- Член од
 - 17 јануари 2009
 
- Мислења
 - 2.814
 
- Поени од реакции
 - 4.667
 
The Stand од Стивен Кинг. Ја прочитав книгава во електронска форма, на српски јазик (преведена како „Упориште“). Има три дела, а темата е есхатолошка, апокалиптична. Добар роман, лесен за читање, интересен, неколку повеќе или помалку сложени ликови и приказна што се памти. 
Мене многу ми личи на една современа, прилично вешто изменета и прилагодена, но сепак очигледна варијанта на Господарот на прстените од Толкин. Си има и кај Кинг хобити и орки, пат што треба да се изоди, а и по некој Голум. И за Гандалф и за Саурон најдов замена. Е сега, тоа не е нешто лошо, напротив. Кинг си гради сопствен, убедлив свет и си го знае занаетот.
Мислам дека Кинг посебно ги сака пченките. Тие, освен во Децата на пченката, и овде си најдоа место.
				
  Сепак да напоменам, не е за помлади од 18 (па и повеќе 
 ) години бидејќи е експлицитна до крајности - ако имате ограничени сфаќања и сте богољубиви по природа не ја читајте. Така да ова би било анти-реклама