True Blood

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Брухото изгледа ќе го гледаме во Лафајет.
Изумреа споредни ликови, ама ипак тужно ми е за Тара. Суки како изреагира like omg wtf?
Бил и Ерик.. :vozbud:
И Џесика ми беше ерекци.. овај, плус. Како и секогаш.

А Nan беше fuckin creepy.

Се гледаме одгодина.
 
Сеуште не се знае дали Тара ќе почине, крајот беше cliffhanger. Според книгата таа не би требало да почине до крајот на серијата (има околу 7-8 книги), тоа што ми е чудно е што Лафајет според книгата требаше да умре уште во првата/втората сезона ама изгледа режисерот си ја прилагодил приказната по негова желба и се оддалечил се повеќе од книгата.
Во секој случај Суки може да ги повика Бил или Ерик и тие со крвта ќе и помогнат на Тара ;)
 
259408_700b.jpg
 
Moзокот на Тара и се разлета.. ако ја вратат би било ептен глупо.
Инаку, Марни каква таква пополни сезона, барем креативни беа, што сега ќе го враќаат во новата зацементираниот..
 
I am so over Sookie and her precious fairy vagina and her unbelievably stupid name. Fuck Sookie! :pos:
Одлична сезона, премногу добра глума на Marnie, последниве неколку епизоди Lafayette страшно ме изнасмеа, штета што му умре брухото :(.
tumblr_lr1jwhgD831qdnw4do1_500.gif
 
Предобра е серијава,случајно ја загледав и м
стана интересна:)
Сите сезони ги имам гледано освен втората,3 ми беше најдобра,а 4 ја бендисувам заради Суки и Ерик,кој ке чека ли до 5 лето 2012:(се заразив со серијава,а почетнана е врв:vozbud:
Лафајет ми е омилен лик:love:
 
Sookie ти си бе? Ја те барав по цел форум :pos:
Anyway закон е Лафајет нема што.
 
Како бе така рипате сезони? :confused:

Иначе мене прва и втора ми беа убер интересни, трета потфрли малце, ама со четвртава се извадија.:X3:
 
Sookie е ;) Морам 2 да ја гледам,да видам што се случувало,а цело време си мислев дека 1 сезона е 2:oops:
 
Кога му соопштуваше Џејсон на Хојт дека имал секс со Џесика: Можеби би требало првин да го спуштиш тоа што го држиш во раце. :pos:

А и од кај излета тој лидерот Њуман мислам се вика, ни на крај памет не помислив дека ќе се врати и тоа како вампир.
Со Расел во новата сезона ќе биде јако ама мислам дека ќе има некој помоќен од него од кај добрите момци зошто вака монотоно е, не ја ни знаеме вистинската сила на Суки па можеби таа ќе решава на крајот што е и очекувано.
 
True Blood е она што се вика вистинска вампирска серија, има напнатост, крв, насилство, секс сцени ( со кои малку претерале додуша) и многу харизматични ликови. Далеку е од Твајлајт и од Вампирските дневници. Овие две серии во никој случај не смеат да се споредуваат, зашто True Blood е барем две класи подобра од дневниците. Имам чувство дека Вампирските дневници премногу се филувани за да бидат тинејџерски прифатливи, и на моменти многу потсетуваат на Твајлајт, бар мене ме потсеќаат согласно првиот дел од филмот, а само него и го имам гледано, па ако грешам нека изгорам. True Blood пак е тоа што е, и покрај тоа што добиваат замерки дека претеруваат со секс сцените, сепак режисерот и сценаристите се држат до тој елемент, веројатно не плашејќи се дека при тоа може да загубат публика. Едноставно не ја прават сосила прифатлива за тинејџ публиката. На вампирите им се припишува изразитата сексуална природа, па очигледно решиле да ја прикажат, иако можеле да го исечат Џејсон Стекхаус, зашто човекот освен што спие со жени и лупа зелени не служи за никакво дејствие.

True Blood е многу покул серија со многу пооригинален плот. Вампири кои се борат за права и демократија, и истовремено се борат да го најдат човекот во себе и да живеат во мир меѓу обичните смртници, за мене е многу пооригинална приказна од онаа во Дневниците, каде буквално се е препис од Твајлат и True Blood барем според она што го видов досега. Дечките се среќаваат во школо, актерот многу потсеќа на Патисон, родителите на девојката загинале во сообраќајка ( исто ко на Суќе:) ), она е сама со брат и, немаат баба, ама добро бе имаат тетка, најдобрата другарка нормално и е црнкиња. Дневнициве се преполно со ликови кои се губат попат, и воопшто не се внимава на редоследот на настани, една епизода очи си вадат друга се сакаат. Ко на сила да сакале да начукаат 22 епизоди. Не викам дека серијава е нешто лоша, ама не е True Blood ниту пак има потенцијал да биде. Највредното нешто им е Иан Сомерхалдер или лошиот брат Дејмон, кој навистина прилега за вампир, ама самата серија не му дава да си го искористи потенцијалот. Кога го видов прв пат си помислив колку добро би дошол во True Blood покрај Бил и Ерик.

А и да не заборавам, двеве серии имаат и нешто заедничко, лош избор за главна женска улога, ама сепак морам да признам дека Суки т.е Ана Пакин бар е похаризматична и на моменти смешна и исто така може да се пофали дека некогаш освоила Оскар, додека пак онаа Елена т.е Нина Добрев е толку лоша актерка што боли.

Кога би ми рекле да бирам меѓу двете серии не би размислила ни секунда.
 
Имам чувство дека Вампирските дневници премногу се филувани за да бидат тинејџерски прифатливи, и на моменти многу потсетуваат на Твајлајт, бар мене ме потсеќаат согласно првиот дел од филмот, а само него и го имам гледано, па ако грешам нека изгорам...
True Blood пак е тоа што е, и покрај тоа што добиваат замерки дека претеруваат со секс сцените, сепак режисерот и сценаристите се држат до тој елемент, веројатно не плашејќи се дека при тоа може да загубат публика. Едноставно не ја прават сосила прифатлива за тинејџ публиката. На вампирите им се припишува изразитата сексуална природа, па очигледно решиле да ја прикажат, иако можеле да го исечат Џејсон Стекхаус, зашто човекот освен што спие со жени и лупа зелени не служи за никакво дејствие.

True Blood е многу покул серија со многу пооригинален плот. Вампири кои се борат за права и демократија, и истовремено се борат да го најдат човекот во себе и да живеат во мир меѓу обичните смртници, за мене е многу пооригинална приказна од онаа во Дневниците, каде буквално се е препис од Твајлат и True Blood барем според она што го видов досега. Дечките се среќаваат во школо, актерот многу потсеќа на Патисон, родителите на девојката загинале во сообраќајка ( исто ко на Суќе:) ), она е сама со брат и, немаат баба, ама добро бе имаат тетка, најдобрата другарка нормално и е црнкиња. Дневнициве се преполно со ликови кои се губат попат, и воопшто не се внимава на редоследот на настани, една епизода очи си вадат друга се сакаат. Ко на сила да сакале да начукаат 22 епизоди. Не викам дека серијава е нешто лоша, ама не е True Blood ниту пак има потенцијал да биде. Највредното нешто им е Иан Сомерхалдер или лошиот брат Дејмон, кој навистина прилега за вампир, ама самата серија не му дава да си го искористи потенцијалот. Кога го видов прв пат си помислив колку добро би дошол во True Blood покрај Бил и Ерик.
Мммм да, вака како што напиша изгледа дека е така, само што уствари не е така. :)

Болдот:
И Твајлајт и Тру блад и Вампирските дневници се базирани на книги. Е сега погодуваш која книга била прва издадена? :)
ВД книгите се објавени во 1991, книгите за Суки дури една декада покасно, Твајлајт и тие 2000 и некоја.
Немам информација за тоа колку сериите се раководат според книгите, ама верувам дека ја пратат главната приказна... така да тешко дека ВД ги копира ТБ/Твајлајт.

Потцртаното: О да! Да! Истава мисла ми се вртеше и на мене. Колку пати само си замислив колку јако би изгледале Дејмон и Пем како вампирски пар. :)

За другото горе доле се сложувам. ВД се наменети за тинејџерската публика, што можеме да видиме од изборот на актерите, и нема некоја длабока филозофија.
Не знам до каде си стасала со гледање, ама третава сезона веќе почнаа да ја уозбилуваат серијата. Доста подруг шмек има од претходните две. :)

едит: за Нина... ваљда прашање на вкус е. Сметам дека таа имаше доста тешка задача да ги портетира и Елена и Кетрин кои се карактерно ептен различни и мислам дека тоа успеа совршено да го направи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom