Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво друштво, почнав пред 2 недели да трчам, втората недела почна да ме боли десното колено.
По разговор со доктор и еден колега кој исто трча ми препорачаа одмор барем 4-5 дена и еден од следниве препарати, па чисто да споделам.

CH Alpha
http://www.libertas.mk/ch-alpha-regeneratsija-na-rskavichno-tkivo-tetiva-ligamenti-i-meniskus/

Oва го имало во аптеки, ми го препорача докторот.

Глукозамин, препорачано од колега, што веќе го поминал истото.
http://premiumsport.mk/product/glucosamine-chondroitin-msm/

Јас земав глукозамин, пошо беше поефтин :) а и колегава веќе го имал користено.
Мене ми помогна.

Поздрав
 
Зошто маратонот не го ставаат на есен, да имаш цело лето да се спремаш?
 
Зошто маратонот не го ставаат на есен, да имаш цело лето да се спремаш?
Добра работа што е во мај е тоа што можеш одма да си искористиш ваучерот од Wizz Air, бидејќи голем дел го искористуваат токму за одење некаде на одмор во јуни,јули,август. А и што знам, некако поубаво ми е да се спремам овие месеци март, април, отколку за време на лето, спарно време, комарци, многу луѓе, ограничен дел од денот кога што можеш да трчаш (7-8)... Е сега најверојатно главната причина е во организацијата, бидејќи е меѓународен и Кенијците сигурно имаат некаков распоред на секој 4 недели да трчаат маратон, или не знам како си планираат. Можеби септември е повеќе натрупан со маратони, отколку што е мај.
 
Па и сега е за нигде, ем загадено, ем ладно.
 
Па и сега е за нигде, ем загадено, ем ладно.
Мислам дека Скопскиот маратон е во официјалниот календар за маратони во годината, па вајда сме меѓу последните што можеле да бираат кога да се одржува :) И да, за жал во последните 5-6 еве 8 недели пред трката воздухот е асален за трчање... до март е канцер :mad:
 
Друшто, препорака за гелови или нешо слично што би бркало работа.
Во PolleoSport има еден вид само колку што успеав да видам, други места има што продаваат нешто слично?
 
Друшто, препорака за гелови или нешо слично што би бркало работа.
Во PolleoSport има еден вид само колку што успеав да видам, други места има што продаваат нешто слично?
У сити мол има горе кај спортвижн измеѓу кај шо продаваат протеини, изотоници има и гелови. Поефтини се од полео али ги немам пробано 120 денари се, во полео 160. Колку шо памтам различни се, али гинеммам пробано овие од сити мол.
Да знаев ќе си земев од Љубљана едно 50-60 по 80-90 центи беа тие денови на штандовите на маратонот
 
Дарио Ивановски не претставуваше на светското првенство во Бирмингем и успеа да постави за него личен рекорд на 1500 метри и тоа 3 минути и 51 секунда. Како што разбрав за пола секунда му избегало најдоброто македонско време некогаш поставено на 1500 метри. Дарио ги трча сите дисциплини од 1500 метри до полумаратон, и е најголема надеж за македонската атлетика во годините што следат. Браво !

28471178_2087582981253655_5358080068885511699_n.jpg

Одете у Најк Аутлет у Аеродром
Најк Пегасус 33 имате за 2200 денари
Најк Лунар Глајд 8 за 2400
Само за трчање патиките им се намалени или имаат некој попуст на цела роба?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom