True Detective

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.285
Малку ме чуди рејтингот на последната епизода. Сепак беше маестрално режирана. Но ете, не успеа во својата намера? :toe:
 
CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
751
Поени од реакции
60
Сите очекуваа дека оваа сезона ќе биде генијална како првата и споредено стварно е послаба според мене и донекаде разбирам што повеќето ја плукаат иако се претерува со хејтот.
Доколку ја гледам без да ја споредувам со првата добра е, крајот беше исто јак.
Само ме изнервира тоа што Велкоро тргна да го види синот..... од сите места би требало да знае дека таму ќе го видат, требаше многу подалеку да ја остави колата. Исто татко и на Ани мислев ќе има поголема улога во целата приказна...
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Сакам да пијам темно пиво у онаков бар. :place:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Поголемо клише во последно време е да се убијат сите главни актери, отколку серијата да има среќен крај. Ме разочара финалево морам да признаам. А првата половина беше баш солидна и добро не возеше, но втората беше тотално очекувана за мене.
Сериозно, Френк, Велкоро и Безиридис средуваат се живо што мрда, за да Френк го убиваат на банален начин, поради глупаво одело, а Велкоро е среден во шума од единствениот човек кој го ,,заборавија''.

Шеста и седма епизода беа навистина добри, се надевав дека финалето ќе биде уште подобро и дека вторава сезона ќе добие прилично висока оценка од мене. Можеби не како првата сезона, но ќе котираше високо.

Да сумираме, добра глума, Вин Вон мене не ме изненади затоа што очекував од него да се покаже на некое друго место, освен во глупави комедии со Овен Вилсон. Рејчел и Фарел одлични. Музиката исто така беше добра, сцените во биртијата во кои девојката пее и свири на гитара беа едни од најдобрите во втората сезона. 6.5/10 од мене.

,,А могло је боље'' што би рекол Бебек. :cautious:
 
Последно уредено:

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
751
Поени од реакции
60
Поголемо клише во последно време е да се убијат сите главни актери, отколку серијата да има среќен крај. :cautious:
Јас не мислам дека е клише.... поголемо клише ќе беше да преживеат сите.
Ваква серија каде се прикажува едно расипано општество мора да има тажен крај според мене.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Јас не мислам дека е клише.... поголемо клише ќе беше да преживеат сите.
Ваква серија каде се прикажува едно расипано општество мора да има тажен крај според мене.
Не мора. Мене некако ми е преку глава од такви завршетоци. Живеам моментално во едно такво општество, ќе излезам надвор и... Сакам барем на платно да ги победи ветерниците Санчо Панса :)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.395
Поени од реакции
30.844
Многу тешка серија за следење. Нема шанси да постои човек што ја има изгледано серијава еднаш и ја има разбрано приказната 100%. Не, еве 70% нека се.

После 5 епизоди експозиција мене уште не ми е јасно што точно се случи за да си направам еден тајмлајн на настаните.

Премногу ликови, некои и непотребни како Вудру, но оние што останаа се океј. Океј затоа што не се солидни. Не може да ми биде гајле за Вудру кога немаше доволно минутажа за да легне ликот. Буквално не направи нешто корисно што беше карактеристично за неговиот лик. Го најде трупот на Каспер, но секој рандом минувач би го нашол. Најде кој ги барал дијамантите, но и Беизредес и Велкоро би го направиле тоа.
Безиредес е на граница меѓу непотребен лик, со тоа што се влечеше 6 епизоди за да има што да прави, дејство во приказната и како детектив. Дефинитивно нејзината централна епизода додека беше андеркавер проститутка беше најдобра епизода цела серија.
Непотребна форсирана романса на два лика без никаква хемија. Неубедливо за толку кратко време.
Велкоро е еден од поокеј ликовите, депресивен татко, и корумпиран полицаец, што би дал се на светот за единственото дете што полека му се лизга од прсти. Најголем губитник е тој, со најмеланхоличен крај. Сепак, романсата во 5 до 12, нц промашај.
Френк е најокеј лик. Иако неколку епизоди го повторуваше својот дијалог и своите зделки на десетици мафијаши, остави впечаток на човек кој се бори со петни жили за најдоброто за себе. Мачејќи се со судбината дека се што стори, нема на кој да го остави, живеејќи во заблуда дека моќта и парите се она што е најбитно. Мислам нема подобар лик за поговорката "Среќата со пари не се купува".

Да потцртам линија. Сезонава не е лоша. Океј е. Само океј. Ќе беше добра да не беа толку досадни и монотони епизодите 3-5. Музиката очигледно само мене не ми се допадна.
Ако споредувам со првата, нормално подобра е првата. Иако двете се со споро темпо, во првата секоја епизода беше продолжение на приказната, додека овде се осеќаше она грдото чувство дека ништо не се случува.
Што мислам дека е згрешено во серијава: Малку епизоди. Очигледно е сега после крајот дека сакале да обработат масивна приказна со чудо преплетувања и 4 главни ликови. Преамбициозен проект за само 8 епизоди. Нормално е дека е избрзана, нормално дека пати од долга експозиција. Нормално дека пати од слаби ликови.

Се надевам ако има трета сезона ќе има или помалку ликови, или повеќе епизоди. HBO имаат пари ако сакаат, можат да остварат.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.914
Поени од реакции
30.890
Вие упорно ја спордувате првата со втората, уште не ви е јасно дека гледате две тотално различни серии... ама со исто име.
Не бил потребен Вудро, како не бил потребен еве режисерот ни покажа дека чесниот полицаец колку и да се бори со лошите момци на крај ќе го упука некој негов од зад грб...како некое куче, а сето ова се случува и во вистинскиот свет.
 
He died. No one cares. И у последнава епизода Велкоро: Не го познавав добро, ама бевме пријатели. Жити се :LOL:. Дали имаат 10 мин заедно сцени. Дали имаат впечатлив разговор вопшто.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.914
Поени од реакции
30.890
Ти ликот на Вудро го гледаш низ призмата на Велкоро или низ твојата ?
Еве ти од последната епизода ако веќе цитираме.

Ani: He was better than us. He saved our asses, twice.
Ray: Three times. Now. He deserved better.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Лоша епизода, по стандардите на серијата. Ми личи ко да ѝ требало десет епизоди да го финишира заплетот.
 
H

HoT IcE

Гостин
Само да потсетам колкав хејт јадеше на форумов Винс Вон од мене, а и поголем дел од луѓево на темава кога беше објавено дека ќе биде главен лик, а уствари типот одглуми фантастично и тоа комплексен лик и на сите ни остана како еден од најомилените. А и добар крај имаше, за мене Винс и Колин беа маестрални серијава, другиве мање више небитно, Рејчел дури ни цицка не покажа се и ебам.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Поголемо клише во последно време е да се убијат сите главни актери, отколку серијата да има среќен крај. Ме разочара финалево морам да признаам. А првата половина беше баш солидна и добро не возеше, но втората беше тотално очекувана за мене.
Сериозно, Френк, Велкоро и Безиридис средуваат се живо што мрда, за да Френк го убиваат на банален начин, поради глупаво одело, а Велкоро е среден во шума од единствениот човек кој го ,,заборавија''.

Шеста и седма епизода беа навистина добри, се надевав дека финалето ќе биде уште подобро и дека вторава сезона ќе добие прилично висока оценка од мене. Можеби не како првата сезона, но ќе котираше високо.

Да сумираме, добра глума, Вин Вон мене не ме изненади затоа што очекував од него да се покаже на некое друго место, освен во глупави комедии со Овен Вилсон. Рејчел и Фарел одлични. Музиката исто така беше добра, сцените во биртијата во кои девојката пее и свири на гитара беа едни од најдобрите во втората сезона. 6.5/10 од мене.

,,А могло је боље'' што би рекол Бебек. :cautious:
Во оделото му беа дијамантите, тие му беа единствениот излез пошто веќе им ги даде парите во торбата. Така да немаше излез.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom