Имам чувство дека
Вампирските дневници премногу се филувани за да бидат тинејџерски прифатливи, и на моменти многу потсетуваат на Твајлајт, бар мене ме потсеќаат согласно првиот дел од филмот, а само него и го имам гледано, па ако грешам нека изгорам...
True Blood пак е тоа што е, и покрај тоа што добиваат замерки дека претеруваат со секс сцените, сепак режисерот и сценаристите се држат до тој елемент, веројатно не плашејќи се дека при тоа може да загубат публика. Едноставно не ја прават сосила прифатлива за тинејџ публиката. На вампирите им се припишува изразитата сексуална природа, па очигледно решиле да ја прикажат, иако можеле да го исечат Џејсон Стекхаус, зашто човекот освен што спие со жени и лупа зелени не служи за никакво дејствие.
True Blood е многу покул серија со многу пооригинален плот. Вампири кои се борат за права и демократија, и истовремено се борат да го најдат човекот во себе и да живеат во мир меѓу обичните смртници, за мене е многу пооригинална приказна од онаа во
Дневниците, каде буквално се е препис од Твајлат и True Blood барем според она што го видов досега. Дечките се среќаваат во школо, актерот многу потсеќа на Патисон, родителите на девојката загинале во сообраќајка ( исто ко на Суќе

), она е сама со брат и, немаат баба, ама добро бе имаат тетка, најдобрата другарка нормално и е црнкиња. Дневнициве се преполно со ликови кои се губат попат, и воопшто не се внимава на редоследот на настани, една епизода очи си вадат друга се сакаат. Ко на сила да сакале да начукаат 22 епизоди. Не викам дека серијава е нешто лоша, ама не е True Blood ниту пак има потенцијал да биде.
Највредното нешто им е Иан Сомерхалдер или лошиот брат Дејмон, кој навистина прилега за вампир, ама самата серија не му дава да си го искористи потенцијалот. Кога го видов прв пат си помислив
колку добро би дошол во True Blood покрај Бил и Ерик.