Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Шо вика времето за утре драги тркачи?
Облека?
 
Шо вика времето за утре драги тркачи?
Облека?
Нема да има врнежи, нема да има силен ветер, нема да е спарно, идеално ќе е за трчање. Земете тренерки/шушкаец/хеланки/дуксер за пред трка дека може да ви е свежо, за време на трка и после неа, таман ќе ви е со кратки и нагоре и надоле. 14-15 степени со сонце ќе биде за време на трката
 
само кратки, лани се заебав по тренерки доле и никад више, топ е температурата за по кратки
 
Бунда и лисица околу врат...
Види какво е времево деновиве чоече, нема ваљда рукавици и зимска капа да ти требаат. Денеска беше 25, најдобра температура за било што.
 
Ке има ли кај да се остават ствари за време на трка ?
 
Немам појма како било на скопскиот. Значи може да се земе ранец.
На скопскиот се што имаш го ставаш во ќеса што ќе ти ја дадат тие, ти даваат таг, нешто слично како куфер на аеродром и ставаат во шатор. Потоа си ја земаш ќесата :)
 
Бунда и лисица околу врат...
Види какво е времево деновиве чоече, нема ваљда рукавици и зимска капа да ти требаат. Денеска беше 25, најдобра температура за било што.
Во колку било 25?
Денес поручек беше дури и жешко.
Иначе последниве неколку денови е доста ладно наутро, накај 10 почнува да се затоплува.
 
Во колку било 25?
Денес поручек беше дури и жешко.
Иначе последниве неколку денови е доста ладно наутро, накај 10 почнува да се затоплува.
Па во 10 не е -10. Со трчање се загреваш максимално и премногу облека може да те преиспоти и дехидрира додатно.
 
Во колку било 25?
Денес поручек беше дури и жешко.
Иначе последниве неколку денови е доста ладно наутро, накај 10 почнува да се затоплува.
Јас трчав неделава вечер кај 23:00, ладно е додека не почнеш да трчаш, за 15 минути се правиш утоп.
 
Анон како ли ќе се справи со смрзнатините од тркава?
:unsure:
 
Абе луѓе не ќе да беше ова 10км а? Последниов километар некако многу брзо ми дојде :pos: а и Runtastic ми вика 9,63

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Анон како ли ќе се справи со смрзнатините од тркава?
:unsure:
Идеално беше времево, по кратки бев горе-долу, не замарај :D
Шлајмот ми еба мамата, болен бев со гнојна ангина една недела и... не се дише, многу сјебано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom