Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
"До кај 100че" е ок? Не, фала.

Покрај кеј е најголема концентрација на цигани (цигани, не роми) шо горат разноразни кабли, гајби, шишиња...дури летно време почнав да избегавам и да одам на Водно почесто.

@FilipMKD007 мислам дека тоа што мислиш дека е загадување е мирисот од гниењето на лисјата и нема многу врска со она што е доле. И магла кога има, редовно границата е некаде 50-100 висински метри под изохипсата на асфалтот кон Пантелејмон. Глупо е што може да те заредат коли баш додека трчаш и од нив да фатиш издувни.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Седете мирни, кога трчаш бронхиолите се отворени и директ гадинките се лепат на белите дробови. Дупло пострашно е така.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
201
Поени од реакции
387
Јас на трака се префрлив после празниците, ама многу е досадно мме :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
@Almeida нормално не е интензитетот ист, ама се чувствува. Мерна станица на средно Водно нема, па не би знаел да кажам дали се пм десет или не, еве да ти верувам дека не се пм, но се осеќа и таму некое гребење и зашеметеност после трчање.

Јас кога трчав на трака, си пуштав клипчиња некои со слушалки и го поставував телефонот, или во подобрите теретани имате траки со јутуб апликација во нив вградена и на екранот си пуштате нешто, така да се заборавите и да ви помине време, иначе само со гледање другите како вежбаат или гледање низ прозор чавки се полудува. Порано имав прочитано дека трчањето на трака се користело како казна за затворениците некаде пред многу години.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Јас во животот само еднаш имам посакано да си купам таблет, за да имам у што да гледам додека трчам на трака (додека работев на брод) :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.633
Поени од реакции
5.354
Јас во животот само еднаш имам посакано да си купам таблет, за да имам у што да гледам додека трчам на трака (додека работев на брод) :)
Купи си цела палуба и трчај бе таблет ќе купувал :)
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
dojdete vo Veles, pocist e vozduhot barem x2 vo odnos na Skopje. Na samo 1,5km od centarot na gradot e izlezot od gradot i bukvalno recisi nema zagaduvanje. Edinstven problem e sto nema kade da se trca koga e temno.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
dojdete vo Veles, pocist e vozduhot barem x2 vo odnos na Skopje. Na samo 1,5km od centarot na gradot e izlezot od gradot i bukvalno recisi nema zagaduvanje. Edinstven problem e sto nema kade da se trca koga e temno.
Освен во паркот кај стадионот, каде на друго место во Велес може да се прават тренинзи?
За најчисто според мојата анализа од поголемите градови убедливо е Штип. Баш ноќта тука во Скопје кога Карпош и Ѓорче беа по осумсто пм10, Штип лабаво си имаше 13. Константно провев има низ градот, ветре што дува и секогаш е најмалку загаден и добро е за тренинг на тоа новата патека што ја направија покрај Брегалница.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
во Велес има 5 опции, прва и најдобра е на градскиот стадион каде има олимписка патека со тартан кој патем е во доста лоша состојба ама сепак врши работа, а и влезот е слободен. Таа патека е доста попрепорачлива од останатите бетонски патеки. Втора е паркот како што и спомена 1км/круг, трета е преку излезот од Велес кон Гевгелија преку стариот пат (личи на пример како стариот пат од Ск-Катланово), некаде 6-7км во еден правец. Четврта варијанта е правецот Велес-Башино село, непрепорачлива варијанта, има мн. камиони и останато, а се трча на самиот раб на патот. И петта опција е трчање околу Велешко езеро, еден круг рамно 5км. Опција 3-5 се погодни кога има загадување, опција 1 е најпогодна за колена/зглобови.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Дечки немојте да трчате на патеката на кеј овие неколку дена, патеката е речиси целосно замрзната и нема нитуедна линија макар и од пола метар која е исчистена и би било безбедно да се трча по неа, згора на се цела е со оставени замрзнати стапки, на кои може да се свитка зглобот. До толку е замрзнато што едно стотина метри не можев да најдам некоја површина само за да ставам безбедно нога при свртување наназад, бидејќи ако смениш движење и нагло се свртиш нема шанси да не се лизнеш, целата тежина ти е во ногата со која се одбиваш во спротивниот правец а таа нога е на лизгава подлога. Евентуално ептен лесно да се трча, ама и тогаш е лизгаво и небезбедно, значи точак возење или трчање на патеката на кеј гледајте да избегнете овие неколку дена, дур не се стопи снегот или пак за чудо да се исчисти дека гледам со багер еден нешто прават кај кајакарите, па може ќе си речат ај успут да исчистиме. Со загадување беше добро вчера завчера, ама гледам еве пак стотка се крена кај 4 часот денес поручек така да и тоа беше изгледа само дур падне снегот и ветрето.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Вчера цел град на Водно, милина беше по пат нагоре, чист воздух и супер за рекреација.
20190127_112724.jpg

Денес си викам, ај ќе биде добро за трчање, кога тоа...

Screenshot_20190128-104415_Chrome.jpg
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Јебига, едноставно немаме доволно време за асална припрема за маратонот во Мај. До Март месец воздухот е канцер, не ни помислувам на кеј да излезам до Март. Претходна година двапати трчав во Февруари, после тоа со саати плукав црн шлајм и реков дека веќе не излегувам да трчам додека не е воздухот нормален, едноставно не вреди влогот. Башка што сум астматичар 20 и кусур години. Јебига ако нема услови тоа е, нема асална припрема за трката во Мај.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Јебига, едноставно немаме доволно време за асална припрема за маратонот во Мај. До Март месец воздухот е канцер, не ни помислувам на кеј да излезам до Март. Претходна година двапати трчав во Февруари, после тоа со саати плукав црн шлајм и реков дека веќе не излегувам да трчам додека не е воздухот нормален, едноставно не вреди влогот. Башка што сум астматичар 20 и кусур години. Јебига ако нема услови тоа е, нема асална припрема за трката во Мај.
Во право си, но имаш две опции ако сериозно сакаш да атакуваш на некој резултат
-трчај декември, јануари и февруари на трака во теретана и прави должини само, а кога ќе можеш на кеј прави и должини, но и интервали
-трчај континуирано цела година, со што падот нема да ти е толку голем за зимскиот период, па нема да ти дојде апла спремање од мртва точка, туку ќе му дојде како брзо враќање на формата. За еден месец се враќа изгубена форма, секако ако тие 3 месеци во зимно време се внимавало колку толку со исхрана и килажа

Не е идеално, ама ако се има време и желба може добро да се подготвиш.
П.с. Еве деновиве не е загадено, ветре дувка во Скопје, сигурен сум дека нема да имаш пак мака. Се надевам нема да урочам па од утре пак пм10 да е 357
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
327
Мислам дека ако се има желба дека може да се подготвиш, јас почнав со програма од Ноември, до сега ми се погодија 5-6 дена загаден воздух во овие 3 месеци, имав некоја среќа, ама 90% од времето кога требаше да трчам беше чист воздухот.

Кога беше загадено бегав на водно, така 4 пати трчав на нерези-средно, еднаш и трим патеката ко будала :) 21км.
2 Пати и на кеј со загаден воздух од 100 до 150 пм10, не плукав шлајмови ама не се осеќав баш прекрасно, најверјатно и од самото тоа што знаев дека е загадено па не беше кеифско трчањето.

Секако и добра и досадна опција е трака.

Добра алтернатива за задржување на кондицијата е пливањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom