиот дел Клучалница. Некои работи ги препрочитувам ме пецнаа опасно и ме натераа да помислам за некои работи. Секоја чест за Венко.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom