Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Добра алтернатива за задржување на кондицијата е пливањето.
Јес, јас пливам преку зима, не можам ич да дишам на кеј од ноември до фебруар некаде.

За капацитетот на белите дробови во пливање, важно е да пливате интервално и со земање воздух наместо на школските 3 завеслаи, на 5, 7 па дури и на 9 ако е некој поамбициозен :), ако сакате ќе напишам покасно 3-4 тренинзи за зголемување на аеробната способност, ќе се држите до времето кое го мери тој саатот со стрелка на базен, на Олимписки се 4 стрелки во различна боја, на Карпош е една ама не е нешто комплексно.
 
Сакаме, а за стрелките ќе се снаоѓаме :)
 
Вчера и денес беше убаво за вежбање, јас прв пат после долго време истрчав 5км под 30мин што е супер за мене.

Иначе, и неделава што пројде бев на Водно и ептен се усвињив, кал имаше до колена.

20190203_130100.jpg
 
Јас праам стратегија скоро исто секоја година. Викендите ги користам за Водно, релации до Кота, трчање по асфалтот, ако е суво - трчање, ако има снег - пешачење, што се некои 15-20км (по саатов). Другото време за вежбање стомак и грб, вежби со сопствена тежина и повеќе повторувања и чучњеви. Дури и си водам еден excell што го апдејтирам редовно. Да се зголеми денот и намали загадувањето, крај на февруари, почеток на март - по три трчанки неделно со најмалку ден меѓу, за recovery. Ладно време без ветер мене лично ми е многу попријатно од летна варијанта, ама не се опраа градов уште 100 години со "воздухов", џабе и нато и северна...
 
Овие неколку дена да чукнам на дрво воздухов е океј, трчање - нетрчање, да се радуваме треба... на тоа дереџе сме. Ама некако се мислам дека не сме го виделе последното од канцерогениот воздух, многу сакам да сум грешка. Ако е се океј како деновиве од понеделник ќе почнам со трчање. Сега малце и кај мене е зезнато, ипак теретана ми е примарна активност, трчањето ми е втора љубов, али сега штом начекам добар воздух трчањето ќе биде примарно, мора тој маратон под 4 саати да го истрчам некогаш :D Здравје ако нема време за спремање ќе се трча 21.
 
Отворив сезона викендов со една 10-ка. Мучно, ама очекувано да биде така....идеме даље.
Од декември до сега успеав 3 кила да спуштам со не којзнае колку голема, ама редовна активност, што за зимски период, празници, славења, го гледам како некој успех.

Џабе апликации, сопствена интуиција од искуство...мислев воздухов е ок. На моменти фаќаат некои толку гадни струења на кеј, си мислам повеќе беља си праам, отколку некаков бенефит што имам.
 
Јас саботата пак се качив до крст, сакав и неделата исто ама толку многу се откорнав од алкохол у саботата вечер, што во неделата не постоев до Сити-Челзи :D
Денес пак излегов на трчање, 6ка една, утре имам обврски а задутре планирам да одам на Матка, да трчам од почеток кај што се паркираат колите по патчето до Врело и назад, ми кажаа дека има околу 10 километри. Ако има некој искуство со таа патека, нека сподели.
 
Денес дува/ше ама барем чисто, со мерак да трчаш.
 
Скопски оваа година ќе се помести еден ден порано, и ќе се одржи во сабота на 4ти мај, наместо во недела на 5ти. Причината се претседателски избори. Лошо за луѓето што и во сабота се на работа, уште полошо за тие од странство кои пристигнуваат со лет во сабота :вонзем:
 
Го сфаќам ова решение.
Маратоните си ги резервираат викендите. Веројатно следниот викенд има некој друг ваков настан на европско или регионално ниво и побитни им се натпреварувачите што бркаат атлетски норми или се дел од светската лига. Жал ми е за тие што работат во сабота или летаат накај Скопје, ама имаат доволно време за ре-аранжмани.
 
кога сме веќе кај тема преместување, за некоја идна година добро би било да се премести некаде околу 15. април, на почеток на мај е едноставно претопло за овој настан, пред се на трката на 21к и маратон. Па последните неколку години е околу 25 степени на денот на трката, а добро се знае дека идеална темп за маратон е некаде 6-10 степени. Слободна процена е дека луѓето на Скопски се далеку од своето најдобро време и до +10,15% поспоро време. Април и мај колкушто знам нема трки во регионот, освен белграски маратон кој е обично средина на април и поради тоа и на сегашниот датум Србите и не доаѓаат баш на Скопски. 2-3 недели е недоволно време за 2 маратоски или полумаратонски трки. Нејсе еднаш дури им пишав на организаторите ама џабе.
 
Сите се согласуваме дека би било подобро да се премести неколку недели порано, но проблемот е што на светскиот календар на маратони, секој маратон си има зафатено одреден викенд. Скопскиот меѓу последните влетал во комбинација и си го зафатил овој викенд, бидејќи сите други поидеални биле веќе зафатени. Секако нас не ни менува ова ништо, ама им менува на кенијците и на сите други странски учесници, а во интерес на целата манифестација е да има добра конкуренција и да има странски натпреварувачи, со цел да привлече што поголемо внимание, а секако и учесници на светско ниво. Не се гледа само на балканско ниво кога има закажано трки.

И верувај има луди глави на балканот, што трчаат маратон и полу трки еден после друг ден, а не па за две три недели одмор, дури и премногу одмор им е дваесет дена без полумаратон или маратон. За рекреативци може да е малку, ама обично тие што доаѓаат од странство на Скопски, се колку толку со тркачко искуство и имаат солидна бројка на тренинзи, не се како нашиве што прво трчање во живот им е полумаратон на скопски, така да две три недели одмор меѓу две трки не им е никаков проблем.
 
Последно уредено:
Најбоље е да го преместат на есен. Во октомври би го истрчал 20 минути побрзо.
 
Момци и девојки ова е брутално.
Дарио Ивановски втор на Балканското сениорско првенство во сала на 3000м во Истанбул, со резултат од 8 03 65.
Првиот е на само две секунди разлика, а третиот е дебели 11 секунди назад...
Дечкото гази и доминира во секоја дисциплина, и гордо ја претставува Македонија пред светот каде и да оди, наклон до под!

52436995_10215936947770790_499986329862406144_o.jpg
 
10 секунди поправка на рекорд на ваква дистанца стварно е нешто. Секоја чест!
Не знам зошто клубот ја тргна објавата.
Голем талент е дечково, браво!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom