Трема и нејзино совладување

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Aко ништо не ви помага против трема лекот е да се земе лорсилан 1мг.и ке бидете хајј

ова од искуство кажуваш? лорсилан е исто што и апаурин така?
 
ова од искуство кажуваш? лорсилан е исто што и апаурин така?
јас ги користам апчинјава,иначе лорсиланов е анксиолитик од бензодиазепинската група на препарати.и се применува во состојби кај кои стравот е важна компонента
 
Интересната работа кај мене е тоа што порано помалку имав трема, но со тек на време се' повеќе имам. Дури и за најобични работи.
 
Aбе лугје вие мене не ме слушате,јас за ова работа имам праено муабет со психијатар и ми рече дека поминува некој младешки синдром,и исто повеке млади се жалат за тремава.добиваат трема за бес потреба.нее ништо страшно ако навреме се се интервенира се добија некои апчинја не тие горе што ги напишав туку др по потреба на пациентот.
 
ова од искуство кажуваш? лорсилан е исто што и апаурин така?

Јок апаурин=диазепам,апаурин е од крка диазепам од алкалоид во основа исто со различно име.

Лорсиланот(белупо) попознат како лорам(лоразепам) е многу појак по дејство и има поширок спектар на пример има и антиконвулзивно дејство и е често злоупотребуван од неработачи и зависници.
 
Јок апаурин=диазепам,апаурин е од крка диазепам од алкалоид во основа исто со различно име.

Лорсиланот(белупо) попознат како лорам(лоразепам) е многу појак по дејство и има поширок спектар на пример има и антиконвулзивно дејство и е често злоупотребуван од неработачи и зависници.

значи не е за мене, вреден работник сум и не сум нарко зависник.;)
 
Лекот за тремата неможе да се најде во лековите бидејќи тие претежно имаат смирувачко дејство,па се случува ти да бидеш претерано смирен и стложен а надворешните информации да стигнат во тебе послем 5 мин :(
А треба да се реагира брзо...
Најлесно да се ослободиш од тремата е да си признаеш,да си речеш во себе дека од тоа што ќе го направиш незавси дали ќе живееш или ќе умреш,па така ако сега утнеш другпат ќе средиш работа.И така туркаш...си го замислуваш најлошиот резултат па така што и да биде ќар си :cuc:
На крај краишта ако годинава те тепа трема до година ќе ти помине :icon_mrgr:
 
Aбе лугје вие мене не ме слушате,јас за ова работа имам праено муабет со психијатар и ми рече дека поминува некој младешки синдром,и исто повеке млади се жалат за тремава.добиваат трема за бес потреба.нее ништо страшно ако навреме се се интервенира се добија некои апчинја не тие горе што ги напишав туку др по потреба на пациентот.
Не верувам дека со апчиња може да се контролира тремата затоа што додека си под нивно дејство ќе немаш трема но што потоа? Пак се враќаш во истата позиција.
Мислам дека некој посебен рецепт за сузбивање на тремата не постои но постојат одредени т.н. вежби. Пр. АКо имате некаков јавен настап повеќе пати, или ако себеси се присилувате да влезете во некоја ситуација која секогаш ја одбивате поради тремата, со тек на време истата би се намалила.
 
Имам скоро секогаш, некогаш ми делува позитивно, но многу пати се здрвувам, на интервју за работа, на прв дејт со девојка која ми се допаѓа, пред поважна работа и не можам никако да ја отстранам.
Ми се случи да се здрвам на интервју за промоција кој го правеше мојот менаџер со кого делев иста канцеларија година и пол.
 
Имам трема за све што сметам дека е важно, ако нешто ептен ми значи. Се трудам важноста на нештата да ја сведам на минимум, понекогаш успева но не секогаш. Мислам дека ако подолг временски период за нешто сметаш дека е премногу важно дека тогаш расте тремата :oops:
 
Здраво на сите :)
Сакам да кажам ја на пример имав трема кога прв пат полагав за возачка дозвола - и ме соборија зато што едноставно се блокирав и ја згрешив вежбата, сега кога ке треба да полагам пак во скоро време незнам како ке биди, но ако имам повторно трема што да правам ? ајде споделете искуства :)
 
Ако можеш потруди се да мислиш на нешто убаво, опуштено, мирно....Скроз релаксирано...Или чашка алкохол помага но ако си во таков амбиент. И најдобрите хирурзи кај нас земаат виски чаша пред операција, поради тремата. Ова знам со сигурност..
Противник сум на било какви медикаменти смирувачки таблети....
 
Една наставничка моја велеше-Кога ќе застанеш пред публика и треба нешто да кажеш, замисли ги сите присутни како зелки, визуелно и да ви кажам право многу пати ми помогнало тоа.:cool:
 
Си мислам дека немам трема можам да зборувам за било што кога сум во опуштена варијанта :), Ама кога станува официално јас на пример за стојам и да зборувам а др да ме слушаат е тогаш нозе ми се тресат дури и гласот ми трепери, дланките ми се потат... (n) некој совет
 
Интересна тема. Многу луѓе „страдаат“ од трема :D. Јас порано кога ќе искочев на табла кога бев помал, ме гледаа 30 души и знаеш се мислиш што ќе кажеш како ќе кажеш... ми паѓаше глупо што знам...те гледаат 30 души во очи и чекаат да кажеш нешто...а ти стоиш така како гревче...Недај боже нешто да не ти текнува, тогаш настанува најголемиот притисок :pos:
Па кога не ми текнуваше да кажам нешто, ми беше мнооогу глупо, онаа тишина што настануваше и чекање....
А нити да сфатам дека уствари тоа ти е обична дискусија со професор...
Ех времиња, колку сум бил тапа за безвезе. После се опуштив во средно скроз таму во 2ра година негде беше најверојатно (не се сеќавам). Почнав поинаку да гледам на работите.

Сега „Т“ немам од трема. Онака сум си олабавен скроз и опуштен. Почнав да не се замарам за многу ствари непотребни. Почнав да не се замарам со луѓе толку многу. 2-3 пати ме имаат и пред камери ставано да зборам, и во моментот дури сум 3 пати по сконцентриран од него што сум обично и сум зборел без грешка и без трема.
Дали искуството и годините го напраија своето не знам, ама едно знам...
Човек само сам може да си ја надмине тремата. Ич не ме боли уво кој што рекол или кој што ме чека да кажам сега.

До некаде тремата произлегува од храброста според мое мислење... :)
Колку си похрабар и безгрижен = толку помалку трема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom