True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Во оделото му беа дијамантите, тие му беа единствениот излез пошто веќе им ги даде парите во торбата. Така да немаше излез.

Аха, знам. Но нели животот нема цена? Неговиов изгледа имаше.
 
Аха, знам. Но нели животот нема цена? Неговиов изгледа имаше.
Ќе го укокаа тие мафијашите секако, пошто им ја дужеше втората половина од парите која се договорија да ја добијат кога Frank ќе биде на сигурно. Мртов беше и вака и така доколку останеше без дијамантите. Буквално немаше избор.
 
Ти ликот на Вудро го гледаш низ призмата на Велкоро или низ твојата ?
Еве ти од последната епизода ако веќе цитираме.

Ani: He was better than us. He saved our asses, twice.
Ray: Three times. Now. He deserved better.
Ликот на Вурдо се мачам да го видам, затоа што е толку плиток што се дави.
 
На серијава и требаше постепено откривање на детали уште од почетокот на место еден куп филер моменти.
Но сепак на крајот успеа убаво да се расплети. Морам да кажам и Винс се покажа добро, дури на крај и за него навивав. Сцената во пустината партали. Утепа крајот и на Велкоро, само малце чизи што отиде да го виде син му и така се заеба. Како и да е, све на све добра сезона.
Сеа дефинитивно победи, тогаш го затворија случајот ;).[/quote]
Баш поради тоа што се затвори така случајот, со еден убиен психопат кој е само обичен пиун и ништо повеќе кажува дека победи лошото. Не се ни приближија до вистинките мозоци на фондацијата која ги оркестрираше сите тие работи.
 
Премногу беше: убиството на Каспер, Каталист со железницата, убиството на жена му на Велкоро, настаните на Фрејнк околу преземањето на неговата империја, Питлар и трговијата со жени, татко и на Ејми со фриковите, исчезнувањето на Марија, битката за превласт кај Чезани, картелите и трговијата со дрога, настаните околу обвинителката (црнкињата) , убиствата од 92ра.......

Ме мрзи уште да пишувам и мислам
 
Беше хаотично и не беше се добро раскажано. Имаше приказна сезонава да ги помине Метју и Вуди, ама не ја искористија цела таа испреплетена приказна да ја раскажат ко што треба за да се разбере се како што треба, мислам сериозно ако некој знае повеќе од 5 имиња на актериве од сезонава еве те.
А од друга страна прашање е дали имаше некаква опција се ова да се раскаже во 8 епизоди, а во меѓувреме да гледаме и за приватниот живот на ликовиве, развод, борба за старателство, сестра - проститука, тепање на татко шо го задевал синот и ред други работи.
 
Не беше лош заплетот, ама искрено одредени форумџии на темава имаа подобра идеја за тоа како би требало да се одвива цела сезона.

Најверојатно првата сезона ќе биде и најдобра од оваа серија.
 
Најверојатно првата сезона ќе биде и најдобра од оваа серија.
Па реално подобра е, од развивање на приказна, самата приказна и дијалози.
Оваа сезона дефинитивно имаше концепт да ја помине првата, но за жал не беше исполнет до максимум.
Сепак, мислам дека го задоволи TD очекувањето, и беше добра сезона, само не подобра од првата.
 
Ми се допадна сезонава, скроз онака. Од актери, до приказна и дијалози (не толку филозофски и апстрактни), плус многу повеќе акцент на ликовите и нивните приказни, што ти дава простор да се приврзеш за нив и да ти е мака кога ќе бидат изрешетени од некои корумпирани ѓубриња.

Ептен језив ми беше делот со Френк и мршојадците што му одеа по крвта. Го фати инат за костумот бе. Ај бар си остана горд докрај.
Велкоро да умреше знаејќи дека детето му е син, бар мирно ќе си умреше. Срце ме стегна кога го покажаа резултатот од ДНК и сликите од нив. :(

Третата сезона, уште поарна.
Не умре за оделото, туку за дијамантите кои беа во оделото.

Инаку Френк најјак лик од цела серија.

Sent from my K3 Note using Tapatalk
 
Не умре за оделото, туку за дијамантите кои беа во оделото.

Инаку Френк најјак лик од цела серија.

Sent from my K3 Note using Tapatalk
Кажа тој дека за тие пари работел со децении и нема намера да се повлече без ништо.

А планот му беше добар во врска со Осип и слаткарите, но заборави дека викендите од клубовите им ги даде на мексиканците и кога ги запали ги оштети и нив.
 
Мене едно нешто само не ми е јасно. Мексиканците на крајот ги покажаа како обезбедување на Тони Чесани.

в3.jpg
(момците со наочари лево)

Дали тие цело време соработувале со него? Дали хајката против Френк, како осомничен за она што го направи со Осип и оној што личеше на Нано Ружин, е издејствувана од Чесани?
 
Мене едно нешто само не ми е јасно. Мексиканците на крајот ги покажаа како обезбедување на Тони Чесани.

Прегледај го приврзокот 126325
(момците со наочари лево)

Дали тие цело време соработувале со него? Дали хајката против Френк, како осомничен за она што го направи со Осип и оној што личеше на Нано Ружин, е издејствувана од Чесани?
Па Чесани мислам дека беше во коалиција со Осип, така да највероатно Чесани работел против Френк и татко му во исто време. Али не верувам да бил некој мастермајнд и он да го оркестрирал сето тоа, не ми е толку до толку бистар лик :D
А Мексиканциве се дигнале во меѓувреме многу и највероатно си соработуваат сеа.
 
Па Чесани мислам дека беше во коалиција со Осип, така да највероатно Чесани работел против Френк и татко му во исто време. Али не верувам да бил некој мастермајнд и он да го оркестрирал сето тоа, не ми е толку до толку бистар лик :D
А Мексиканциве се дигнале во меѓувреме многу и највероатно си соработуваат сеа.
Мексиканците се опортунисти, нели одма му се накотија на Frank во клубот кога овој го тргна предходниот сопственик. Сигурно имале понуда за обезбедување која не можел да ја одбие новиот градоначалник. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom