Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Не го почестувам често подфорумов па можно е веќе да било дискутирано. Ваше мислење за "Најголемата тајна на светот" од Ниче Димовски?
Прочитај ја за да се здобиеш со знаење што е неквалитет, и треба да се оквалификува како избљувотина.
 
Прочитај ја за да се здобиеш со знаење што е неквалитет, и треба да се оквалификува како избљувотина.
До толку де?
Не можам никаде да најдам просечно review.
Или се најлошо или се најдобро.
 
До толку де?
Не можам никаде да најдам просечно review.
Или се најлошо или се најдобро.
Е па најчесто е така со книгите кои држат стриктно кон субјективизмот во историјата.
 
Е па најчесто е така со книгите кои држат стриктно кон субјективизмот во историјата.
Некој краток синопсис за книгата да ми дадеш? Пошто тоа што најдов не беше посебно јасно за што се работи во книгата.
 
Коментари за „Куцкамен“, сугестии, начини на кои би требало и се пристапи, во што е нејзината вредност? Слободно пукајте.

ЈуријАркадиевич, очекувам километарски пост тука. :D
 
„Срце на темнината“ - Џозеф Конрад

Немилосрдниот империјализам и колонијализам гази пред себе и им ги исцрпува богатствата (а и животите) на потчинетите. Реката Конго, Заир, се наоѓа во срцето на Африка, и во срцето на џунглата/дивината. Во времето на дејството, таму сеуште има неоткриени делови и племиња, но упорноста на колонизаторите им овозможува да продрат и таму, за да се исцрпи се што може. Но темнината на Африка влијае и врз душите на белите луѓе. Цивилизираниот човек тешко може да се сноси со дивината, со осаменоста и изолираноста. Најдобриот, значи најнемилосрдниот, агент за наоѓање на слонова коска, Курт (или Курц), ова најдобро ќе ви го каже: „Ужас, ужас“.

Неговото име најмногу се споменува низ делото уште пред да го сретнеме лице в лице. Тој се наоѓа на најоддалечената трговска станица, од каде што се добива најмногу слонова коска. Но неговите методи се сомнителни, и се зборува дека нешто многу мистериозно се случува таму. Изгледа Курт има некое влијаните над домородците, кои го обожаваат како бог, но влијанието е обострано - домородците и дивината влијаат врз неговиот ум и душа. Кога најпосле ќе се сретнеме со него, неговото срце е веќе сосем обземено со темнината. Доколку читателот е доволно прониклив, ќе насети дека кога конечно ќе се сретнеме со Курт, веќе ќе биде доцна и дека нема да прочитаме многу за него.

Низ целото дело постои една нејасна атмосфера на присутно зло, и на исчекување истото да се прикаже во секој миг. Конрад успеал да го направи ова маестрално. Ќе завршам со еден цитат од романот за неприпитомената Африка: „Непристапна за човековата мисла, немилосрдна кон човековата слабост“.
 
Сте го читале ли Фридрих Шилер? Интересен германски писател на драми. Разбојници му е првата напишана драма - трагедија. Малку подолги монолози отколку што е вообичаено, што ја прави оваа драма малку неконвенционална. Почнува мошне добро, но некаде после вториот чин некако спласнува, и не може да се врати на величината од почетокот. Малку наликува на Шекспировите драми.

Вилхелм Тел е втората драма која ја имам прочитана од него. Патриотска драма, за борбата за независност на Швајцарија. Може да се извлече паралела и за борбата на човек против туѓите влијанија, агресии и обиди за покорување и владеење. Многу ми се допадна местото на дејството - Алпите и езерото Луцерн, иако драма, сепак авторот ни дава убави описи пред секоја сцена.
 
Некој краток синопсис за книгата да ми дадеш? Пошто тоа што најдов не беше посебно јасно за што се работи во книгата.
Еве јас ќе ти дадам. Книгата е ужас. И од естески и од суштински аспект.
Дечкото блада. Како сме биле сите заспани, не сме биле свесни и слични водени лудории... Во принцип истите глупости ги блада и членот Ѓурџиеф на форумот Религија. Прочитај 100 негови мислења и ќе ти дојде исто како да си ја прочитал книгата на Ниче Димовски.

Од поновиве автори ако видиш некој како оперира со поимите "тајна" или "вистината" бегај.

Ако те интересира филозофија (бидејќи делата на Ниче Димовски би требало во таа група да се категоризираат) има убава книга од Бертнард Расел "Историја на Филозофијата" и од Вил Дурант "Умот Царува". Од Бертнард Расел ја имаш на саемот за книга, но на англиски, а од Вил Дурант би требало да ја има во библиотеката на филозофскиот факултет во Скопје.
 
Што мислите за КОЛЕКЦИОНЕР - ЏОН ФАУЛС вреди ли да се купи/чита или ептен е морбидна :)
 
Што мислите за КОЛЕКЦИОНЕР - ЏОН ФАУЛС вреди ли да се купи/чита или ептен е морбидна :)
Вреди! Зимај ја од саем кај Или-или за багатела.

Книгата е поделена на два дела. Машки и женски аспект на перцепција. Истотака интересен е описот на посесивноста на главниот лик, како и индиферентноста од женската страна, нивните заеднички точки кои придонесуваат суровост на еден кон друг.
 
e mene me interesirase dali nekoj go cital makedonskiot pisatel Dimitar Tasevski -DITAS.. od nekoj sum slusnala deka ima dobri knigi, drug pak mi kazuval deka ne e dobar.. ve molam aj ako nekoj cital nesto od nego da predlozi nekoja kniga..
znam nekoi naslovi od negovite dela (..Dupka vo mozokot, Decata na gjavolot..) ama nemam ama bas nisto procitano

Малку доцнам со одговорот (сепак не е една деценија), можеби веќе си ги прочитал/а книгите. Сепка да си кажам - јас ги имама прочитано скоро сите книги од ДИТАС, можеби има уште една-две, не сум сигурна. Зависи од вкусот. Јас ги обожавав, и се’ уште ми се меѓу најдобрите книги од македонски автор па и од странските. Некои не го сакаат бидејќи е премногу искрен, а тоа во Македонија не е секојдневие. Пишува вистини (слушнав дека се’ во книгите е вистина, но не можам да тврдам) за подземјето во земјава - мафија, дрога, проституција и сл. Значи има насилство и еротика. Книги кои остават без здив, вдери да се прочита барем една книга (а тешко дека ќе запреш со една). И, ако веќе читаш, прво читај ја Крив правец, па потоа Чистачот (или Крив правец 2) бидејќи на некој начин се поврзани, не се продолжение ама поврзани се. Поздрав.
 
Мене не ми се допаѓаат книгате на Дитас, нарацијата му е ужас слично како и описите на ликовите и карактерите во книгите.
Аматери што пишуваат детективски приказни хонорарно по весници имаат многу подобар квалитет од споменатиот Дитас.
Дури и Џамбазов е подобар од него како писател, инаку ги имам прочитано Крив Правец 1 и 2.
 
Малку доцнам со одговорот (сепак не е една деценија), можеби веќе си ги прочитал/а книгите. Сепка да си кажам - јас ги имама прочитано скоро сите книги од ДИТАС, можеби има уште една-две, не сум сигурна. Зависи од вкусот. Јас ги обожавав, и се’ уште ми се меѓу најдобрите книги од македонски автор па и од странските. Некои не го сакаат бидејќи е премногу искрен, а тоа во Македонија не е секојдневие. Пишува вистини (слушнав дека се’ во книгите е вистина, но не можам да тврдам) за подземјето во земјава - мафија, дрога, проституција и сл. Значи има насилство и еротика. Книги кои остават без здив, вдери да се прочита барем една книга (а тешко дека ќе запреш со една). И, ако веќе читаш, прво читај ја Крив правец, па потоа Чистачот (или Крив правец 2) бидејќи на некој начин се поврзани, не се продолжение ама поврзани се. Поздрав.

Колку книги имаш прочитано воопшто?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom