True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Првата беше подобра сезона од вторава, доминација. Многу ликови од почеток, тоа не им требаше, нешто најлошо, приказната во првата сезона исто беше подобра од оваа во вторава сезона, актерите океј, глумата ми се допадна, велкоро крал, ама метју си е метју <3. Е во вторава најмногу ми се допаднаа сцените со музиката во барот (ако има торент некој нека праќа да симнам). Ја лично не сум за трета сезона, доста беше. И генерална оценка за сезонава 6/10. Не вреди да се објаснувам, да пишувам реферати, да објаснувам разни ситници, едноставно ме мрзи за тоа. :)
 
:cautious:
 
Втората сезона беше подобра, пред се во динамиката на дејствието и тоа е собрано во 8 епизоди.
Првата можеше со 4-5 епизоди да помине, а не 8 и има доста досадни работи и развлечено дејствие т.е непотребно трошење на време.
Втората е комплексна, динамична, повеќе слоја и ликови и крајот многу ме потсетува на The Bad sleep well од Куросава. Исто втората го ја задржа големата слика од првата т.е на средина неуспешна акција и во втората половина подинамично дејствие.
Се надевам дека третата сезона ќе биде повеќе детективска и нелинеарна приказна, како првата, но динамично дејствие како втората.
 
Треба да има трета сезона што ќе заврши со бум. Не Мајкл Беј бум туку мозочен бум.
 
Не мора да се брзат, како што направија со вторава. Ако им требаше година и кусур да ја скоцкаат втора, нека си земат повеќе време за трета. Ако треба и до 2017-та ќе ја чекаме.
 
После ова најлесно е да се напише трета сезона :D

plot line: Безеридис случајно се сретнува со Раст Кол затоа што вториов се уште ја истражува сектата и се поврзува со нејзиниот татко, тој во култот. Двајцата кршат кичми на кој ќе стигнат. На крај Раст евентуално умира ради спектакл и тоа е тоа.
 
Јас гледав само 4 епизоди и некако не можам да ги гледам останатите пошо не ме бендисува втората сезона и неам желба да продолжам да ги гледам останатите.
 
Само што ја догледав првата сезона супер серија ама очекував појче во финалето мислев дека ќе има некој пресврт. Ми останаја неколку нејасни работи со Гај Францис, со кој зборуваше на телефон? и од кај знаеше дека не е умрен убиецот? И како се поврзани Тутлс и Ерол?
 
Првата ја немам гледано, втората ја финиширав вчера.
Прво и основно - многу ме нервираше Lana del ray базираниот депра инди рок што онаа певаљката го пееше у клубот кај што се сретнуваа Колин и Винс, дури и премногу беше присутна музикава.
Друго, до 6та епизода све си беше топ. Дејство, перипетии, ликови, далавери, криминали, случки од минатото на ликовите и тн. Значи се си беше одлично. Но крајот... Ептен некреативно завршија 2ве последни епизоди. Неќам да откривам спојлери (ради култура), ама дефинитивно тоа не беше начин да се заврши сезоната.
True Detective сезона 2 - оценка 6.5 според мене.
 
Првата уште полошо заврши според мене :unsure:
 
I99qpmU.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom